Марјан беше даунтаун, ова е апсајтдаун комеди. Денес разбрав дека Ице од Наше Маало имал овакви клипчиња. Мене искрено, овие ми се допаднаа. Ама онака асално си се насмеав. Чим е нешто во врска со мрчење за во автобус. Хир ај ем. И онака Марјан, ко да стивна, ова ми и е по интересно. Ко што пишува по коментарите, ипак Ице е стара школа. Вие што мислите? http://www.youtube.com/watch?v=19MIzL7B_nI http://www.youtube.com/watch?v=aLcqeotFzWA
Боки мајсоторот.. Хехехе,ѕвер е бре ѕвер.. Сеа за сеа Мажи/Жени ми е фаворит,сум се пресмеала дома кога го слушав. http://www.youtube.com/watch?v=e2GQNhcDp-Q
Хаха, интересни му се клипчињава. Мислев дека ќе е досадно и веќе видено, ама занимлив е доста. Само 5 има?
* МАЖИ/ЖЕНИ (психологија), * СРЕДНОШКОЛЦИ / SREDNOSKOLCI, * Фејсбук / Facebook, * Автобуси / Buses, * Американски Филмови / American Movies. Овие се такви ко „официјални“, а сега баш ги изгледав и овие две. Баш се интересни, нешо ко мини филмче е ова првово. http://www.youtube.com/watch?v=yfKSMq-B8Ns&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=HAeXjFwqQlw&feature=plcp
Ја затвора сезоната во Џубокс... 22ч, ми кажаа дека влезот не е 150 туку 120 ден, затоа што е последен настап на Боки оваа сезона. 17ти (четврток) ЏУБОКС КАБАРЕ (Ул. Орце Николов бр.99 Дебар Маало) Резервации на 077 593 867 или 076 489 475 ова е од евентот на фб што го видов http://www.facebook.com/events/426429517381704/?ref=ts - овде пишува за што се ќе збори на настапот
Нееее ... Не емитира никој, му прави конкуренција и тоа има потенцијал. Се надевам дека во иднина ќе искочат повеќе комичари во Мк.
Прочитај едно интервју од човеков и ќе видиш колку бил пред Марјан и Никола со идејата за клиповите, ама се повредил пред да почне со снимање... како и да е, МИЉОН вакви клипови има на ју туб и сите се емитираат меѓу себе??? Одговорот е едноставен - ти се свиѓа хуморов или не. Го разбираш хуморот или не. Толку. Треба да се развие видео блогерството во Македонија. Не само да мрчиме кој шо праи, и дали го видел од овој или оној. Сигурно Боки не ги видел клиповиве од некој од македонија. Као што изглеа, дека ти прв пат си видела клип во ваква форма пред 2 месеца.
Мене не ми личи како да имитира некој. Баш ми е по интересен. Конкертно, за Марјан, едно време ми беше супер, ама после по малце почна да го тупи. Цело време за изронатата во фацата, или само 2-3 смешни сцени, во цело видео. Сепак не дојдов тука да зборам за него, да не го тупам и јас. Кога сме кај Ице, мене баш ми е интересен, со самите фаци што ги прави, и едвај чекам ново видео.
Еве го новото видео. На моменти, баш и не ми праеше мерак. Многу се дереше. Ама на моменти и успеа да ме насмее. http://www.youtube.com/watch?v=40iASR9f_ww
Надежен комичар. Добар е, не велам не но има уште многу пат пред него за да биде добар стенд ап комичар.