Напор, поголем напор е од мене лично во темава. Фрчат предрасуди као металците не се бањале, навредува келнери (да даде Господ он келнер да биде некогаш). Се исмејава на таксисти дека за 200 денари работат... Воопшто не е смешно. Сурово и неваспитано е да се потсмеваш на туѓи маки. И лично јас не верувам дека постои некој човек како оној што му го претставува Леон во видеово.
Овој Маријан во почетокот ми беше интересен , а како поминува времето ми е се по досаден . Прво ме нервира што генерализира ,сите богати се такви , манекенките се онакви а он е најдобар . Си зема за право да исмејува луѓе , мене неговиот измислен лик Леон воопшто не ми е интересен туку е чисто исмејување на болно богато дете . Или за таксисти , келнери , металци , воопшто ништо интересно и смешно не видов во тоа што некој таксист работел за 200 ден . Се гледа дека снемува идеи , па секој нареден клип си повторува едно исто : Леон , мајката на Леон , Леонарда , таа изроната во суратот , чичко Милован . Се едни исти ликови со исти муабети . Јас тоа што треба да биде интересно не го гледам никаде. Сигурно јас сум таа што има чудна смисла за хумор затоа што се повеќе луѓе околу мене се воодшевени од оваа наречи ја stand up комедија .
Да бе, изронатата во суратот, и таква имаше . А што ако некој има мислење за него дека е изронат во суратат со фаца како пред кивање? Се замислува дека е некој месија, пратен да не просветли колку сме сите ние затуцани, само тој е паметен и знае да им ги спушта на сите. Мочко. А кога му спуштаат со коментари на јутуб дека е тиње брише. Епа, брише.
Уште првиот пат кога го гледав не ми остави некој посебен впечаток па дури досаден ми беше. Дадов втора шанса пред некој ден, изгледав уште некое клипче, имаше неколку добри фори, но сепак некако веќе видени, излитени. На крај заклучив дека неговиов хумор не ми е баш на некое завидно интелектуално ниво. Не ме влече повторно да го гледам.
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 10jDNNcYo# Делот за металците ме потсети на бившиот.. исто скроз!
Ни ова не е интересно. Готово, му завршија интересните клипчиња изгледа. Spoiler колку сакаш јади го*на за металците
Подобро извесен период да направи пауза со снимање на нови се додека вистински не добие инспирација за нешто ново и интересно! Ова последново е ептен катастрофа ама ич не ми се допадна. За разлика од првите секое ново е се полошо и полошо! Најаки ми се ‘‘Кафана‘‘, ‘‘ТВ серии‘‘, ‘‘Комшии‘‘ и ‘‘Студенти‘‘ во нив буквално секој ќе препознаеше по некој па ако не и самиот да си се препознае и имаше многу помалку навреди. Ова последново како ради реда е направено! А за видеото за богати луѓе ептен е вистина како уште од прво одделение ги форсираат децата на лугето кои што се ‘‘нешто‘‘ и ептен јако ми беше тоа што ако си фатиш дечко дебел, а сиромашен тогаш тој е свиња, а ако си фатиш дебел, а полн пари е тогаш тој е плишено мече
Мислам дека се повеќе и повеќе губи идеја за што да зборува. Поготово во ова новово клипче, пола работи ги имаше повторено од старото. Која е смислата секое второ да наликува на претходното? Отворив на YouTube и пола коментари беа од типот: Досаден си брат ; Ова не беше воопшто интересно...
Тууу бре, а јас на почетокот баш се израдував на комедиите на типов пошто ми изгледаше саркастично-реалистичен. Последните неколку клипа, онака...ги изгледав без некои забележителни реакции. Овој вчера...еднаш само се насмеав онака малку и тоа не ни паметам за што. Глупо ми падна исмевањето професии. Па секој ке најде професија според степенот на образование и малку среќа. Се` додека работи и извлекува некоја пара на чесен начин - браво. Па ако одиме според тоа, и тој да завршел нешто појако ке бил сега на некоја повисока функција, а не да снима клипчиња во соба. Марјане оправај се дури не си станал ко Леон.
