Оххх најомилена игра ми беше. Се имав заразено... Почнав да уплаќам преку телефон па ми идаа со 1000 денари повеќе пари на сметка. Неколку пати ме фатија моите дека уплаќам по 1000 и нешто денари за играта. Бев стварно многу убава и популарна. Но сега не ми се давват пари за тоа, па ја имам запоставено )
Додека бев на одмор, ме контактираше една пријателка (btw жената има преку 40) и ми кажа дека ми го немало акаунтот. Веднаш штом се вратив си го реактивирав Не сум нормална ама што да правам, неможам лесно да се откажам, толку години, пари и креативност вложени....просто си го осеќам како уметничко дело! Па здравје може ќерка ми еден ден ќе сака да го превземе и игра
Трошење саат-два во денот на глупости кратко кажано . Инаку имаш своја кукла, и имаш соби кои можеш да и ги уредуваш. Можеш да ја шминкаш, најразлични коси, алишта да купуваш. Имаш и tasks мислам редовно за извршување и со тоа добиваш поени и пари мислам. Сега да ја дознаев странава немаше ни 5 минути да играм ама дека од 2008 ми е некогаш знам да поседам саат и нешто, да ја пресоблечам итн итн и после ја заборавам година дена
Јас имам акаунт од 2010 и на една година си се уклучувам за да не се изгуби. Пари и труд се вложени во куклата за да остане заборавена.
За да бидеш Superstar се плаќа околу 150 денари, а за Royalty околу 1000+ денари. Јас Superstar бев, одеа пари од кредит на мобилен. Преедноставно е да ти лапнат пари ако малку се заинтересираш. Не ти требаат картички, пејпали, само мобилен.
Играва ми беше тотална опсесија порано, едвај чекав да си дојдам од училиште, да вклучам компјутер и да си ја проверам куклата Трошев пари на superstar membership, stardollars...знаете како одат тие работи. Дури правев по десетина акаунти и си праќав подароци сама на себе Еве сега, многу години подоцна, мојата сакана кукла живее полуксузен живот од мојот, со цел вагон шминки и облека. Се вклучувам еднаш неделно или еднаш во две недели за да не ми го избришат профилот, пари и труд се вложени во играта.