Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Stand Up Comedy with Marjan Gjorgievski

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од thelittle17, 24 октомври 2011.

  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Леле девојки, ве обожавам. Мислев дека само ја сум изродот што не можам едно цело такво да му изгледам...
    И не ја отварав темава до денес, за да не се нервирам со истите муабети другариве што ми ги прават...
    Ама добро е уф, не сум сама...
    Дислајк за стенд ап комеди... Не само овој!!!
     
    На faye, spellbound и Offspring им се допаѓа ова.
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Кога видов дека после мене пишале дека не го сакаат и неможат створов да го смислат и јас истото го помислив, уф добро е што не сум сама. И стварно не сум хејтер, барем во врска со овој, ама органски неможам да го сварам, појавата негова |( Ми се превртува во желудникот секогаш некој кога ќе го спомне, и мислам дека вакви емоции не ми се буделе за ниедна друга јавна личност. |(
     
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^ Нешто слично размислуваме...
    Сепак кај мене, Драган Вучиќ го држи убедливо првото место :D

    Нека си се тргне поштено дечково од Стенд Ап комедии и нека биде глумец... Подобро за него.

    Башка сите почнаа да користат негови фори... :doh:
     
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    За човечево дознав од постот на Росонерка само не знам во која тема беше, она клипче за навивачите....искрено се искинав од смеење :D :D , неможев да се смирам..... колку ми беше смешно, ама сепак вистинито.
    Потоа ја открив и темава, го најдов човеков на ју туб и сите видеа ги изгледав....смешни ми беа посебно за комшиите и свадбарското, и глупи луѓе-делот со- :D Зореее дојди да ми земеш мокраќа и со Леон-плишано мече.

    Сепак последниве-манекенки, куќни слави последново со излегувањата, повеќе му се навредливи отколку смешни, не ми се допаѓаат и на ниту една реченица не се насмеав, дури вртев очи. Вреѓеш човече, вреѓаш :!: , не си интересен |(
    Ако продолжи вака да вреѓа, нема далеку да стигне, ќе си ги изгуби гледачите.

    Би сакала да го гледам во живо, баш ме интересира како се снаоѓа пред жива публика, без монтажи и аксесоари. :?:
     
    На rossonerka и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.654
    Допаѓања:
    22.365
    Пол:
    Женски
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%91%D0% ... 0%BB%D0%B5

    Tипов умрел на 28.11 (2001) а последново видео е објавено на 28.11.

    Инаку и јас мислам дека ја претера. На почеток беше океј. Супер ми беа: Студенти, Богати Луѓе и ТВ Серии, ама ја премина секоја граница. На американци ваква комедија им е забавна, ама нашава публика не е баш имуна на вреѓање.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Гледајте што најдов на еден фб профил :D

    Хумор до умор (или до кога Марјан ќе ме малтретират???)


    Пред некое време се појави новиот пастир во државава. За разлика од Св. Павле кој ја посетил Македонија (мислам три пати), овај другиов живејт во нејзе. Се викат Марјан. И сите сте слушнале за него, немат тука шо. После Исус, Калиопи и онај педерон коментатор Зоран Цветаноски, Марјан е најозборуваната личност за месец октомври и ноември. Кој стигна го стаде на фејсбук и кој стигна ми кажвеше за него.

    И еднаш си реков ќе го пуштам да видам шо се крена толкава прашина... Пуштив некој клип шо тогаш му беше актуелен... мислам се викаше Клише муабети и од ко го изгледав мислев дека добив сифилис од хуморон. Толку катастрофални финти во петто одделение знам имаме кажвено, ние петки шо имавме на свидителствата. Кликнав дислајк на видеото и напишав коментар "koj se smee na ova be?".

    Добив одговори од типот - ој еби си мајката, се смејме ние најпаметниве, ој мафни се... а у.

    Не е битно, не ни се навредив.



    После гледав друг клип, се викаше Зошто сум сингл. И шо беше шегава еј... - сингл сум зато шо сум невработен. И публиката паѓат од смеење. Кој хумор е овај бе? Ова болит, не е смешно, ама ич. Тие шо се смееле во публиката на ваква шега не знает во која држава живејме ало? Кој се смејт на ваков хумор. Најголем душман да ми е некој ова шега немат да му ја кажам. Смртен непријател да ми е, гроб да ми копат и за интер да навиват ваква шега немат да му кажам. Греота ќе е. Ич осет да се немало. Му коментирав пак "koj se smee na ova be?" и едно 4-5 души ме отераја у курац. Аку. Така и ми требит ко се замарам со работи шо не ги сакам.