Секој нареден клип е се поглуп. Мислам дека многу е секоја недела по едно да излага, затоа изгледа снемал и идеи. Треба сепак поретко ако нема идеи веќе а не да исмејува зошто не е смешно Се сложувам со се што кажа Офи , се е само не смешно
Цар е човеков, ама у последно време.... Па и да има некоја смешка со исмејување не мора сите да бидат. Она за слави ми беше јако, за паничари, за нашите драги глупи луѓе, и за студенти.
Епа така е Марјане кога се префорсираше на почетокот со клип на секои 3 дена. Масата е алчна за уште и уште под притисок си да напраиш нешто посмешно, а не дека не можеш, едноставно немаш доволно инспирација. Но знам да ги пуштам „Кафана“ и „Богати луѓе“ и да се смеам цело време ко луда, зошто ДА, смешни ми се. А последниве се еден на друг налик, и дали еднаш или два пати преку сила ќе се фатам себеси како мрдам брк на штосот. Не веќе тоа што беше, па би ти препорачала и покрај настојувањето и молењето: „Ајдееееееее кога ќе биди, што напрај орееее, нели денес ќе беше тееееее, окапавме цела ноќ да го чекаме новиот клип...“, да почнеш да правиш едно месечно за да ги задржиш и тие гледачи кои останаа, и ако ништо друго, тие што останаа ќе ги полнат дискотеките кај што гостуваш. А вака ко што тргна, губам надеж дека ќе се врати хуморот кој СПОРЕД МЕНЕ го имаше во клиповите. Фала многу, и пријатно.
Се приклучувам кон групата на НЕ-обожватели на човеков. Првпат го видов кога Росоњерка го објави клипчето за навивачи, многу ми се допадна тоа, но само тоа и свадби ми е интересно, друго ништо. Искрена да бидам останав зачудена кога прочитав дека човеков е дипломиран актер. Ова ли е актер? Па јас очекувам актер да растура со вокабуларот, да знае да организира вистинско мини шоу, да има интересен хумор, а не исмевање, навреди и омаловажување. Се разбира дека хуморот го прави клипот, но ословување на човек со грд, дебел, немијан, свиња, глуп и коментирање на физички изглед како изронат во суратот (Пази го зборов) е крајно неадекватно. Исмејување на работата на келнерите, таксистите е нешто што најмногу ме налути, затоа што во нашавава држава и тоа да го работиш е многу за некој. Изгледа заборавил дека до пред некој месец тој не беше НИ тоа. Трета работа, монотонијата, Леон, Леонида, Милован, се интересни само доколку се спомнати во една конотација, а не нон стоп главна тема на видеото. Истите нешта ги кажува, само во различни клипчиња. Плус јазикот му е како да си прави мајтап со другарчињата од маалото, а не како да зборува пред цела Македонија. Малку иронија и сарказам секако дека не е на одмет, но човеков изгледа не познава граница. Јас сум гледала многу стенд ап комичари, ниту еден не бил вулгарен како овој. И сите обработувале доста тематики а не само една со различни имиња а исти ликови. Голем дислајк за човеков, не ни го гледам веќе. Не ја исполнува мојата рамка за добар актер.
На почетокот многу ми беше интересен. После ми заглупе ама ајде викам на секј му се случува. Ова последново клипче не можев ни да го догледам од што ми беше глупаво. Ги врти истите приказни, истите ликови, истите смешки. Мислам дека има потенцијал дечкото, ама ако нема идеја подобро нека направи пауза, а не вака баш ради реда само.
Ти не знаеш!!1 Марјан4е знае, он е просветителот. Признај од кога не си се избањала ајде! Мора тој да е во право бидејќи тој ја збори реалноста! Spoiler sarcasm
Се разочарав од последните видеа. Нашиот менталитет има доволно предрасуди кон различни стилови и уште овие не беа потребни.