Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Stranger Things (Netflix)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од LilacWine, 30 јули 2016.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.266
    Пол:
    Женски
    Да, јас ова го видов пред епизодава ама не треба да е објаснато во претстава, дефинитивно е „дупка“ зошто не е објаснато. Ко гледавме со другарка ми зборавме дека каменот е како метеор ваљда (?) ама како се наоѓа кај научникот во пештерата? Како знај дека ако Хенри го гибни дека каменот ќе го опседни? Јас ептен сакам spin off за ова или бар уште една епизода. Не барам изговор да го гледам Џејми подолго. Ок лажам. Дефинитивно поќе сакам Џејми да го гледам во улогата. :D

    За ова имам теорија дека е во upside down и као out of reach. Оти секој пат кога ќе се користи криптонитот и ја афектира - е во истиот свет, ама овај пат та не беше во истото место ко другите и можи има некаква бариера шо влијај да не „преминва“ тој звук преку двата света. И зато уствари Мајк верва во ова шо одбира да го верва, зошто можи лесно да се речи дека се беше илузија зошто инаку ќе ја афектираше криптонитот.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.388
    Допаѓања:
    68.427
    Пол:
    Женски
    Ама, ако не ја онеспособуваше криптонитот ќе можеше да ги искористи моќите врз војската и да ја среди Кеј еднаш засекогаш. Јас кога видов дека заврши битката и има останато ко уште 50 минути мислев дека ќе ги искористат да се решат со војската. И после, кога видов тајм џамп бев ко:sweat: ова нема да оди на добро.
    Теоријата на Мајк беше смешна зашто Кали премногу крвареше едноставно. И онака беше измачувана долго време, демек па ќе има сила да ги користи моќите на толкаво крварење. Па и демек ептен силни беа in the first place :D Кога требаше да го прободе Хенри, ама застана да го поздрави:rofl: е тука беше пресмешно.
    Бездната, кај што демек живееја сите овие суштества, ама таму немаше ни едно суштество кога отидоа. Каде беа кутрињата да се борат? Или мајндфлаерот кој толку лесно ја пушти Ел да влезе внатре? Онака, си отвори и си влезе. Кај суштеството помоќно од Векна.:D
    Битно сите живи и здрави.:inlove:
    Добро прочитав негде, не сакале да преземат ризици за да не ги разлутат и tween фановите, кои, за жал, се намножија.
     
    На 1209 и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.954
    Допаѓања:
    24.360
    Пол:
    Женски
    Океј, можеби јас го овертинкнав финалето. :D

    Тогаш е едноставно смешно како никој не умре, сори, не иде таква приказна без последици. Баш ми смета тој факт, пошто како гледач губиш „доверба“ во приказната кога сите се цело време заштитени. Да, Елевен е 100% мртва, ама мораа на крај да стават надеж дека можеби не е. Не ми е јасно зошто, као, има многу gore елементи серијава иако е да кажам детска, па не е за да не биде претешко за гледачите, можат да истрпат една смрт...

    Бекстори на Хенри не беше ни блиску доволно интересна и длабока колку што очекував.

    Зошто генијални сценаристи кои се многу добри во storytelling одеднаш стануваат срање во последни сезони? Секогаш истото.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    1.211
    Ја преплакав Ел. Немав никакви желби да умира било кој од екипата, а најмалку таа. Не беше партија D&D воопшто, тоа е само книгата што Мајк ја пишува отпосле за сите настани што ги преживеа. И бидејќи креаторите потенцираа дека е оставено на лична интерпретација и избор во што да се верува, јас ќе верувам во на Мајк теоријата. Не можам да се справам со другата опција после 10 години гледање, за мене е жива.
     
  5. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    2.536
    Пол:
    Женски
    Мене искрено ми се допадна крајот. Конечно серија во која што има константно луѓе кои умираат, да има релативно среќен крај, без да изумрат 70% од главните ликови на крајот. А реално во ниедна сезона не умре некој од овие најбитните. Јесда го утепаа најглавниот ама баш тоа ми направи да има тежина целата битка која што ја водеа со сезони.

