На неговата фан страница на facebook пишуваше дека кога ќе се стопеле снеговите ќе имало ново видео Ама Марјан е стварно супер!!!Супер му се видеата,и ликовите(изронатата во суратот)!Секоја чест за неговиот смисол за хумор,сарказам Го гледав и во живо,кога беше во Havana.Од смеење ме болеше устата и стомакот Настан кој не се заборава.Стварно беше супер!!!
Не сеуште нема, да поминале прво празниците. Ако барем нека биде квалитетно видото, а не како што имаше неколку промашувања како ради редум да ги правел
Marjan Gjorgievski FAN PAGE Брат брата не рани, тешко тој шо има брат педер. Е ова ме пречека на фб сабајлево, СРАМОТА, млад и современ дечко да каже вакво нешто. Искрено, мислев дека сме ја надраснале хомофобијата во Македонија но за жал не е така.
Сите му ги имам изгледано, кај и да е треба и ново да излезе. Добар е стварно, знае да не насмее и преку хумор ја прикажува реалноста. Фаворити: ноќен живот, манекенки, куќни слави, утринска програма, тв серии, лаги, студенти, глупи луѓе и така... сите се добри, ама секако има разлика не се сите толку интересни А за тоа дека е предиректен, да, е, не знам колку е тоа добро но во некои клипчиња преку исмејувањето како да приметувам дури и таква нервоза како презир и предрасуди кон одредена група луѓе пр. во Богати луѓе еве нека биде. Не ми се допаѓа што скоро во сите клипчиња настапува со некој мрчаторски тон.
Голема работа ако пишал таков статус. На денешниот ден секој има невкусна шега на сметка на хомосексуалците и што, демек хомофоби сме ууууу апокалипса, нешто страшно. Актерите пак, посебно имаат слобода и честопати знаат да тропнат некоја шега поврзана со нив, па не се сфаќа толку трагично и сериозно. Еве пр. денес во Универзална Сашо Тасевски има stand up comedy специјално за денов на геј популација, во најавата збори ко демек: „пазете во овие ладни денови да не ви го оп*е некој од позади“. И што? Мислам дај оладете, претерувате со барање на влакно во јајце.
Чекај малце ако разбирам добро во оваа тема немам право да искажам свое мислење??? Значи како што велиш секој има право да каже невкусна шега а јас немам право да дадам критика? А јас пак мислев дека за тоа постои форумот. И не, не барам влакно во јајце на оваа тема сум пишувала и позитивни работи, едноставно разочарана сум од статусот затоа што воопшто не е смешен, напротив. Ако ти уживаш во исмејување на хомосексуалците јас навистина не сметам дека животот би ми бил тежок доколу брат ми е хомосексуалец.
Никој не ти забрани да кажеш критика, ниту пак ти го спомнав брат ти и направив споредба на статусот со тоа што ти замисли дека брат ти е геј. Пак ќе кажам, милион актери јавно искажале хомофобија па не дека светот се срушил или моралните вредности опаднале ради нечив статус или мислење. Брееее голема работа ако пишал Марјан Ѓоргиевски статус за геј-луѓето. Нити е некој којзнае каков човек па да му цитирам статус овде, и да се чудам како можел да го напише. Толку. Како што ти имаш мислење, имам и јас. Судирот на различни мислења не значи дека некој ти брани да напишеш критика. И да ти бранел, ти пак ја напиша, па ништо не ти се случи. Форум е, така?
Добро е да се бориме против хомофобијата,ама не можеме никому да замериме ако е хомофоб.Едно време ги сметаа за латентни хомосексуалци,но не се согласувам воопшто,преповршен е заклучокот и генерален. Иако,тврдам дека никогаш нема да изумрат шегите за хомосексуалците. Епа подобро да има шеги, него ли да ги убиваат и дискриминираат. Некои работи се многу подлабоки отколку едноставно прифаќање и отфрлање. Зошто баш на Маријан му замери?! Денес сите се шегуваат за овој ден,иако веќе се помалку се зборува за денов. Хомофобичноста не е стереотип кој може да се отфрли така лесно,а да бидеме реални,дотичниов не го пишал ради тоа,туку ради шеговитост. Мислам дека на форумов има и многу покруцијални теми на кои не е коментирано,отколку Маријан и хомофобијата. Има тема,повелете таму ќе продолжиме да зборуваме за оваа проблематика.
Шо го снема човеков? Да не му се случи нешто? Од кога нема ново видео веќе, ехеее... Да не знае некој кога ќе има? Иначе многу ми е интересен. И се што кажува е вистина. Баш таков е македонскиот менталитет и тој успева на некој хумористичен и шеговит начин да го прикаже тоа. Алал да му е на човекот!
Marjan Gjorgievski FAN PAGE НА 12 ФЕВРУАРИ ЈА ИМАТЕ ПРЕД ВАС НОВАТА ЕПИЗОДА! ( а на 20 ти имате изненадување... само треба да се истрај во едно вакво шашаво време ) Unlike · · Share · Yesterday at 8:48pm ·
Дечкото е едноставно супер..Многу е реален и зема примери од реалниот свет.Значи со еден збор човекот е ТОП.Немам лош коментар за него.Едноставно знае како да ве насмее на оние ситуации кои што секојдневно ги доживувате а не обрнувате никакво влијани е на нив.Го чекам неговото следно видео