Ама тоа е друго, поентата ми е кога ги имаш парите во рака не треба да ги трошиш на коцка, треба малку со главата да размислиш што ќе правиш со тие пари. А тој што дошол до степен да нема пари да плати болничко лекување, па става имот под хипотеки тоа е сосема друго.
И не знам дали знаете ама за да освоиш онолку пари на коцка, како главниот лик во серијата, треба прво да имаш доста да вложиш(а тој дефинитивно немаше толку пари). Пошо во реалноста оние кои се коцкаат со 50 ден, еве и 1000ка ретко кога добиваат толку многу пари. Пак ќе кажам, серијава малку бега од реалноста.
Има дупки, нелогичности. Ама па сите серии, филмови мора малце да бидат благо "филмувани" за да бидат поинтересни за гледање, да се дешава некоја приказна.
Да да јасно тоа. Ама еве конкретно за серијава сите ја поврзуваат со реалноста, си викаат што би направиле да се на местото на ликовите. А според мене, во реалниот свет малку поинакви се работите. Еве на пример за LCDP никој не си вика ехх да бев сега на местото од Токио што ќе направев. Никој не ја смета LCDP за серија која има врска со реалноста, за разлика од оваа која сите ја поврзуваат со реалноста, а всушност е далеку од неа.
Па има дел од реалноста во неа, секако е фиктивна серија и не може да е се ниту реално, не би требало тогаш да прават серија ако сите ликови рационално делуваат и не заглавуваат во толку големи долгови. Е сега, реалноста е дека има луѓе кои се заглавени во овакви долгови, на дното на општествените маргини, отфрлени од сите и само уште што не си ја ставиле јамката на вратот. Ги има и кај нас, не дека ги нема. И некогаш, овие личности се во таква ситуација затоа што не делувале рационално, паметно, други затоа што биле алчни за повеќе пари, трети поради пороци... Воглавно, повеќето од нив се во таа ситуација затоа што самите се довеле во таа ситуација, но затоа што и општеството ги ставило во ситуација за да се доведат во таква ситуација. Пр. Девојката од С.Кореја немаше друг избор и мораше да краде и да врши криминали за да преживее наместо Ј.Кореа да ја интегрира во општеството. Али исто така каде му каснеа плата со месеци и семејството му беше на раб на гладување. И не беше само Али во таква ситуација, туку цела фабрика. Колку има кај нас такви луѓе кои работат за 250 евра и тие не им ги исплаќаат додека газдите купуваат нови џипови? Паметниот комшија направил грешка со вложување на парите на берза, или на што и да беше... Лоша инвестиција која го донесе до банкрот, презадолженост која не можеше да ја врати ни за 2 живота. Проба и да се самоубие затоа што беше во безизлез. Нашиот главен лик од друга страна исто живееше цел живот на маргините на општеството. Кога без работа, кога предавајќи се на пороците за коцка како можност да собере пари побрзо и да ги врати. Имаше и пропаднат брак, немаше пари на детето да му купи поклон, да плати алиментација. Мајка му, болна, немаше здравствено осигурување затоа што државата беше ги избришала од такви бенифиции. Исто, човек во безумие кој не знае што да прави во животот, кој го тепаат на секој чекор и му се закануваат со смрт поради тоа што е во долгови. Воглавно, мотивот во серијата беше дека овие луѓе се најдени на дното од општеството не затоа што тие сакале да се најдат таму, туку затоа што општеството не им дало еднаква шанса како другите кои се сега на врвот на пирамидата. Затоа што, исто тие што се на врвот, како газдата на Али на пример, се наоѓаат таму газејќи врз грбот на оваквите луѓе. И единствено што сакаа е да им дадат последна шанса каде сите ќе имаат еднаква можност да излезат од ситуацијата која ќе излезат. И, тоа ја прави донекаде реална серијата затоа што беше критика за капитализмот каде што богатите стануваат пребогати, а сиромашните пресиромашни. Првите им е толку досадно во животот што не наоѓаат веќе среќа во ништо затоа што се задоволени со се, додека животот на вторите е толку безвреден што служи само за кратка забава на првите. И, за жал, дури и во една таква сурова игра, играчите имаа поголема шанса да преживеат и по фер услови, отколку што имаа во нормалниот свет, надвор. Да се долови пародијата на серијата, може да се направи една паралела од вистинскиот свет со Дубаи. Едно од најужасните места на планетата каде човечкиот живот е толку безвреден што буквално серијава изгледа мачкина кашлица за ова. Мора да се кликне на видеото, да се гледа директно на Јутјуб пошто овака има забрана за директно пуштање преку линкот.
