E сега и мене веќе почна да не ми е интересен..поготово последново видео. =/ Губи инспирација ли..или што му е. Ништо ново,ништо интересно.. се веќе видено е од предходниве клипчиња. А,и како да почна активно да вреѓа
Oд сите видеа,ова ми е најглупавото,како да се преземени сите делчина од другите видеа и составени во ново видео,и се гледа дека нема веке никаква инспирација,не се секавам дали се насмеав еднаш на 17 :geek:
Ја од празник на празник се капам мори, абе да сијам во косата. Масло да течи за јајце да спржиш. Инаку, на првите клипој се смеев ко луда, ама со последниот клип ме зачуди. Уствари, го префорсираа. Јас сум за тоа ако треба и еден клип месечно да вади, ама бар да е како првите што ги правеше.
Туф, туф, се најдоа металците испонавредени. Не знам како може некој да се вреѓа, ама не ми е јасно. Го ставил на клип она што често се збори меѓу народот и тоа е. А не ми беше нешто посебно видеово, мислам дека треба да одмори малку, да присобере инспирација, инаку вака ќе отиде во неповрат.
Подосадно од претходните ... Нека излегува со нови 2 пати месечно или 1 ... така нема да здосади ... Сега за сега дечкото ми е ок ... па и Меси не дава голови секој натпревар па пак е најдобар ... сепак покрај толку смешни видеа ќе му го простиме ова помалку смешното
Aрно ќе беше само едното да не беше смешно, ами веќе на прсти се бројат кои видеа му се смешни. Некако ептен антипатичен ми станува во последно време - не е тоа што беше на почетокот. Или не му текнува нешто асално и прави видеа колку да помине од ред, или славата му удрила в гла'та. Spoiler повеќе сум за тоа второто.
И јас не сваќам како може да се вреѓате од тоа што го кажал. Инаку се сложувам дека последново му е катастрофа.
Имам едно прашање до верните фанови. Му одите на настапи? Да видите дали е "толку смешен" во живо? Spoiler Stand Up комичар треба да се снајде во живо, покрај луѓе, да ги насмее макар и со шали на нивна сметка за истиот момент да не анализира за што се насмеал,а јас колку што слушам тој не бил толку спретен во настапите во живо,па која е поентата да се нарекува така.. Мене лично воопшто не ми е смешен, дури и последниот клип не го догледав.. Не ме нервира тој, ме нервира тоа што ако не ти се допаѓа сите викаат љубоморни, се пронаоѓаат... Глупости. Нит се пронаоѓам, нит му љубоморам,а верувам дека и тој е случај со другите што исто така не го сакаат.
Си најде начин да се прослави , да го гледаме , да го критукуваме и фалиме ... Исто како и во животот , некој ве сака повеќе , некој помалку, некој ич . Го почитувам секој што заработува на поштен начин.
Ми беа интересни „Богати луѓе“, „Свадби“ и уште неколку кога се смеев со душа. Сега се вади на старите финти, на Леон, Милован, прави глупи имитации и вади глупи гласови. Кога тогаш ќе стане досаден. Предлог темата да се преименува во Stand Up Comedy за да можеме да споделуваме видеа и од други стенд ап комичари, не е ваљда само Марјан.
И поназад имам пишано, ако имате желба отворете нова тема за стенд ап комедијата, не мора сега да се мешаат темите, ниту има причина за тоа. Ама по толку време изгледа никој нема желба за тоа, па излишно би било и оваа да се преименува.
Подруго ќе беше да излегуваа видеава еднаш месечно на пример. Се испука набрзина и сега не знае веќе што да каже, а очигледно сака уште да зборува Меѓу првите стварно имаше некои што на моменти беа интересни, но ова последново е веќе стварно далеку од смешно. Не дека навредува, кажува реални работи ама работата е дека се веќе видени и чуени и се далеку од смешни. Сега виде го гледаат , слушаат и си мисли на стара слава ќе пројдат и овие ама тешко. Мене не ми е баш за актер, многу здрвен е и неприродно изгледа понекогаш тоа што го претставува. Најинтересно ми е што како да збори според некоа мелодија, како во забавиште песнички како што кажувавме танана тана тананана.. и се истото.. Како и да е боље ишта него ништа, ваквата стенд ап комеди беше стран поим за нашево општество па како и да е треба да се поздрави трудот за да се направи нешто ново и поразлично. И ние сме за ќотек мрчиме ништо нема, кога некој ќе се обиде да направи нешто го исмеваме. Се надевам ќе соберат храброст и други личности за ова, па конкуренцијата сама по себе ќе ги издови најдобрите. Доколку би ме прашувале мене подобро да одмори некое време, можеби ќе добие инспирација за нешто добро да направи. Вака мислам дека нема многу простор и време па сака одеднаш да издава добри видеа, што тешко кому му успева..