Па, не му е лошо последното видео, за разлика од претходните..Ама сепак, имаше и подобри на почетокот ..Или па, мене веќе ми здосади, па не ми е тоа што беше..
Се согласувам со Glow ,првите видеа му беа поинтересни ,некако последниве океј се ама не се нешто многу интересни ...како и да е не е тоа што беше на почетокот .
ЈАс мислам во ова видео можел многу работу поинаку да ги каже, а и има уште еден куп работи кои можел да ги спомне ... Па и малку повесел да беше, или нешто слично. Некако исцрпен ми делува и како монотоно да си го кажувал ради реда клипов, ко да чита од некое екранче. Се насмеав само во еден дел, кога рече леле бе блокира мрежата ... па човечееее
Јас се насмеав. Па изронатата во суратот ни честиташе Нова година. Плус, хитот Милионерче, Ранко Рангелов, кифлиња (леле зборов како го изговара и по дома почнавме така да си ги викаме, со меко н) ... Сепак, на моменти ми делуваше разочаран и помалку уморен и тажен. Арен си е Мацко, нека му е Среќна Новата година и нему.
Мене последново видео и не ми е ништо посебно, не ме насмевна ич. За пијаниците мибеше мооогу поинтересно.
Мислам дека малку го дигнаа човекот, малку повеќе де, па мисли дека веќе за сигурно ја освоил публиката и може да прави какви сака видеа. Дефинитивно првите му беа поинтересни, поопширни теми имаше а сега, манекенки ( ај те молам шо има да зборуваш 10мин за манекенките и да ги држиш гледачите будни ) Стил (колку нешто да се зборува, на г*зот ми е за нечиј стил кој како сака нека си се облекува и сметам дека тука нема ништо интересно да се прави видео) Ова денешното малку е подобро за разлика од неколкуте претходни. Кога отворив денес фб на почетна цел екран ми беше исполент со вести од интернет сајтовите „Марјан со ново видео ја освојува публиката“, „Конечно излезе најновото видео од Марјан“ „Се пронајдовте ли во најновото видео на Марјан?“ I mean come ooon Океј добар е човекот, го бива со клипчињата ама до толку па после 5мин од објавувањето на видеото сите портали да пишуваат за Неговото Најново Видео.... Е тоа неможам да го сфатам...
Се согласувам дека премногу го форсираат. И плус ќе дополнам дека моиве фејсбук пријатели со душа чекаат да излезе ново видео од него и во истата минута го објавуваат.. Мислам, аман, 90 проценти од линковите што ги имаат луѓево објавено денес е видеово..
Добаро е оваа видео само пак има делови што болат.На пример тоа демек двајца заљубени славаат сами ново година бидејки немаат друштво.Тие што ке се пронајдат не верувам дека ке им биде интересно.Само глупо е бидејки не е така кај сите...
Само кај Пеце старото, старото, старото, старото, старото. Јесте, да, го форсираат, ама јак е бе. Дечкоооо! Сакаш да се дружимеее?
Според мене ова е едно од најдосадните клипчиња. Интересно ми е само од 7:31 до крајот. Умри бе, умри.
Од последново најинтересен дел ми е само последниот со изронатата и тоа Умри бе умри. Дечкоооооооо Среќна Нова година!!!
Мене не ми се допаѓа ова видео. Последниве неколку што ги направил не ми се воопшто смешни.. Освен она со пијаниците! Се повеќе и повеќе ми заликува на сељак, кој се издигнал над масата сељаци во Македонијава и решил да го прикаже коефициентот на глупавост на народот на хумористичен начин. Се тоа што го набројува сме ние, само сме свесни дека не исмејува, или сме? Сигурно во секое видео сте се пронашле барем во една набројана карактеристика на пијаници, комшии и уште триста ситници на кои се мочкаме од смеење.
последново е убаво и смешно али со оваа женската мислам дека малку ја претера веке не е толку интересна
Некако последниве видеа скоро и да не му се смешни.Ни последново,ни `Пијаници`,ни тоа пред него. Претходните му беа далеку,далеку подобри. Не е тоа што беше.