    Ама секој чоек по некогаш имат моменти ко ќе сакат да погледнит нешо лошо. Па така и јас. Порано Јофе кутрион ко се бламираше на А1 го гледав колку да се осетам и јас лошо. Да влезам во негова кожа и да видам како му е. Сум гледал и Новара - Чезена скоро цело полувреме за да се осетам онака... лошо.



    Ден по ден, ко шо излегвеа новите клипој на Марјан и му растеше популарноста, јас веќе престанав да се дружам со љуѓе. Се затворив дома и не излегвев нигде. Зедов да гледам серии и да не се дружам само за некој да не ми го спомнит Марјан и да не ми кажит шеги од негојне клипој. И после почнаја родендени, визити, слави.... ме поканвет другари дома им, да се почастиме нешо. Секогаш ги прашвев дал имет интернет за да знам шо да прам. "Имам и интернет да", "Епа брат нејдам, еби се, ќе ми го пуштиш Марјан". "Не бе брат жими се поминат ми е лимитов".

    Одвај ќе ме убедеше некој да излезам од дома. Ни кафето Кадмо не беше вкусно тие деној. А Богами ни животот. Седев и се прашвев себе си како дозволив некој таков да влезит во мојов живот. Ко се појави Марјан со онаја одвратна фаца и кој стигна го стави на фејсбук, јас застанав, се фокусирав со цело тело и со малиот дел од мозокот кој го имам само за да го мразам. Застанав пред компјутер и ја гледав онаја негова лигава фаца само за да ја мразам.

    Се осеќав, ко шо би рекол нашиот драг градоначалник, ко пусто гојдо. Ко лајно на дожд. Ко џуптин во зелени тренерки од Бразил. Баш таков. Сетете се во моментов на некој џуптин со многу гел на коса, со цвикери за сонце и зелени тренерки од Бразил. Или адидас тренерки, ама пак - зелени. Ево можит и љиљакови, сличен курац.



    Кога после два три клипа го пишав истиот коментар, на 4тиот клип кој му излезе му кликнав дислајк и пишав "R.I.P. dobar humoru (2000 BC - 2011 AD.)". И коментарот не можеше да биде прикажан. Зошто? Зато шо постирачот на видеата, тој што ги постира сите негови видеа ме банирал. Ми пишеше дека мојот јузер не можел веќе да коментират на видео стаено од него. Нека се ебит в дуп. Бев изреволтиран. Последно таков бев во четврта година онаја по логика ко ми пиша четврка на тромесечие. На сите им стаде петки и на крај мене и уш некој ни опна четврки. "Ти четврка ќе имаш", "Е зш професорке", "За да немет сите петки".

    Како бе сите шо пишеле дека Марјан е цар, ѕвер, фраер е во ред, а јас кога сум пишал дека не ми се свиѓат неговиот хумор, сум избришан и БАНИРАН?

    Јас колку шо знам, чоек за да прајт нешто отпрво требит да се соочит и со негативните критики. Изгледа на овај нашиов "феномен" не му се свиѓало.



    1 (под број еден) во едно интервју за страната факултети.мк, го прашаја Марјан што со негативните коментари и тој одговори "Па то се луѓе шо љубоморет".

    Кој љубоморит бе ало? Во кој филм си влезен? Ако некој не ми се свиѓат значит дека му љубоморам? Значит му љубоморам и на Бонера шо е толку "јак" фудбалер? Да хејташ некого константно не значит дека му љубомориш, то значит дека нема попаметна работа во животот.

    Ко јас шо немам и го пишам ова, за некогаш ко ќе стигнит до Марјан да го прочитат и да ми кажит зш сум избришан ако прашав кој се смејт на негојте клипој.



    2 (под број два) мнозинство од коментарите спрема мене беа во смисла "се пронајде во клипојте зато не го сакаш?"

    Море јас на мојве 20 години ако стигнав да се пронајдам во некој стенд ап хумор со седење, ќе одам да наполнам едно тенџере со вода и да се удам во него.

    Марјан заборават една многу битна работа - дека не е битно кои работи ги кажал, туку битно е КАКО ги кажал.

    Марјан искористил прилики од реалниот живот, кажвел за како навивале љуѓето... како се понашале ко ќе излезеле навечер... какви им биле соседите... Епа драг мој Марјан, реалноста не е она шо е смешно. Реалноста сама по себе е болна, напната, трагична. Ама да ја прикажиш на некој поинаков начин истата ситуација и да земиш еден концепт и приказна која ќе имат некаква насока, тогаш ќе бидиш смешен. Замислете ја реченицата "Џими сношти изгледа 2 филма со ред". Ова да го кажит Марјан ќе си речет луѓево Браво еј се пронајдов во ова. Се пронајде и ти? Леле да брат, и јас гледам филмој вака по ред одма... ЛЕЛЕЕЕ Марјан ѕвер е еј, браво.

