Нова серија од Netflix, дејство сместено во 80-90 години. Приказна за деца кои се сочуваат со неприродна сила. Детски авантури и мистериозно девојче кое не знае ниту како се вика, ја знае само својата бројка, 11. Одлична детска глума на која може да позавидат сите возрасни ликови во серијата вклучувајќи ја и Винона Рајдер. Оценка на IMDb: 9.2/10
Ја изгледав серијата за 2 дена. Предобра и ептен заразна,ме освои и се надевам за брзо ќе има продолжение.
http://fatime.mk/сите-филмски-референци-во-stranger-things/ Многу ми се допаѓа што црпеле инспирација од овие филмови. ^^ Одлична серија!
Вчера ја изгледав последната епизода, а уште после првите 2-3 ја препорачувам на сите наоколу. Тука прочитав за серијава, обично не гледам многу серии и се нафаќам на вакви со излезена една сезона, и навистина ме освои. Ептен мистериозна и интересна приказна, со кул доловен vintage ефект на 80тите, саундтракот и амбиентот е чиста 10-ка... сега го прочитав и она во линкот на @Bibliophile Глумата беше супер, посебно ликовите на децава и тинејџериве што беа доминантни во серијата. Ме потсеќаше по малце на Wayward Pines, ама со многу подобар крај, Спојлер единствено за Ел ми беше жал, се надевам во втората сезона ќе направат некаков пресврт за пак да се појави Едвај чекам да видам како ќе продолжи дејството во новите епизоди. И да, не знам зошто хорор меѓу жанровите на серијава на имдб, мене (што секогаш избегнувам хорори) не ми беше воопшто страшна освен неколку изненадни (и гадни) сцени воглавно во последните 2 епизоди. Препорачувам на сите љубители на sci fi, мистерии со преминување во други димензии... нема да ве разочара
леле серијава е топ, одлична, мора да ја гледате, многу е заразна и одлична содржина, едвај чекам продолжение
Леле преубава е серијава . Едвај чекам да излезе втората сезона. Глупо е што првата сезона имаше само 8 епизоди, за 2 дена ја изгледав серијата. Кој ќе чека до следната година. Winona Ryder е кралицаа http://www.mirror.co.uk/tv/tv-news/stranger-things-season-two-rumours-8595968
Одлична серија, ја изгледав по препораката на @Bender Rodriguez и целосно се согласувам со мислењето. Воопшто не е како другите, цела сезона трошки откриваат и во финалето сфаќаш дека е навистина само ѓубре. Тука се открива доволно да знаеш за што се работи, но сепак има мистерија за задржување на вниманието. Мајк посебно ми се допадна, и како лик и како актер, Ел исто, прекрасна хемија со Мајк. За кастингот генерално одличен избор. Едвај чекам втора сезона.
Вторава сезона ја чекам со цела душа! Ја обожавам серијава, два пати ја гледав. Еднаш сама, еднаш со мајка ми. Го обожавам вајбот на 80-тите, од музика, до начин на едитирање на епизодите, до оутфитите, значи буквално се. Плус влијанието на Стивен Кинг ја прави серијава уште подобра! Искрено на прво место од серии ми е, покрај ГоТ. Обожавам вакви мистерија/хорор типови на серии, им нема рамни. Децата како глумат, посебно Елевен, алал да им е!
И јас сум фрик. Ок беше епизодава, ништо спектакуларно. Мало потсетување на ликовите плус некои други ко...Мad Max цц. Очекував Е.Т-то да е кај шерифот. Иииии..... Наводно, сезоната била ликната и ставена на Земунда. Ама, јас нема да ја барам. Нејќам да испадне да се затворам викендов и да ги изгледам сите.
Мене топ ми е вторава сезона. Ликовите се уште подобро обработени, не штеделе ни време ни приказна на ниту еден. Добро се преплетуваат едни со други, како тече дејствието сите ликови се мешаат во одличен тек. Дејствието е делумно напнато, делумно драматично со елементи и на хумор и романтика. За нереалистична приказна, scifi-то е на високо ниво. Ми се допадна и онаа речиси "Twin Peaks" атмосфера што ја прати и оваа сезона како и претходната. Повторно и овој пат ставиле акцент да го пренесат што е можно пооригинално оној 80s vibe и тотално успеале. Од облека и фризури, до домови и технологија и секако, музиката. Иако нереалистична серија, сепак мене ми е една од подобрите во моментов. Викенд добро поминат.
Наминав само да кажам дека најголемото освежување за оваа сезона е Madmax! Дружината си доби уште едно женско а ликот е тотален badass со црвената нескротлива коса. На моменти многу ме потсеќа на Beverly Marsh од It. Спојлер: Millie Bobby Brown & Sadie Sink на одмор во Кабо И приватно си станале најдобри другарки.
Предобра сезона! На моменти Макс ме нервираше. Незнам зошто остана недораскажана приказната за Ел и мајка и, а и за нејзината сестра, сигурно оставаат простор за во третата сезона. На крај се изнервирав бидејќи чудовиштето-сенка пак остана живо. Крајот ми беше пресладок, а и баш ми е мило што полицаецот ја присвои Ел, иако кога и се развика во колибата, си мислев, како може човекот да ја крие 1 година, а плус тоа и вика без потреба, а кога ја решава мистеријата со Вил, мислиш не е тој човек. Мило ми е и што Стив се замеша во приказната, поубав и посладок ми е од Џонатан. Ненси незнае што сака, де те сакам, де не те сакам, а како актерка ми е преубава, а и посебно стајлингот од 80s преубаво и стои. Оцена за сезонава чиста 10ка.
@Stephen Amell ја изгледав вторава сезона ама ова ако го прочитав претходно многу ќе се изнервирав. Користи спојлери, не секој во темава ја има гледано.