Мене видеата ми се се` поглупи и поглупи. Ако продолжи вака- не го гледам. Лесно е да дојдеш до популарност- тешко е да ја задржиш. А мислам дека тоа веќе нема инспирација. Првите видеа беа каде-каде посмешни, овие веќе не е сарказам, ова е навреда. А навредата не изгледа убаво.
И јас мислам дека славата почнува да му мава во глава. Со последново видео особено ми забегува ептен. Првите ми беа интересни зашто му беа по реални, ама сега не е тоа ТОА, ми се чини како да збори само колку да каже нешто. http://www.youtube.com/watch?v=QS67mhmaR4M
Браво за човеков , во секое видео има толку вистинити и реални работи, понекогаш и солзи ми течат од смеа
Апсолутно се согласувам. Значи дечкото е ок, добар е...ама далеку од смешен..он само ни ја раскажува реалоста се она што го знаеме ни е раскажано од друга особа....во трето лице што би се рекло...хеххехе. И нели е стенд ап комеди ( мрза ми е да мењам фонт)....така!? ЕМИ ШО ПРАЈ ТОЈ НА СТОЛ СЕДНАТ? Може да биде основач на сит даун комеди......па што е така така е. Едино алал да му е што му текна за ова на Ју туб што почна за идејата како да се пробие...затоа што самата стенд ап комеди без публика не ја бива....стенд ап комедијата е соочувањето со публиката затоа што тоа не е улога во претстава него се соочуваш дирекно со публиката и не знаеш кој како ќе реагира на шегите. Во живо го неам гледано ама е далеку од смешен само е реален и тоа што на сите ви е смешен е акцентот Битолски што е карактеристичен пошто не ги довршват зборовите нели а и имаат некои изворни изрзи што без да знае човек што значат самата фонетика им е смешна, и не треба да си стенд ап комичар....доста е да си Битолчанец и збори на битолски...затоа се смеете. Далеку е од смешен верувајте..тој е супер како актер и можеби е духовит и може ќе се подобри.... НО се знае кој е цар за ова и нормално основоположник во Македонија барем...Сашко Коцев и ЕНД ОФ ДИСКАШН. На Маријан Му посакувам успех да си постигни то што си го зацртал а верувајте на еден актер не му е сонот да стане стенд ап комичар, тоа е само почеток за да си го оствари сонот....а која улога е таа...НЕ ЗНАЕМЕ тој си знае.
Каде настапува во Битола викендов,кој ден точно ?! Да не е пак во Лектира, минатиот петок беше во Милениум
Ако е stand up comedy, незначи дека треба да е станат... Тоа само значи дека треба да зборува на одредена тема, т.е. се што му доаѓа на ум во склоп на темата.
Мене човеков ми е смешен и со го гледам со задоволство... На кому не му се свиѓа не мора да го гледа... Кратко и јасно
Талентиран е, има неверојатно добри видеа од кои се имам превртувано од смеа, ама некако забушава во последно време. Глупи луѓе и Манекенки ми беа доста досадни. Некако изгуби шмек, или пак јас свикнав на него. Богати луѓе, Лаги и видеото со навивачите ми се крај. Пред некој ден им го презентирав на моите, и пак и пак ми течат солзи од смеа.
Хаха, во неделата кога беше во Велес се згазив од смеа. Алал нека му е на човеков, па и фациве шо ги прави иначе во живо е посмешен па сеа ти види
Ехх не можам да замислам како му е на некој што се вика Леон, а не е богат, ниту глупав...и кога ќе ги види видеава на Марјан...HELL!! Инаку лудото, овој на видеово не е антиталент, овој е мултиталентиран ко што гледам ...што се не гази на Земјава
Ооо имало и ваква тема,првпат ја гледам. Пред неколку недели еден другар ми ги покажа видеава и од тогаш редовно ги следам. Така сочно сум се смеела што мислам дека ќе ми држи за подолго време. Едно гооолемо браво за дечково. Само така нека продолжи. http://www.youtube.com/watch?v=apPLQ42m ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=YmA2xo_a ... re=related
Ќе мора да се согласам дека тоа со манекенките не е нешто најнај, многу ми беше глупаво, не дека не кажува по некоја вистина, ама тоа што се претвора во "манекенка".. не го личи, грд е А ова сега, глупи луѓе.. хмм.. па не е толку лошо посебно интересно ми е со чорапите и запознавањето на дечкото со родителите Мерка за глупост.. ЕДЕН ЛЕОН
Од дечково бев фасцинирана, но во поселдно време почна да ме разочарува! Последниве две видеа се пропратени со премногу навреди и не ми се многу допаднаа.
Видеата не се толку многу со навреди колку што му се настапите. Што се вика до вчера никој незнаеше за него а сега плука по колку-толку попознати славни личности. Лоша тактика има замислено. Баш сношти ова го размислував.
Знае да ме насмее, талентиран е, ама првите видеа беа неспоредливо подобри. Ако продолжи вака ќе размислам дали да го гледам и понатаму.
Добра му е замислава и темите на видеава и има смешни моменти.. ама има нешто во него што ми е претерано антипатично и не можам да го гледам. Ама за тоа Студенти или како и да се викаше - .