Серијата мислам дека е една од подобрите што човек може да ја гледа. Самите случки меѓу ликовите, кога не прават планови против лошите луѓе, како што ги нарекуваат, ми се пресимпатични. Спојлер: Спојлер Од одење на игранка, симпатизирање, прв симпатија, прв бакнеж, прво водење љубов,случки од секојдневниот живот, излегување касно и лажење на домашните дека ќе се учи, а нема врска, серијата има се, буквално се. Фантазија и реалност, хорор, акција. Ненси ми е слатка и повеќе ми одговара со Стив, зошто тој е лошото момче кое се заљуби во неа и стана мил, нежен и романтичен. Повеќе ми одговараат. Ако таа е кучка, пола од вашите другарки се, зошто секоја девојка се нашла во таква ситуација и во животот секогаш е таква ситуацијата. Секогаш треба да одбереме едно нешто, а Ненси мислам дека го сака Стив, ова со Џонатан и беше како тест. Џонатан ми е баш таков, повлечен кој сака да гледа од страна, но не да превземе чекор за да го добие тоа што го сака. Од децата, Вил ми е пресладок. Толку мили очиња има, ама каде има невоља тој мора да е замешан. Мајк ми го освои срцето зошто е вистински пријател, ја штитеше Ел и секогаш им објаснуваше на другите зошто не се во право. За првата симпатија дури и се степа хаха. Нешто што најмногу ми се допаѓа во филмот е музиката. Значи секоја чест, песните се ептен погодени, а сите знаеме дека најубавите се баш од тоа време.
Иако генерално на сите втората сезона поише им се допаднала, мене сепак првата сезона како целина ми остави посилен впечаток. Онаа неизвесност - што се случува, зошто, како - која ја имаше во првата, во вторава неминовно изостана, затоа што настаните се надградуваат врз оние од првата сезона. Крипи и тајна државна лабораторија, деца со натприродни способности, чудовишта од друга димензија - во вторава сезона овие ствари се на некој начин секојдневие за главните ликови и ваљда тоа е она што ми фали. Без разлика на ова, серијава е една од подобрите кои се емитуваат во моментов, а генерално ми се допадна развојот на карактерите и настаните во вторава сезона и, се' на се', не бев разочаран, ама ич. Спојлер: Ствари што ми се допаднаа и што не ми направија ќеиф У однос на актерите и ликовите: Ми се свиѓаа новите ликови - Макс и Били - скроз ми се уклопија со останатите ликови, а генерално децата у серијава се закон - особено Вил у оваа сезона. Од друга страна, не сум фан на брат му Џонатан, кој ме потсеќа на Мајкл Џексон, а Винона Рајдер ми е некако мех. У однос на негативците, некој како the evil doctor дефинитивно фалеше сезонава, ама од друга страна, навестија дека можеби е жив, па тоа ми дава надеж за третата. Демогоргонот ми беше боље од demodogs со кои не' почестија во оваа сезона, а за Shadow monster-от и tentacle еротиката на која ме асоцира се' уште немам некое мислење. Она што највиште не ми се допадна беше „сестра и'“ на Ел и целата пропратна приказна за неа. Прво, не ми се свиѓа навестувањето дека постојат поише луѓе (деца) со натприродни способности (и тоа секое со различни) - премногу ме асоцира на X-Men или на Heroes - не, фала. Второ, целата епизода со Ел и сестра и' ми беше некако како вметната со сила, со целосно различен vibe - изгледаше како да „улетала“ епизода од некоја скроз друга (и не многу добра) серија. Ако ова им е обид за спиноф серија со деца (или возрасни) мутанти - не, фала.
Океј ја завршив по втор пат и дојдов да си ја олеснам душичкава пошто преопседната сум со серијава. Спојлер Значи прво... Џонатан и Ненси уифхиовфундкнвкдсоесфејфкн Па и во приватен живот се заедно, значи не можам. П Р Е СЛАТКИ. Второ БРОТП-от на Дастин и Стив врв! Колку ме смееа сезонава, па колку Стив се трудеше со децава и се поврза, ми премина во омилен лик. 7мата епизода како и на повеќето фанови не ми се допадна, не им требаше искрено, и најверојатно ја ставаат како можност за спин оф. Врската на Хопер со Елевен ми прирасна за срце, и си плачев на некои сцени, посебно на крајот кога докторот му даде сертификат дека и официјално ќе му е ќерка на Хопер. Не знам која сезона повеќе ми се допаѓа, не би можела да бирам, али јас сум крајно фасцинирана од серијава, на врвот ми е. Од децава Мајк ми е најмил, да бев помала сигурно ќе ми беше crush Mad Max и брат и малку ми беа вишок, али ок пробувале нови ликови да вметнат. Винона ми е врв. Јас жената ја обожавам од малечка, и пораснав со старите култни филмови, и не можам да не ја сакам и тука. Глуми прејако, и се надевам дека на крај ќе заврши со Хопер! Иначе како можеше дури и музиката да ја погодат толку совршено, значи крај. Нема подобра серија за мене моментално И така сега не знам што со животов
Oscar-worthy актери има серијава. Спојлер: Joyce Спојлер: Will Спојлер: Eleven Серијава е одлична, од секој аспект. Дефинитивно ми влегува во омилените. Ги сакам дејствијата, не е многу страшна. Вчера додуша заспав и имам уште три епизоди, ама ќе биди вечерва си викам, па после тоа ќе пишам подетално што мислам. Ама морав да прокоментирам колку одлично, совршено глумат актериве. Совршенство.