    Е сега нормално имаше смешни и нералистични моменти (како на пример како успеаа толку брзо да се искачат на карпите сите за да го пукаат Mind Flayer кога Ненси го нападна), ама во последно време сфатив дека од што гледаме толку многу серии цепидлачиме на секој момент (барем јас така се доживувам) :D[/SPOILER
     
    На senjorita-v и Srckata28 им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.467
    Допаѓања:
    20.159
    605716347_1403057277842617_1265187773274432214_n.jpg
    Многу, многу, мнооогу солиден крај (y)
    Вчера кога заврши имав таква една грутка во грло, ептен ме спукаа емоции.
    Девет години сакање и следење на една приказна, буквално ги гледавме децата како растат.
    Од црвчиња, преку тинејџери, до млади мажи и жени.
    Елевен е веќе и мајка.

    Bitter-sweet момент.
    Претпоставувам дека многу зависи колку години има гледачот, односно од која страна на искуството се наоѓа. Тие што се помлади (уште во средно или на факс) верувам дека сцената на покривот ќе ја доживеат позитивно, во смисла на „ете бе, се договорија дека ќе останат во контакт, ќе се гледаат секој месец, ќе се дружат“.

    За останаите, верувам дека следново е точно:
    605894785_1426378729195069_2039313849381584380_n.jpg

    И тоа е во ред. Луѓето со кои во еден момент си бил најблизок заминуваат секој по својот пат и тоа е дел од животот. Со четворицата се збогуваме на соодветен начин, кога сите се на почетокот од нивниот возрасен живот и сите четворица се среќни. Добар крај :)


    Прекрасно, преемотивно збогување со ликовите.
    Ги запознавме како основчиња, ги оставаме како матуранти пред тргнување на факултет.

    Серијата почна со d`n`d кампања, заврши со d`n`d кампања.
    Секој ја остава својата папка, симболично оставајќи го детството зад себе.
    Новата генерација седнува на масата.

    Не плачев, ама дека ме утепаа емоции, ме утепаа :D

    Далеку од тоа дека се остава простор за интерпретација но ми се допаѓа тоа што на гледачот, како на играч во кампања, му се дозволува самиот за себе да ја избере судбината на Ел.
    Сакам да е жива и среќна во мало градче кое ја има прифатено и ја сака.

    На став сум дека последната сцена е трибјут кон dungeons and dragons играта.
     
    На 1209, MariaBouli, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    7.742
    Пол:
    Машки
    Одлично заврши серијава. Убаво склопено се и оставен простор за понатаму за приквелот.
     
    На bookslover и senjorita-v им се допаѓа ова.
  8. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    7.742
    Пол:
    Машки
    Последната епизода имаше и некои пропусти, иако беше одлична. На пример, требаше Хенри да преживее и да се трансформира во добар лик, демогоргоните испарија, ги снема во последната борба. Толку многу дијалози во последниот саат не беа потребни, туку можеа да го скратат тоа во 20 минути.

    Мајк ја отсака Илевен?
    Она му вика те сакам и си отиде во ветрот, а овој ладнокрвно, само ок и толку.

    Борбата со Мајнд Флеер можеше да трае подолго, а го скинаа за 5 минути.

    Бај д веј, што бидна со Хопер и Илевен во вистинскиот живот?
    Нели се прекина серијата во последнава сезона и чекавме долго време за да продолжат да снимаат.
    Мислам дека овој ја злоставувал нешто и оваа сега го тужи, но не знам што се случи со тужбата, бидејќи во глумата во серијата си се ок.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  9. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Ок само јас ли се радувам што
    Ел ја снема пошо со Мајк не ми идеа како пар или може затоа што потсвесно сакав Мајк и Вил да бидат заедно
     
  10. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    7.742
    Пол:
    Машки
    Едвај ја чекам Secret episоde утре :party:
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  11. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    Ке има secret episode?
     