    ^ Е ова е реална ситуација од секојдневниот живот и напротив, ама ич не е смешна. Суров а е, имат некоја остра болка ко шо болит ко ќе го удриш од стол најмалиот прст од ногата баш ко ќе е ладен.



    3 (под број три) зошто сме пцуеле на све шо е наше? Македонци сме биле, некој синдром сме имале на закоравени неандерталци без осет да ценат нешто наше. Не фала, и Величе Шумуликоски е Македонец ама ко ќе не го биват не го биват...

    Кога популарноста го удри по гла на нашиов месија, почна да снимат клипчиња на секој три дена. Диши малку море, оди излези на воздух, клецни нешо, земи изиграј фудбал, доста сејш дома и мислиш сценарија за новите клипој. Од толку трудење за набрзина да се напрајт нешто, Марјан си создават контра ефект. Во ред е да стајш нешто еднаш неделно, 3-4 пати месечно, ама секој трет ден, шо е многу многу е... И Милан да играт секој трет ден досадно ќе станит, а не пак да го гледам овај како ми го постира кој стигна. Од страници.. од ова од она... уште на билборд шо не е стаен.

    Све си имат осет, па така јас доживотно се заситив со потребата да гледам нешто лошо.

    Веќе го изгледав најочајното нешто од Македонија. Светско, а Марјан.



    И за крај, јас сепак толку го почитувам чоеков шо не му мисљам нишо лошо. Сакам сите да му се насмеет на шегите шо ги кажвит во некој кафич и сите да му аплаудирет. Не сакам некој да го чекат да излезит и да му опнит шамар ради шо е толку глуп.

    Ама сакам тој некој да го посрамотит. Ко ќе имат стенд ап настапи по Велес, Штип... таму се најголемите педери, да го соберит некој, да го погалит и да му го опнит еднаш од назад. Едно благо силување, чисто од принцип...

    За после другар му шо му ги монтират клипојте ко ќе му речит "Марјан ај бе да снимиме нов клип", Марјан да се замислит малку и да одговорит "Ам брааат... не знам јас.... сега ќе одам да се туширам..... после Џокович играт... тениис ќе гледам.... неможам денесс....."



    Не, ко ќе почниш да прајш работи на 28 години, тогаш влегвиш во филм и то е то... Кузнајт низ шо имат поминато чоеков во животот чим имат ваков хумор развиено. Трагедија.



    Хумор до умор...
     
    На innablood, TeddyGrey и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  7. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    ^
    Е од вакви искомплексирани и болни створења, ниту еден човек од кај нас не може во ништо да успее.
    За к*р не ги бива, буквално за ништо, ај што не ги бива за ништо па и не се ни трудат нипто да постигнат, само јадат го*на за сите, и чекаат нешто од небо да им падне.
    И некој ке го послужи среќа, ке успее нешто да направи од ништо, и вака ке му јадат лајна и кего туркаат
    Ако не му се допаѓал кој к*р го гледа бе? Што такво имаат да се замараат ако не им се допаѓа?
    Игнор и чао... Исфрустрирана и искомплексирана младина, која повеќе знае за завист од искрено да поддржи некој кој сам успеал се.
    Па и состави пишал цели...
    Срамота бре...
    И кој се има навредено од видеата негови, ликови од типот на овој погоре со составов, до толку е закоравен што не знае што е добра заебанција, или има интелегенција во минус влезена, и никогаш не видел по светот кој хумор е најценет. Има различни варијанти на хумор на некој ни се смешни на некој не, ама да се навредиш треба да си тотално избеган :fubar:
     
    На Rozich, Srekicka и SOVRSENSTVO им се допаѓа ова.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Значи не ми се верува колку омраза има во текстот. :x Искрено ова е загрижувачко. И мене некои личности ми се одвратни, антипатични ме иритираат ама ова ги преминува сите граници.
    Ќе го издвојам делот каде што дотичниот кој го пишел текстот вели дека седнал да ги гледа видеата само за да ја гледа неговата одвратна фаца и уште повеќе да го мрази. :^) Мислам, болно !! :^) :x
     
    На Rozich, pink4ever, Look и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Е арно де, не може па ни секој да го сака.
    Ееее, збореа луѓе на времето, го плукаа Тоше џоа педер бил, а од коа загина редовно на неговиот роденден и денот кога загина си лупаа линкови од него као демек многу повредени, нема да го прежалат. Зборот ми беше, џим за Тоше имаше секакви бош муабети, го спомнав него како за најдоброто што некогаш Македонија го имала, па не за Марјан да се појават вакви муабети.