Јас мислам дека не ни требаше да ни се допадне главниот лик . Намерно не е идеализиран и прикажан е со мани за да делува реално.
Истово сакав да го напишам хахаха.Ние сме многу поблиску до луѓево отколку што мислиме. Така и во реалниот живот, ние луѓето попрво ќе гледаме попреку бездомници зашто се бездомници а ќе идеализираме ликови со милијарди на сметка.Иако ние на вториве сме им само средства за они да станат уште побогати, како овие во серијава што се играчки за вип луѓето. Инаку, се согласувам со членката над мене, главниот ликот не е совршен, не ни треба да биде.Направил многу лоши одлуки, крадеше пари од мајка му, ама многу понереално ќе беше да беше безгрешен.Од првата сцена ми беше многу антипатичен и како се развиваше дејството ми стана многу помил, поради таа човечност што ја покажуваше на моменти, иако требаше да гледа да си го спаси животот. Спојлер Добро, и актерот не е лош, и никогаш не би му дала 48 год.
Ја почнав Squid game и само ќе кажам дека е корејска везрија на Hunger games. Ништо ново, а светот полуде по серијата. Добра е, до пола сум, ама не е нешто ново. Ај остсвам да видам на крајот што ќе се случи.
И не, не ме воодушеви серијата. Очекував барем дека девојката ќе победи или овој што умре на крај, оти реално ќе беше така. Главниот лик со ништо не покажа дека он треба да е победник, ама кога ќе размислам па и баш вакви ликови победуваат. Другар му стигна до крај оти беше паметен и знаеше дека ако не умре противикот, умира тој, а главниот лик кој е коцкар, ги троши парите на мајка му, оддеанаш стана Мајка Террза. Некако ликот ниту се промени ниту се просветли. Девојката беше единствениот реален победник, но нејзината причина и ми беше најмала. Може едноставно да се потруди да најде работа и да работи. Сакале нешто корејциве да созадат, пишав концепт на Hunger games, имале идеаја ама по мене недоволно разработена и пренесена. Не е лоша, ама не е и нешто wow како што е полуден светот по серијата.
Ја изгледав серијава и не ми се допадна.Тој што ја пишувал ко да бил на нешто. Одвратно сценарио,лоша глума и копирани елементи од други серии. Ужас!
И јас ја изгледав. Ме бендиса мене, не ми е најнајомилена серија ever како што многу луѓе се изјаснуваат, ама и те како (не)уживав дури ја гледав. Сите епизоди ми беа убави, освен финалето кое ми беше благо речено ужасно. Спојлер Колку и да сакале да ги направат фер игрите, со самото тоа што за старецот не важеа правилата се паѓа во вода. Не беше фер однапред да ја знае формата за втората игра, не беше фер да знае тактики како да преживеат со јажето, тоа па со џамлиите толку беше напорно, џабе глуметање до крај. Заради него одредена група на луѓе преживеа, што автоматски све прави нефер, али добро, не дека очекувам од тежок психопат да биде фер. Стварно не ми е јасно како некој може уште да го сака него, гледам на нет и го бранат, кој ви кур луѓе, си умре во длабока старост, во максимален комодитет а на негови раце има крв од илјадници луѓе. Исто, буквално. Сфаќам дека го "нормализираа" со тоа што не го направија совршен, ама стварно ми беше одвратен од истите причини кои ги наведе. На крај кога го акна ножот до оној "паметниот" а не му го закачи у некоја телесна шуплина беше најглупа одлука, цела сезона имаше билдап како го замразува, човекот кој му ги предаде/уби сите пријатели на крај го пушти да живее. Тој па глупиот све испоотепа, на све беше спремен за на крај да си го акне сам ножот, апсолутно ми беше out of character. Го мразев тоа препотентно копиле, сакав да цркне или некоја клетва да го фати Девојчето и Али ми беа единствени ликови во