Едно ОГРОМНО браво за дечково! Браво за храброста да се појави во вакво издание преку најмасовниот медиум - интернетот, пред нашиов суров македонски менталитет, пред народ кој фаќа замерки на се и сешто, народ кој "хејта" по се што е ново и што покажува прогрес. На почетокот стравував дека нема да биде прифатен од луѓево но гледам дека му расте бројот на фанови од ден на ден се повеќе и повеќе, и баш ми е мило што е тоа така зошто тоа и го заслужува. Минатиот месец одржа stand-up комедија во мојот град. Неговите (тогаш 2-3) видеа на јутјуб ме намамија да одам и да слушнам уште некоја смешка... луѓе, не некоја... човеков буквално ме пресмеа! За тие што не биле, морам да признаам дека неговите настапи се +16 , малку повеќе имаше безобразни муабети но се на се, како за почеток беше одличен. Само напред!!!
Абе слушнав сеа нешто на 15ти има стенд ап 2 комеди со него и уше неколку комичари.. Ние друштво се спремаме да одиме, ама да не знае некој отприлика каде има карти и колку се ?
Човекот ми е закон. И не само затоа што да речам е еден од првите со ваков тип комедија, туку и го бива бре. Ми е интересен кога зборува така исфрустрирано за некои работи, се гледа дека сето тоа е негов став, што него го нервира, го засега всушност. Свака му част, тоа само. Најинтересно ми е Богати луѓе, си пронајдов неколку „другарчиња“. И кој ти знаел стварно таква песна имало . „Титни ми на мобилен ако кредит немаш ти титни од кај татко тииииииии“ - свашта. http://www.youtube.com/watch?v=IaZA7t4p ... r_embedded
Марјан е цар Го обожавам! Таков склоп на реалност, иронија и комедија му нема рамен. Секоја чест со душа го чекам новото видео што треба да излезе утре.
Преку ноќ стана многу популарен,што е заслужено дефинитивно... Омилено ми е Утринска програма.Неможам воздух да земам од од смеење кога му ги гледам видеата Браво !
Во клуб 69 ќе се одржува Балкан Станд Ап, и меѓу другите, ќе е и Марјан како специјален гостин, а од македонскиве Игор Џамбазов и Тони Михајловски Карти има во Купи карти за се`, и до вчера требаше да се 250 денари, ама пусто „системот им бил паднат, и не може да издаваат“, а од денес се 300 денари На врата ќе се 400, и ќе има ограничен број на влезници, за да било покомотно, не како минатиот пат Повелете инфо: http://www.kupikartizase.com/Events/balkan_stand_up_2
Знаете што е најголема иронија на денешно време?? - Да се викаш Леон, а да немаш пари Инаку Марјан петок 11.11.11 ќе биде во Штип во клуб Балкан со уште некој специјален гостин.
Ги гледам нон стоп видеата на Mарјан,што да кажам одличен е! Hе можам да одвојам некое видео,на секое се смеам како луда,како на батерии да сум Eдвај го дочекувам секое видео,само му проверувам на зид,е кога сте нерасположени или имате лош ден,само овие видеа гледајте ги
Сколовранецот е Никола Тодоровски...Мислам дека паралелно излегоа со Марјан, ама М повеќе се проби. Мене Никола ми е посмешен, а и многу ми смета што Маријан често си ги објаснува шегите. Не ме смее Маријан, ама кога успеал да насмее толку луѓе, браво за него. Ама Никола ми е легенда! малце оф, ама: http://www.youtube.com/watch?v=pWGKrnGDnuA
Стварно дечково нема да вади више нови видеа? Мислам стварно и претеруваше со видео на 3 дена, јес да за нас ненаситните души за без пари смеа сакаме секој ден, али веројатно не моеше да постигне се одеднаш. Само да не се дигне у облаци од популарноста. Како повеќето, нели.
Oд каде тоа дека нема да вади нови видеа веќе? Не дај боже,нека не прекинува Супер си е дечкото. Плус кој ќе ме смее