Се шо велам е, не можиш да гледаш серија кај шо малку ако згрешиш или „изгубиш“ си елиминиран (убиен) и да се надеваш дека сите 10тина луѓе кои ги претставуваат (воедно се нови ликој зошто претходните омилени, претходната сезона, се убиени, па во најмала рака можиме да видиме дека има „шема“) - бар поќето дека ќе преживеат. Ама нормално е да ти е криво пошто така се поставени ликојте за да ни е жал. Се шо велам, нереалано е да се очекува дека ќе преживеат поќето. То шо главниот протагонист преживеа прва сезона е bitter sweet, има длабочина, има приказна, има болка. Да преживеј две-три сезони со ред ќе биди ... досадно. Барем за мене. А, серии каде главен лик умира после некое време има еден тон. GoT само го уби прва сезона и то беше новитет for sure, ама далеку од то дека гледаме убивање на главни ликој за „шок фактор“. Спојлер Башка шо за смртта на Нед имам многу да кажам. Таков лик едноставно не се совпаѓа во универзумот на GoT. Можи да постои како легенда, ех каков добар чоек постоеше ама умре зошто светот е суров. И буквално то се случва со Нед. Место да ни го дат како легенда, ни го дават како жив чоек па го прат легенда. Во моментот сите бевме шокирани, ама далеку од шок фактор беше неговата смрт. Лекција беше. Во толку сив и комплексен свет, толку црно-бело добар лик - нема простор за таков. Тука ете преживеа сезона главниот лик. Па споредни ликој, ама шо се редовни - уште поќе умираат по сериите, шо би бил еквивалентот на ликојте за кои треба да ни е грижа сезонава. Ама пак, зависи шо гледаш. Нема да умрат важни ликој толку често во ситком пример, сем ако не добие некој актер отказ. Можи нема ни да умри важен лик во романтична комедија. Ама во драма каде основата е ✨убиство✨, барем за мене, нереално е да се очекува среќен крај. Па дури и да има таков „среќен“ крај, треба да е слоевит, т.е. bitter-sweet. Again, према мене. Мене би ми било досадно. Инаку знам дека не рече дека е лоша сезоната. Јас го реков то. За мене е досадна.
Мене ми го задржа вниманието. Ја изгледав во еден здив. Иако многу работи веќе се очекувани, некако те влечи да гледаш без да трепнеш. Очекував многу поразлична сезона искрено. Пример главниот лик на друг начин да се инфилтрира во играта, а не како играч. И да, чуден крај на сезона. Да се надеваме дека за многу брзо ќе излезе 3та сезона. Тоа што многу повеќе ми се допадна во сезонава, за разлика од претходната. Спојлер: Спојлер Од сам старт играчот со број 1, го следи однесувањето на 456. Сцените каде луѓето ја губат својата "човечност" само поради парите, разочарувањето на лицето на 456. Со секое наредно гласање и секоја наредна игра му докажува дека она поради кое се жртвувал да се врати во играта, не е вредно Спојлер: Спојлер 2 ако во првата сезона, акцентот беше на преживувањето, тука станува збор за нешто подлабоко, барем според мене
Ме секирате со дискусиите, се плашам да гледам. Ми се чини дека ќе биде утка и ќе се разочарам. Инаку, и мене ми нема смисла да има втора сезона зашто крајот беше скроз океј, ама ај...да се врти нешто на watchlist.
Не е толку лошо, воопшто не е лошо... за сега. Уште една епизода треба да изгледам, како што читам најверојатно ќе ме разочара, ама до сега многу ми се свиѓа. Спојлер Ако нешто научивме од овие две сезони, е дека никогаш не треба да му веруваме на 001
Ја изгледав вчера. Не го сфаќам разочарувањето, си тера серијата по истиот терк ко првата, крајот си е баш солиден, иако мислам дека трета ќе ја продолжат од кај што заврши втора, оти ова изгледаше ко измеѓу сезона. Среќа што не го романтизираат човештвото, баш си е се реално претставено кој на што е спремен, не ве разбирам сите што очекувате среќен крај од ова. Овој глупакот главен лик што е, само тој си беше и остана тапчо што по некоја случајност преживува во вакви ситуации, додека далеку поарни луѓе од него гинат. Само неговата досегашна среќа ми е романтизирање во серијава, другото си е океј. Ќе ја гледам и трета кога ќе излезе, бар последна ќе е фала богу.
