Ме потсети на делов и пак се изнасмеав. Па и за тоа за паровите во право е, за некои де. Нема што да бли вистината. Добар е, добар е.
Некако префорсиран е! Видеото уште не погледнато како што треба 90% го споделиле на фб! И она на неговата фан пејџ „кога 18ка?“ „ајде ново видео.“ инт. Последново ми се допадна, интересно е! Најјак ми е моментот кога Ранко Рангелов ја емитира Васка Илиева...земјо македонска.. И Дечкоооо, среќна нова година!
Ме разочара делумно со последново видео. Не ми е измислувач на топла вода, но далеку ми е од лош. Има способност да насмее илјадници луѓе, а тоа не е мала дарба. Умее убаво да ја спакува реалноста. Убаво да ја прикаже и да ја плесне во уште поголем број на фаци. И тоа е талент. Никна од никаде, стана предмет на тема секаде. Во рекордно време. Е тоа ми е за почит, иако треба уште многу, многу труд и напорна работа за да се усоврши. Океј ми е, дај Боже да остане вака приземен засекогаш. Ни требаат вакви луѓе, да го убијат црнилото и да стават бесплатно насмевки на лицата на луѓево. Доста се песимисти и луѓе несфатени од општеството..
Вечерва ќе е Струга и ќе одам Ќе видам дали ќе кажи едно исто од минатиот настап или нешто ново ќе каже
Па 80% од работите што ги кажува беа исти... Па ако сте биле еднаш на негов настап, не си трошете пари за уште еднаш. А всушност незнам ни зошто одам повеќе на тој човек... Значи сите околу мене запаѓаат од смеење, се маваат од маса итн а јас се смеам ама онака смирено... Ми се чини дека ако покажи прст, сите ке замалат од смеење.
Многу е реален и директен! Факт е. Дефинитивно ни требаше некој ваков да не "размрда" малку. И за да може пола Македонија да се препознае во неговите видеа. Тоа ДЕЧКООООО хит стана
Како за комичар на наше поднебје не е лош, барем во однос на тоа што имам слушнато до сега. На почетокот ми се виде интересен ама имам впечаток дека наместо да ескалира он ги врти истите неколку муабети повторно и повторно. Не е толку лош за да се плука по него ама искрено не гледам што е толку за трескање од земја, лично мене не ми е толку смешен. Кога збори ептен е како да раскажува народни приказни, треба да се раздвжи да живне малце, а не како претепан на столчено.... Голем обожавател сум на Carlos Mencia, Murphy, Carlin... да не ги набројувам, треба да ги земе во предвид и да поработи малце, секако ако сака да биде поуспешен и да ја задржи "публиката"
Нема појак од нашиот битолчанец Маријан....прејак му го обожавам сарказмот,а најјаки ми се оние скриенти мајтапи шо ги прај во клипчињата посебно во она шо е Нокни клубови....некој можи од другите градој не можат да сфатат,оти колку шо знам јас никаде на пример келенрите не се толку уфилмани колку во битола,и стварно се мислат дека имаат нуклеарна фабрика.и сите иамт 12годишни женски Ем си излезини и ем пари си вадат ххахахахах ова е типичен келнерски муабет,и јако е сите келенри нешто ајфони имат хахахаххаха А женските се посебна приказна со панделките,има многу уфилмани ама вервам дека секаде има во секој град а онакви како изронатата во суратот има многу мањачки секаде запечена да ги е**т ДЕЧКОООО СРЕКНА НОВА ГОДИНА!!!!!!ахахаххаха
Мене последново воопшто не ми беше смешно. Може е до мене, не сум расположена во периодов, али факт е дека претходните му беа подобри Мене највише смешни ми беа за Манекенките и за ТВ сериите
Највероватно нигде се нема паднато..ние во Битола вртиме мазник за Bасилица на 13ти Он топик и мене ми фали да ме насмее.Некои клипчиња му се баш смешни а некои ги гледам онака со покер фејс..се надевам наредното дека ќе е од тие смешните.