ја обожавам,хах малце сум голема ама интересно ми е и си имам милион кукли и нарправено имам 124124124 и-мејла пошо више на еден не ми собира хаха и секој ден си праам нова и чудно, сите ми изгледаат исто DD
Eве мои комбинации од мојата барбика на стардол. (Овде сме на забава, кога играше Македонија во ракомет и навиваме)
Извинете што пишувам пост под пост. Само сакав да прашам дали некој знае до колку поени се добиваат коси оние од старпоинтс? Овде пишува до 9500. Точно е?
Девојки, пред неколку години кога играв јас, имаше една девојка што пишуваше приказни. Една ми фати око, ја читав долго (мислам секој ден постираше по некој дел од приказната, на блог веројатно), ама не знам за што се работеше. Само знам дека во името го имаше зборчето Hoax. Би ви била бескрајно благодарна ако ја најдете приказната. П.С: Леле сега кога ги гледам кукливе на Глоси, не можам да се изначудам какви се! Пред 3-4, а можеби и повеќе години кога играв јас беа ништо спрема ова. А и алиштата, шминките .. се‘ е многу подобро. Ме изненадија, браво.
Порано многу играв, ни самата незнам колку акаунти имам Сега не играм, досадно ми е. Еве страна за бесплатни работи: http://how-to-get-free.blogspot.com/
Oх, па и ти си била на стардол! Еј Лено, јас таму почнав да пишувам, на таа страна Ех, романи, романи сме пишувале. Инаку мене можеби и ме знаете на стардол, волшебнички сум, бев и ковергрл и нешнл ковергрл, и сум била и победник и на сценаријата, и албумите, ама одамна тоа. Сум една од првите македонки на стардол! Ама да видевте само какви соби порано имав, тие редките алишта што се збираа сите ги наредив... уште стојат некаде во плакарот. За жал, немам некако време а ни желба да се заиграм..
^ А што е тоа, страна/клуб/блог? Навистина не можев да најдам ништо. Инаку јас сум Girl1Glossy, знам ќе ме познаете, ама гајле ми е.. Волшебнички па те имам посетувано јас, прекрасна си, навистина.
Глоси, искрено не се ни сеќавам. Знам пишував 3-4 приказни во клубот Твајлајт, или нешто така, ама тоа беше 2008 некаде...
Одамна ја немав играно .. сум си го заборавила пасвордот ..па затоа сеа си направив нова кукла хД http://www.stardoll.com/en/user/ аднете ме 5 левел сум бе далеко сум стигнала *Едно ме мачи овие денови бре .. како да гласам за Cover Girl .. на пример ќе отидам кај некого и сакам да дадам оцена за изгледот мм ?!
http://www.stardoll.com/en/user/?id=10312802 Девојки, после толку време вие ме инспириравте да си се вратам на странава, барем една нова соба да направам. Таа на првиот спрат малата штотуку ја завршив, не дека е нешто посебно, ама ѕирнете ја. Посебно вниманите му посветив на тоа купатилцето “во позадина’’ А колку ме биваше порано за собите, колку ми беа убави... ништо сега
Никот ми е AngeAnie611 Порано се пуштав секој ден, а сега еднаш или два пати неделно. Стигнав до 54 левел и некако ми здосади. http://www.stardoll.com/en/magazine/catwalk/ -> тука се гласа за Cover Girl
Да ве почастам со уште една моја комбинација набрзински створена. Блузичката нова е. Инаку од камерата на стардол ги сликнав. Шминката не се вклопува, ама нека стои. Многу си се соживувам, ама добра е играва, инспирација ми дава.. Најмногу ми се допаѓа што не се ограничувате со алиштата, на пример ако е сукња, можам да ја носам како блуза, или ако е фустан како сукња... што во реален живот е невозможно. Како овде на пример: Спојлер
Стардол ми беше главна занимација кога бев помала, особено на часовите по информатика а сега одамна не сум ја отворила....но девојки ми давате мотивација со вашиве комбинации хаха