Ако некоја јавна фаца не ја можам, тогаш тоа е овој. Значи не го кењам ради тоа што му љубоморам (знам дека ќе има вакви заклучоци) туку ми е многу ама многу крајно антипатично створење. Неможам да го замислам, и не ми е смешен, вештачки ми е, многу се пренамага. Не го можам Пре Слаткар би го слушала него ли да гледам видео со овој, значи толку многу не го можам, има нешто што ми одбива, уште прв пат кога го видов, со тоа адибас/адидас, како и да беше, уф, до пола и го изгасив, неможев муабетот да му го смислам, како на сила да кажува, па сецка на секое... Жаре ми е многу подобар од овој, додуша овој не ми е добар ич.
Излезе вчера ново видео? Инаку мене последниве две видеа ми се ко без душа без никаков хумор,онака како глупирање ми личи
Нема воопшто хумор во последните видеа.Се беше онака како ради реда, а беше и пропратено со навреди. Стварно што е многу е многу.
Марјан ја кажува вистината која ние луѓето тешко ја признаваме. Немам ништо против, баш е интересна комедијата Ова за ТВ серии ми е најинтересно http://www.youtube.com/watch?v=t4IWdfDedQY&feature=related
Еве ја 16ката, конечно. http://www.youtube.com/watch?v=oVLNK3QpacQ Едит: Инаку, последниве не ми се толку интересни, Глупи луѓе беше малце, со тоа кога пееше и играше, ама првите му се каде каде подобри. Најинтересни ми се Тв Серии, Навивачи, Комшии, Клише муабети и Богати луѓе. Едит 2: Го догледав ова, (спор ми е интернетот, морав да го чекам) хм, па во споредба со последниве, малце подобро е. Веќе ми е досадна таа, ,,манекенката‘‘ со забите, ама Леон никогаш не ми е досаден.
Беше некој во неделата во Миднајт да ни каже како било? Многу ме интересираше во живо каков би бил, затоа што иако ме смееше со првите неколку клипчиња, имам чуство дека не е толку спретен на сцена. Забележувам дека се сецка, не му одат толку течно мислите. Што знам. Можеби само погрешен впечаток имам.
http://www.youtube.com/watch?v=oVLNK3QpacQ Облечена три фустани,панталони, фармерки одозгора.Демек чоечее нтаков ми е стилот мене.. Не не ти е таков стилот ок? Дебела си па ги криеш салата под фустанот како дати кажам? хахахахаха Најјако!
Добро е, се врати во нормала. Ова веќе е добро видео. Малце претера со претходните две, па најверојатно после толку критики се поправи човекот. одличен е
Пирамид јас ќе ти кажам како беше во Кичево во петокот, веројатно било слично и во Скопје. Искрено јас очекував Навивачи ама го добив Манекенки, не беше тоа што го очекував за жал повеќе беше вреѓање одколку сатира ама ај рано му е се надевам ќе се подобри.
Мајсторче дај за мене едно пиво в срча и нема појке виска,виска,виска глата тапан ми ја напрај,ако сакаш ко-ка ко-ла Oва подобро е од другите две,ме насмеа важно
Видеото за глупи луѓе сега за сега ми е фаворит. Солзи ми течеа од смеење додека го гледав. Најинтересен ми е делот : -Тетка Васка колку пари ти е саламата? -Ти пиши глупа, ти пиши! -А ако земам пол кило поефтино ќе биди? -Не е поефтино, ти пиши! Колку шо е толку е. Или ја земаш или не ја земаш, глупа една!
Сега го гледав последното видео и мислам дека само еднаш се насмејав.Овој клип премногу е реален а реалноста не ми е баш смешна.Браво се што кажува му е на место :up: Spoiler Еднаш излегвааам