^Па и да знаеш дека нема кој да види . Зборот си е точен и Марјан баш си е он-топик, само што се збуни дали е метеро или метро..
Најтапа видео до сега. Ај што не беше смешно, туку и глупо беше. Зарем сите теми ги исцрпи, па за метросексуалците се фати.
Hи мене не ми се допадна новото,некако веке видено и досадно беше,туку имаше нешто со Cултанот,што беше тоа,смешно беше,јас зашто не го гледав?
Не знам дали е до мене ама ни на едно негово видео се немам насмеано онака стварно, од душа што се вика .Едноставно не ми е интересен ич, смислата за хумор никаква.. Сашко Коцев е измислен за овој
Со истата брзина што се стекна со популарност со истата и го снема, изгледа му недостасува креативност и мотивираност. Жив доказ е дека луѓето не треба прерано да се удараат во гради за својот успех зошто во овој случај како дошло така прошло...
кај го снема жити се порано ставаше клипче на секои 7 дена сега после месеци нема изгледа му снемале идеи имаше 2 клипчиња на кои ме насмеа ама се во суштина беше онака океј не беше нешто големо
неговите видеа и 100 пати да ги гледам пак ке се смеам како ненормална.. ама гледам дека нема ставено клип од оддамна.. нз
Извадил ново клипче, м? Имаше некои прилично глупи муабети, стари шеги, стереотипи... Смешно ми беше со интонацијата, со пискањето а и муабетот на крај со пмсто е прилично вистинит.
Кога на почетокот излезе на сцена, беше интересен, кај и да погледнеш де на фејсбук де на форумиве кружеа негови клипови. Но, тука самиот направи грешка - претера, чинам на секои 2-3 дена нов клип објавуваше. Потоа, објавуваше на секоја една недела, и наеднаш никаде го снема човеков. Така што, ова може да се поистоветува со нашата стара но добра поговорка „Секое чудо, три дена“. И сега, после толку долг временски интервал повторно се враќа во етерот со нов клип, и океј е. Но сепак, неговите први изданија се далеку подобри од ова, реално.
Го обожавам човеков! Секое видео сигурно по 10 пати му го имам изгледано.Одличен е,бидејќи сето тоа што го кажува во своите видеа е 100% за нас Македонците.