А датум нешто нема? Тешко мислам годинава да излезе новата сезона. Белким нема да се изначекаме со години.
Прееска објавија дека втора сезона ќе има во декември 2024 година. Мислам дека ќе ги уништат со втора сезона добрите впечатоци и дека ќе биде без врска, како и на повеќето серии втората сезона. Далеку е 2024.
Излезе втора сезона овде никој збор не пиша. Ја ја почнав со гледање, до 4-та епизода сум ама не можам да дадам впечаток, уште се ми е измешано. Почетокот пред да влезе во играта ми е одличен, ама после влезот во игрите ми е meh
Ја изгледав цела сезона и крајот ме разочара. Спојлер За жал заврши со несреќен крај. Приказната е убаво склопена, со убав приказ на сите личности, но не се приврзувајте многу на другите личности, Спојлер бидејќи нема да е со хепи енд.
Јас ги изгледав тие шо се излезени. 6-7 колку беа. Мех. Големо мех. Уште ко заврши сезона 1 не гледав како би имало сезона 2. Мислам дека е ова само начин да се напрат пари на стара слава. Не се треба да има сезона 2. Во глобала ми беше толку досадна сезона 2 епизодите шо излегоја - во два дена ја гледав оти се друго ми беше поинтересно. Ама ќе дам шанса на остатокот од сезоната пред да одлучам (ако има) дали ќе продолжам со сезона 3. Не е mid season како шо ги делат сезоните? Тоето? Ова се е сезона 2? Лол, нема шанси да ја гледам сезона 3 во тој случај. 1/10 п.с. се знај дека ликојте умираат и да не се приврзваме, буквално hunger games meet battle royale meet the purge е серијата.
Mid season е, третата била снимена лани заедно со оваа, само што ги натерало да ја поделат на два дела не ми е јасно. Штом е веќе снимена, ќе излезе.
Далеку од тоа дека е лоша сезоната. Дури сметам дека е подобра од првата сезона, но крајот не беше според мој вкус. По тие работи што се случуваа, очекував да заврши со среќен крај. Но видоа дека на ГоТ добро им одеше со изненадувањата, па многу серии почнаа да ги прават со несреќен крај или со некое изненадување со главните ликови. Претпоставувам дека ќе има и трета сезона, по тоа како заврши оваа сезона. Не најдов информација за тоа дали е mid season или ќе одат директно на 3 сезона. Ако е mid season, не би требале да чекаме многу.
Епа Нетфликс експериментираат во последно со делење една сезона на две, со месец размак измеѓу, оти бинџ форматот почна да не функционира нај-нај. И како заврши сезонава дава вајб дека е mid season, а не крај на втора сезона. Ама отворив на Нетфликс и не, крај на втора сезона е, не mid season. Ги нема епизодите како шо обично ги има кога е mid season со закажана дата за остатокот од епизодите. Исто и на TVtime седи дека сезонава има 7 епизоди, не поќе. Така да големо разочарување. Сем ако ми е екстремно досадно ко ќе излези трета сезона - не планирам да ја гледам. А, дур и да снимале две сезони, не можи да ги изват наеднаш оти делбата по сезони е башка целина од приказна. Е во случајов зошто продолжват не требало да делат во посебни сезони, шо ми се потврдва дека ова e money grab. Серија шо е battle royale само модернизирана ми е нереално да има среќен крај. Можи скроз на последна епизода да има прогрес, ама измеѓу ќе има крв и смрт на добро поставени ликој, кои и често се fan favorites за сезоната. И не мислам дека GoT е "крива". Happy go lucky, особено во ваков тип серии и особено од серии шо идат од Азија, е екстремно ретко да има. It's a separate genre кај шо нема "милост". Ај ова е корејска. Јапонците се уште по брутални. Лично, јас го сакам то. Секогаш имам омилени ликој ама некогаш едноставно не треба да преживеат. За вкус на сезона сем да кажам дека за мене 1/10 не можам поќе. To each their own шо ни масира мозокот на точен начин.
Па не можат да направат до крај серија со тажен крај. Претпоставувам дека ќе се продолжи приказната и дека на крајот сепак ќе заврши со среќен крај за главниот лик. Не реков дека е лоша сезоната, само што на пример јас се приврзав со некои ликови и тажно ми беше што умреа. Нема врска жанрот тука. Тоа најмалку игра улога. Во ГоТ ако памтиш, главниот лик го убија во прва сезона, и тоа познат актер беше што веќе сите го знаевме, а останатите беа анонимуси. Можеби тоа е нова мода за сериите.