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.266
    Пол:
    Женски
    Има теорија дека има уште една "тајна" епизода и "математиката" вели дека излегува утре. :D
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.191
    Допаѓања:
    7.742
    Пол:
    Машки
    Да. Првпат вакво нешто.
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.388
    Допаѓања:
    68.427
    Пол:
    Женски
    Значи, финалево било толку лошо што фановите морале да измислат теорија дека тајна епизода ќе излезе после финалето.:D
     
    На senjorita-v и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.266
    Пол:
    Женски
    :rofl: Мене vol2 не ми се допадна со исклучок на финалето. But this was too funny. :D
     
    На senjorita-v и RainBow им се допаѓа ова.
  16. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    2.078
    Допаѓања:
    12.154
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1767721441172.jpg Сепак нема да излезе утре secret episode
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.920
    Допаѓања:
    10.879
    Пол:
    Машки
    Доколку има верници (христијани) на кои исто така им се допаѓа Stranger Things, верувам ќе ви се допадне и оваа христијанска преработка на омилената сцена од серијава:

     
  18. Maco1ot

    Maco1ot Нов член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2025
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Postoel odreden tip na buling, ponizuvanje, pritisok na setovite no nisto povekje od toa se nema objaveno.

    Со оглед дека серијава е детска, бар така изгледаше на почеток има логика дека целава рапсодија беше само игра на крајот прикажана преку бујната детска фантазија. Иначе Вилер ја приметив дека имаше лузни но на церемонијата а во подрумот не ја заприметив . Крајот на Векна е премногу детски според мене па ја би сакал да верувам дека сепак е така поради тоа што не беше ни вистина туку дел од детската имагинација при играњето. П.с. Не плачев за 11, некако не ме трогна сцената иако вака симпатично девојче стана

    Се е тоа метафорично прикажано според мене. Хенри кога влезе во тој свет испратен од 11 беше нов во светот, доживеа ново раѓање, искуство (дете повторно за тој свет) а средбата со Mind flayer беше неговата најголема траума и страв од непознатото што беше прикажано како детето Хенри кое од нигде никаде се наоѓа во пештерата, и бидејќи се предаде на стравот, кој дополнително го набилда со омраза и желба за одмазда постана Векна, во стил на паднатиот ангел Луцифер итн.
     
  19. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    182.266
    Пол:
    Женски
    То со тужењето беше ваљда фејк њуз и изваено вон контрола после контроверзиите со актерот и бурниот развод шо го имаше од Лили Ален. :D Пошто и самата Мили некое време после та вест, кога промовираа новата сезона, збораше дека се во добри односи и имат "татко-ќерка" однос и дека нема ништо проблематично меѓу нив. Така да, ваљда одбери во шо ќе верваш.
    Исто како крајот на серијата. :D
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    47.781
    Серијава е тинејџерска серија, а зашто и како стана позната на вселенско ниво не разбирам. Памтам едвај ја изглеав првата сезона коа излезе и баталив. Али ај 5 сезони и плус крај, решив да ја изгледам на одмор.

    Провалување у Русија, у воени бази, у паралелни универзуми, никој не му е гајле кај му се децата со денови, или дека живеат у карантин, дека деца исчезнуваат, спасување у задењ момент, избегнување смрт, скокање у црни дупки и непокажување како него само се деси со менување нов кадар ко да глеаш Скуби Ду. Оти за деца де.

    Кратење на битни детали и случки као да снимаат Оскаровец а не просечна серија, ти се молам. Едино глупо беше што го победија тој пајакот за 3 минути, коа моеше за 5 да напраат и плус последните 40 минути од епизодата беа досадни и на никој не му е гајле шо се деси.

    И да, кринџ дијалози, особено од децата а па да не праиме муабет за Ерика и сереотипната црна силна независна жена. Или па за прифаќањето на Вил дека е геј, лол. Ма да серијава излезе коа стварно Нетфликс тураа геј ликови и кај што треба и шо не треба, па барем си останаа доследни на причата и после 10 години. Пологично ќе беше да има трауми оти растен без татко, кој е ДЕГЕН и коа исчезна ташак не го болеше, не ни дојде да го бара, и плус семеен насилник.

    Крајот беше мех, као и целата серија. Нит се поврзав со некој од ликовите, нит ми беше гајле дали некој ќе умре, нит се разочарав од крајот...
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.