серијава кои ги толерирав, девојката ми влезе во срце, навистина убава глума, правилно покажани емоции, добра приказна и ептен ми падна мака кога видов како заврши. Али осетив дека ќе го јаде курот, кога на чекор од победа овој почна да јаде бурек јасно ми беше што ќе се случи. Се дерев на екранот немој не иди, ќе јадеш куршум и така бидна... Наивноста е најлоша човечка карактеристика, не мора да е игра со смрт и крв, како и да се вртиш во животот ќе те поебе. Тој со змијата и таа хистеричната ми беа сеоски Ромео и Јулија, баш satisfying ми беше кога паднаа двајцата, не се трпеа ни тој ни таа Знаев дека тој тиквар нема да победи, едноставно такви bullies кои немаат 2 грама мозок никогаш не успеваат во животот. Крајот ужасен, човек кој иако победи не знае ништо за тие што стојат зад маски, апсолутно неспремен, иде со алишта на аеродром одеднаш ќе иде и ќе се бори против нив иако знае дека го гледаат и дека нема да пуштат да им се открие све. Наместо некаков план, нешто што и да е, овој ко пусто говедо тргна ќе се тепа. Ужасно смислена сцена, апсолутно без никаква логика. Не сакам да прават 2 сезона, не сакам добро да заврши и сите организатори да идат у затвор или нешто да се просветлиме, нека остане еден горчлив залак како потсетник дека постои трговија со органи, силување на мртви трупови (ова ми беше најодвратното нешто у цела серија, буквално истурени мозоци не ми беа гадни колку што ми беше ова тешко да го проголтам и да го сварам), дека постојат збеснати богаташи кои како у Хостел филмот (не видов некој друг со него да го спореди, мене во тој аспект ми се исти) се изживуваат со посиромашни луѓе без да одговараат, Bohemian groove заедници каде богатите живеат максимален разврат и хедонизам... Тоа ќе постои секогаш, колку и тешко да се прифаќа тоа. Се на се, одлична е, кој може да гледа вакви работи нека ја изгледа, плс нека не прават продолжение со кое ќе ја уништат.
Втора сезона потврдена и во процес на планирање. https://www.google.com/amp/s/www.po...creator-confirms-season-2-return-seong-gi-hun Само да не ја направат 208493030202859403 сезони и да ја молзат како секоја популарна серија укакувајќи ја до крај за да лапнат повеќе пари, па spin off-и, sequel-и и останати делови... Типично за Нетфликс.
Од вчера/неќни е веста. Не знам како не налета на неа откога ја изгледа. Чудно како и никој не ја пренесе до сега. Ајде може и оваа последна ќе биде. Да се надеваме.
Мене најјак лик ми беше Али, го спаси главниот лик на почеток, а не се ни знаеја ни ништо, знаев дека ќе биде ептен емпатичен типов и стварно ќе го бива. Најјака игра ми беше со тргање на јажето.
Ја изгледав уште минатиот месец, ја пуштив првично за да ги сфатам сите оние мемиња по нет , па ме фати неколку дена хајпот и толку. Нешто као if La Casa De Papel had a child with Parasite ми е сеа останат впечатокот. Само двеве не можам да ги преболам Мислам дека со понатамошни сезони ќе ја упропастат поише и од La Casa De Papel, али ај...
Само што ја догледав фатив да пишувам тука, иначе одбегнував се што е поврзано со неа пошо не сакав спојлери. Многу поќеф ќе ми беше да останеше една одлична сезона како Чернобил, ама ете. Не сакам да и се случи истото што и на Handmaiden's tale, која ја имаше најдобрата прва сезона според мене, за втора да падне квалитетот и трета веќе да стане неподносливо лоша. Оваа сцена ми е најжална, скроз грев ме фати за девојчето, некои луѓе едноставно цел живот во тага и патење го врват, вистина е така не се случува само на филм. Цела епизода е одлична, арно што парот што беа маж и жена не ги покажаа иначе ќе протестирав!