    Сепак во сржта на нас Македончето, во последниве неколку години ни е да плукнеме по се што е наше и добро, еве фатете на Youtube да пишете нешто што некој прави, пее, игра или било што. Толку песимистички и расипано се луѓево настроени кон нешто што е наше, а дојде некој од страна, нивниот Бог просветлител: „Аууууу нема подобро од ова, ти што знаеш, ништо не знаеш!“.

    Едно е да збориш дека не ти се допаѓаат видеата на Марјан, а сосема друго и болно е да ги навредуваш тие што го гледаат, се смеат со неговите клипови, и се пронаоѓаат во неговите муабети.
    На крај краева, сите изгледале барем едно видео со него, така да: „Караванот ќе пројде, а кучињата пак ќе си лаат!“. И ако трубачиве кои немаат попаметна работа освен да плукаат на се што е живо и мрда на ова парче земја, и не излегуваат од нивниот црн совршен свет, нека направат бре нешто во животот, за кое вреди да се погледне, и да се каже дека е подобар од овој другиов.

    Самобендисаност и злоба на кило.
     
  10. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Освен некој малку хард кор клетви (како тоа да го начекаат педери), јас не видов ништо болно во текстов. За тие што не го сакаат, текстов си е на место. Факт е дека Марјан го напна со клипови на секој трети ден, факт е дека во дефицит на „добри“ заебанции почна да вреѓа.

    Мене на пример, поболно ми е тоа што за девојка го користи терминот „свиња“. Крајно некултурно и одвратно, особено за некој што мисли дека ќе успее во стенд ап. Треба да си ги приспособи заебанциите на наше поднебје, а не сме баш народ што лесно сфаќа шеги на сопствена сметка.

    И јас се исфрустрирав од тоа што ја избриша мојата критика на едно негово видео на јутуб, а коментарот ми беше само „Ова воопшто не ми беше смешно“. Од љубомора сигурно не сум го кажала. Ако веќе гради имиџ на комичар, треба и те како да прифаќа негативна критика, зошто сепак е публицитет. Ама ова со бришењево негативни коментари само пробува да создаде илузија дека баш секој во Македонија го сака, а не е така.
     
    На drugarka, Sparks, faye и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ми варираа мислењата и сваќањата за човеков.
    на почетокот бев |( и не го гледав.
    тоа последното за ноќен живот ептен ме бендиса и викам ај уште да видам. и кога почнав... сите му ги изгледав :rofl:
    не мислам дека глуми лудило, напротив, си има муда да каже што мисли.
    баш дава реална слика на мк општество.
    :up: од мене.
     
  12. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Леле се запрепастив. :o

    Не дека сум којзнае колкав фан на Марјан,но за ова да го напишеш навистина треба да имаш болен ум.
    Добро ако не ти е интересен едноставно не го гледај бе човек,ама не преувеличувај како на сите страни бил Марјан и тој кутриот дома се затворил,не можел да подизлезе. :x
    Особено за последниот дел,да ти идат такви мисли да го напишеш треба да си навистина за лекување. :puke:
    Што држи ова мало парче земја,тоа е страшна работа.
    Каде отиде осетот на некои луѓе?!
    Морници ме полазаа, најсериозно. :|
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.261
    Допаѓања:
    157.588
    А јас цело време мислев дека е фората да се создаде илузија на оваа грутка...уживаме во илузии и евтини трикови...Евтини трикови,крадени фори, лажни нешта, вреѓања кои се адресирани само и само на туѓа сметка,тогаш се реални,а кога се на наша,ау...ми завидува,ау ненормален,ау што и е на оваа?!
    Ај бе па вие,најголемите мразачи на Марјан сте се збрале. Шо сака нека прави!

    Мене ми е смешно што,прво сите беа као ок,им беше смешно,па после сите сфатија што е стенд ап,па за оние со повеќе среќа што знаат англиски,изгледаа 20тина клипови од докажани стенд ап комичари,се едуцираа на википедија и станаа критичари. Ма дај човече! Марјан за наше поднебје е добар,го направи истото како и повеќето што го прават,не успеа да задржи некое ниво и тоа е тоа.

