Кате, Кате Даниелааа.....Кате, Кате Даниелаааа Е браво се изнасмеав Ама и делот со Тркало на среќата е многууу смешен.... Вредеше да чекаме
Е нешто ова последново видео најмалку ме насмеа. Не сум хејтер на Марјан никако( иако околу мене ги слушам многу) од предходните паѓав од смеење а ова некако....чудно и досадничко...
Марјанчо е ѕверка! Браво за дечкото, се утепувам од смеење на клиповиве, ги научив на памет од гледање по 100 пати хихииихих
Марјан Ѓоргиевски во 18 часот станува султан Битолчанецот кој со својот хумор ги освои широките маси и собра бројни обожаватели со своите видеа и стенд-ап настапи, подготви ново изненадување. Тој со видео го најавува големото шоу кое ќе биде презентирано на фејсбук страницата за обожаватели на Марјан Ѓоргиевски денеска во 18 часот. -Официјалното знаме и тугра на Султан Факир Трети Велики! Покорете се поданици, клекнете пред Великиот! - стои во пораката на фејсбук страницата за обожаватели на стенд-ап комичарот, на која е објавена и фотографија од знамето. Какво изненадување овој пат подготвил актерот од Битола ќе почекаме да видиме до 18 часот. Видеото е најава за тоа што отприлика ќе може да очекуваме. http://www.plusinfo.mk/vest/35090/Marja ... ltan-VIDEO
Како само е искрен и реален чоекот И плус ме бендисва то шо си збора на битолски акцент и секогаш можи да ме насмеј
Ништо посебно видеово, на моменти и бесмислено. Па и со некоја стара фора како Пеце старото пробал да се извади.
На почетокот ми беше интересен со Навивачи посебно,ама последните видеа му се тешка катастрофа (според мене). Сум ѕирнала на youtube некои американски stand up комичари,па мислам можи и тој да разгледа малку онака чисто да земи пример.Сепак ова е да речам ново кај нас се надевам ќе ги има повеќе и ќе се надградуваат постепено. п.с Сега го гледав ова последното и мислам дека ги помешал поимите метросексуалец и faggot То шо вика...има на интернет ама кој да види