Таман мислев дека ќе се испоразочарам уште толку, ама еве ме демантираше. Супер видео, конечно малце смеа за тема што секој викенд владее околу над нас, зад нас, пред нас. Се изнасмеав. Ама „Нели ти е срам“ е новиот хит откриен пред скоро. Само што сакав да пуштам линк какви бедни ликови има естрадава, го избришале. НЕ ЗНАТЕ што пропуштате, изврсно музичко дело. Моцарт би се превртил во гроб, кога би го слушнал маестралното дело на непознатиот автор.
Pateticen u smisla deka toa e toa site znaat sto ali, go smeniv mislenjeto se iznasmeav vcera no, toa kaj mene ne znaci deka bi se smeela UVEK
Добро е, со ова видео се извади малку Со "Манекенки", "Ноќен живот" и "Стил" ме разочара, ама со ова убаво си се изнасмеав
Во саботата бев на стенд ап комедија со Марјан и се испосмејав, ама место во 10 почна во 11 и 30 и само пола час седев. Вака на видеата изгледа како да е многу крупен човек, а во живо е спротивно. И мене "Манекенки", "Ноќен живот" и "Стил" неми беа интересни, ама новото е добро, а и видеата се подолги и подолги ги прави.
Искрено, човеков го сметам за катастрофално живо суштество на мајката природа. Многу ми е некако сељак. Гледав неколку видеа и воопшто е ми беа смешни и ниту малку интересни. Сепак, секој со својот вкус. Иако, секоја му чест што успеал да се пробие и да постигне нешто.
Лелеле.... Човеков ме смее до солзи... Омилен лик: Изронатата во суратот Не дека не ги сакам Леон Мамичка, Леонарда, Чичко Милован, Бодле...Ама кога ќе се појави гореспоменатата паѓам од столче
Изронатата во суратот ми е најака! Како нинтендо во суратот ... http://www.youtube.com/watch?v=-aRtWH9_CFE
Во почетокот ми беше интересен, ама во последно време губам интерес.. Некако почна досаден да ми станува, можеби заради тоа што често вади ново видео, па нема доволно инспирација..не знам..
Hовово видео дефенитивно му е подобро од Cтил,се изнасмеав,посебно кога кажува за женските пијаници Cрцка мојата песна мwa
Колку го сакам само чоеков Секогаш знае да ме насмее.Срце тоа Иначе омилено видео дефинитивно ми е "Богати луѓе".А воопшто не ми се допаѓаа тоа "Mанекенки".
Мене па не ми е ништо посебно дечково. Мислам ок точно е се што кажува, ама сите тие муабети и ние знаеме у друштво да си ги кажеме на зезање. Не е ништо ново. Малку ми е интересно тоа за кафаните нешто беше и за студентите, ама само малку...инаку, не ми е смешен воопшто.
Интересен бил или не, репликите му се заразни. Со Сестра ми веќе почнавме со Дечкооооо, зошто бегаш дечкооооо!!!!! да се поздравуваме И се именуваме со мајсторче, па после се смееме до миле волје.
Паралелно со Марјан излезе и Никола,охриѓанецот.Мене лично Никола ми е досаден..видеата му се по 5/6 минути,ама ги гледам со неколку паузи и не ми привлекува внимание.Освен што има добра глума,друго ништо. Е сега Марјан..искака,на се што можеше да се искака и не гледам некоја причина за замерување.Било за рапери,металци,богати..тоа е поентата.Да се видат нештата од некој друг агол,а плус се многу соодветни на секојдневиево. Инаку, во најбед деновите Марјан ме смееше.И уште се смеам за Ноќен живот,Стил и Богати луѓе. Моментот со музиката кога газдата раскажува виц (Маааја,Маааја) е pricelеss.