Ама во последно време овај Марјанов е без осет, навистина. Не сфаќа дека некого може да навреди бе? Последново до некаде е смешно, ама претера, за малите луѓе. Отпрво убаво си почна, ама последниве неколку се.. own:
Мене ми се допаѓаше во почетокот, бидејќи беше оригинален и не копираше никого. Човеков, навистина убаво си започна.....АМА, почна многу да го тупи со Леон и Леонарда Некако се тематиката му се врти околу богатиот и разгален Леон, кој искрено ќе беше поспецифичен ако си останеше како лик во само една епизода (според мене). Не сум го гледала во живо, ама можеби ќе отидам на некоја Стенд ап
^ Уште во првите видеа го копираше Пабло Франциско (со гласот на the preview guy), тоа му беше апла украдено. Сега со навредиве ко да пробува да прави заебанции во стилот на Карлос Мансија, ама за разлика од неговата публика, нашава лесно се лути. Мислев ќе се подобри, ама ништо. Дали три - четири смешни моменти му начекав во сите клипови заедно, ама не ми остави добар впечаток.
Уште не е `уходан` човеков. Ама ќе биде. Што има да се налути некој за вистината? Реално си зборува човеков. Некаде каде и јас сум се пронашла си се смеам.
girl.23, не реков дека не ја зборува вистината, ама според мене претера малку со малите (кепеци). Тој да е здрав и жив, ја кажува вистината во новово клипче, ама сепак.. Ако ме сфаќаш Секој со различно мислење. Мене тоа не ми се допадна. А и јас си се смеам во многу работи сум се пронашла, ама не знам, ова некако...
Ниту мене последните не ми беа многу смешни. Со исклучок на некои моменти. Од ова за ноќните излегувања, веројатно најдобро осмислен дел му беше тој со клаберите, т.е. несфатените, т.е. хипстерите. Арт!
Икс ипсилон and 17 other friend posted ноќен живот ... лајк комент Последново видео допрело до многууууу луѓе И првите ги постираа, ама дефинитивно за ова има најмногу галама
не ми се свиѓаат сите, ама ова последното за ноќниот живот е стварно јако и вистинито. и кој е овој Леон што стално го спомнува?
Е аман па Марјан веќе висок што е... Чудо големо, сам си се изремети значи. Арно ми е последново, за разлика од претходните неколку, отупе малце. Ова боцна малку повеќе, цел ѕид ми е со видеово.
Јас и го пуштив денес на мама Куќна слава, малку да се пронајде во улогата на Мара. Малку е како потресена за претстојната слава, не знае главата кај и е, па малку да ја насмеам Инаку новово не е толку лошо, поинтересно ми беше од последните неколку.
Овој дел ми е ептен јак. Леон мамичка да не пиеше пиво? Не бе ништо немам пиено, мама Хухни мамичка! Хух Леон мамичка извај го прстот од устето и хухни пак! Хух Ко ќе дојдиш Леон мамичка ќе те проверам пак Е се изнасмеав за сите пари