    Го гледав на почетокот,сега не ми е ... што знам,не ми се гледа едноставно.Сега посмешни ми се оние кои се обидуваат да ги убедат останатите како изгледа вистински стенд ап настап. Ме радува тоа што воопшто нешто почна да се случува. Кога луѓево не сакаат да одат во театар или во кино (и не мислам на Турист со Џоли),бар нека ...одат на нешто вакво. Боље е од Јелена Карлеуша или Елена Велевска,иако по некоја логика на категоризирање на нештата,по критериум на светски стандарди би припаднал во некоја ваква група.
    Сашко Коцев мене ми е смешен,знае да забега,ама таков ми е бе,смешен.Ми има некоја рафинираност до одреден степен.
    Текстов не го прочитав,зошто ме мрзи.
     
    На princessofthedark, Divinebutterfly и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Типот не сака никој да навреди, а тоа што некои луѓе тука не го разбираат неговиот хумор тоа е нивни проблем :^)
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    ЦцЦц не ми се верува колку искомплексиран народ сме :x Значи кај нас никој ама баш никој несмее во нешто да се пробиее, не смее успее во нешто и тоа што е најтрагичко да успее сам! Никој ништо не прави, не постигнува освен што седи дома кука, шири негативна енергија и јаде го**а за некој што во нешто е успешен!

    Го поштувам и го ценам Маријан не за друго сам си успеа, сам си се проби си направи две-три клипчиња, си ги пушти на youtube си постигна страшна гледаност за многу, многу краток период понуди нешто ново на овој народ. Се си постигна сам без да го буткаат мама и тато!

    Еден од ретките реалисти во нашата земја, колку само добар склоб на реалноста на денешницата со добра доза на иронија и сето тоа проследено со хумор!

    Али је*и га тоа е македончето - Да даде Бог да цркне козата на комшијата! Ако мене за ништо не ме бива и никој друг не го бива!

    Браво Марјан само продолжи :bow: :bow:
     
    На si.exs и pupi.girl им се допаѓа ова.
  16. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски
    Смешен е, ама не до толку колку што го форсираат. ( според мене )
    Искрено, дали на две - три видеа, онака се насмеав.
    На другите, само се ѕверев во монитор и не ми беа воопшто смешни.

    Потполно се согласувам.
    Не ја сфаќам поентата во секое видео да ги навредува манекенките, ниските луѓе, девојките и слично.
    Прифаќам да се шегува до одредена граница, но ова е веќе претерано. :^)

    За горенаведениот текст од фејсбук профил, немам коментар.
    Треба навистина да си болен за да пишуваш цели реферати затоа што мразиш некого.
    Жално. |(
     
  17. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Текстот не е во ред. Ниту Марјан ниту било кој не ве тера на сила да го гледате, постои опција игнор за оние кои не го поднесуваат. Факт е дека енормно му порасна славата и не се може против тоа но до толку тупење дека му е досаден и дека го мрази е, да не речам болно! Многу се изреволтирал еден 20 годишен фетус дека му го избришал коментарот. Јао јао јао, многу хард кор текст брат :o . И како прво тој си има завршено факултет за драмски уметности и тоа што прави видеа му е на некој начин струка. И пак ке кажам текстот е многу непотребен, ако некому не му се допага нека не стиснува плеј. :) Мене на пример ми е многу океј типчето, на смеа на шала, си ја кажува вистината. Кога сум со даун расположење само пуштам рандом клип и се е океј :D П.с. што толку се буни овој фетусов дека му го избришале коментарот и го банирале кога на некој начин му направиле услуга, нели не сакаше да го гледа.. ? :wasntme:
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе не ги навредува тој кажува како што е зошто денес конкретно во БТ секоја втора си мисли дека е манекенка и упорно оди на некои кастинзи и сл, а тоа со ниските луѓе не е навреда туку кажува дека луѓето за пари макар и 100 ден ќе пуштат секој и секаков во кафичот :) :)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Од една страна, и тој е искомплексиран. Навредува богати луѓе, као сите богати се глупи :^) Као сите згодни девојки (барем јас манекенки така го сфатив) се глупи. Нели е тоа на некој начин фрустрација, се фрустрира пошто он не е богат, па таквите ги нарекува секако? Или пак се фрустрира дека никад немал згодна женска, па исто вади муабети за таквите? Или пак можеби неговите навреди не се болни, дека тој е признат, или пак можеби неговите фрустрации ве смеат, додека по нечии други фрлате камења.
    На крајот од краиштата, од каде знаете кој го напишал текстот, па за да тврдите дека тој некој е никој и ништо, па си бара внимание?
    Мене ми е Марјан глуп, и не ми е глуп ради тоа што е наш, затоа што и Сашко Коцев е наш па е едно 30 класи над овој и плус смешен ми е.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sanniii

    Sanniii Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.293
    Допаѓања:
    3.114
    Пол:
    Женски

    Не ги навредува?
    Навредување е девојче да нарекува свиња затоа што се жалела дека нема што да облече.