Посакувам да го прочитав мислењето на Димн пред да почнам со гледање. Си потрошив добри 5 саати од животот гледајќи реприза од првата сезона. Дури сега ова е полоша верзија, бар мене не ме допре емоционално, површни ми беа односите меѓу ликовите и не знам, целата сезона ми е мех Ете во 6тата и 7мата епизода се дешаваше нешто поразлично, дејствието се мрдна од мртва точка, па кој сака може да ги гледа само нив. Барем јас мислев дека во сезонава директно ќе се оди на напад на главните, а не да се враќаат чекор назад, па за мене доволно ќе беше само тие две да ги изгледам за да се приближам до поентата на продолжувањето на серијава. Ироничното е што и самиот режисер си изјави дека баш поради пари се продолженијава, типично однесување како и ликовите во игрите Никогаш доволно пари дури и по цена на живот. А да, главниов лик го направија малку наивен, да не речам глупав. Спојлер Во оваа сезона пак се зближи со играчот 001 и не му падна чудно зошто е тоа истиот број како и во минатите игри. Мислам... треба да е со најниско IQ за да верува дека на среќа ги поминува игрите.
Оваа @theowndemon врска нема Мене ми се допадна втора сезона. Не дека ме воодушеви како првата, ама воопшто не беше лоша. Иако е истиот формат, сепак се случуваат различни работи и дејствието не е копија на тоа од првата сезона. Видовме малку и што се случува зад кулисите и кај чуварите, видовме зошто некои ликови станале толку бездушни чудовишта и повторно видовме зошто главниот лик е апсолутно себичен и врска нема со алтруизам. Се што сакаше да направи, правеше за сопстено его и себеси се убедуваше дека е за доброто на сите, а остави да умрат невини луѓе. Не е спојлер, невини луѓе умираат во серијава Да ја гледате, вреди.
Јас ја украдов од наткасната кај една шо одам шо си сме пријатели со бенефиции. Книгата се вика 365 КАМА СУТРА.
Мене прејак ми е маркетингот за втората сезона, како добра најава имаат низ државите направено врв...
Како обожавател на првата сезона на „Squid Game“, која го освежи светот на сериите со својата иновативна приказна и возбудливи моменти, втората сезона беше голема надеж. Но, за жал, ова продолжение не ги оправда очекувањата и многу повеќе разочара отколку што донесе нови квалитети. Една од најголемите слабости на втората сезона е што изгледа дека серијата загубила нешто од онаа свежа оригиналност која ја направи првата сезона толку популарна. Една од работите што ме разочараа најмногу е тоа што втората сезона во голема мера се потпира на насилство како основен елемент за возбудливост. Насилството во серијата изгледа преувеличано и понекогаш непримерно, без да носи дополнителна длабочина или смисла. Ако сте биле обожаватели на првата сезона, можеби ќе се задоволите со некои сцени и моменти, но целокупното искуство е далеку под претходниот стандарт.
Танос (T O.P.) стана популарен поради серијава. Глумел за безпари. Беше во к-поп група, ама не беше најпопуларниот член, но си го знаеја луѓето преку групата. Откако отиде во војска, луѓето заборавија на него, па мислеше дека на овој начин ќе си ја врати популарноста. Иначе да не бил главниот лик во Squid Game, немало да биде воопшто во серијата. Тој го викнал да глуми, а овој прифатил за без плата. Иначе им ги слушав песните. Топ им се.
2018 година бил затворен поради конзумирање марихуана. Пред тоа бил доста популарен ама таа случка ете го спуштила. Сега на овај начин се враќа на сцената и си ја враќа кариерата ама од режисирети и таму главните продуценти на серијава му е забрането гостување по телевизии и интервјуа за серијата баш поради тоа. Како карактер во серијата и ме нервираше, а на пати ми беше и фаца. Ете не знам како успеа еден толку главен лик да успее да замине од ВИЉУШКА.