Ја љубам серијава, и летово ја открив, се прерадував кога видов колку е јака, небаре сум открила добитно ливче лото Глумата е врв!
За жал завршив со серијава, ја изгледав. Многу брзо ми помина времето кога почнав да ја гледам, а кога ја завршив Што да кажам одлична серија почнувајќи од дејствијата, актерите па се натаму. Се надевам дека ќе има 3 сезона би била многу среќна.
Спојлер И Хопер е сега официјално татко на 11? Ми требаше време да изгледам, за жал немав шанса да изгледам во два дена и многу ми е тешко за тоа. Пак ќе речам, глумењето е феноменално. Абе, се е феноменално, сите тие поврзаности од прва и втора сезона. Толку се добри и двете сезони, не би можела да кажам која ми е поубава и колку и да сакам трета, дури и малку се плашам дека не можи да биди подобра од ова. Да почнам со ред, најмногу го сакам Хопер. Како лик ми е одличен, благо параноичен, длабоко повреден, ама и покрај се е ѕвер и се држи одлично. Кога почна втора сезона и видов дека си ја чува 11, си приплачив, а сега веќе со birth certificate Спојлер (помешано со ПМС, МС ) - липам. Следно, уште кога се појави Стив, односно кога го споменуваа како лик мислев дека ќе биди како братот на Макс, така го имав замислено. Ама, кога се појави детето е приказна сама за себе. Не ми е најсимпатичен, и никогаш не ми делуваше за лош дечко. Постојано гледам дека како лик многу добро се изгради и да, не беше толку одличен како што се изгради со тек на време, ама никогаш не беше ѓубре. Некој вика Стив не ја заслужува Ненси, ама јас викам Ненси не го заслужува Стив. Не знам од кај да почнам и што да кажам, мислам дека ова треба само да се гледа и да се ќути. Си ги прокоментирав омилените ликови, доста е. Исто така никогаш толку ми нема за некој паднато жал како за Дастин кога немаше со кој да игра и никој кога не сакаше да биди со него. Па, можи да речам дека добив грам симпатија за Ненси после тоа што играше со него. Исто поплачив кога го покажаа и Дарт, можеби навистина немаше лоши намери, нели ...
https://www.buzzfeed.com/crystalro/...ffbmain&ref=bffbmain&utm_term=4ldqpgp#4ldqpgp Или како што пишале на фб: 21 Times Hopper made you say "daddy"
Едвај чекам,инаку имав неколку обиди дур ја почнам серијава,гасев на 5/6 мин од почеток мислејќи дека е детска безвеза серија со чудовишта.Пред неколку недели си реков,ке ја изгледам па нека пукнам.Guess what-не можев да се тргнам од пред ТВ,на работа 3 дена одев недоспана.Инаку мене прва сезона ми остави повеќе впечаток.Хопер и Винона ми се љубов,и општо глумата на сите е за ,децата се неверојатни,целиот тој 80s vibe...И да,на моменти се плашев многу.
Дечки мислењево е малку офф,ама има нова серија од вчера,Dark,потсетува на stranger things,само би рекла позрела верзија.Германска е инаку,и иако сум на почеток,сигурна сум дека е одлична Слободно преместете/избришете мислење,сакав само да ги информирам љубителите на добра мистерија
Прва и втора сезона ги изгледав во еден здив, е сега за трета ќе си чекам ко сите нормални луѓе Навистина една од подобрите серии што сум ги гледала во последно време, башка што ги погодиле актерите за да ти задржат максимално внимание. Децата и во приватен живот биле многу добри другари и затоа се чувствува посебна хемија и врска помеѓу сите нив. Прво и основно Ел Какво актериште Свесна ли е каква иднина ја чека? Ќе растура сега кога ќе почнат од сите страни да и стигнуваат 3000 понуди и улоги. Исто и Вил...Аматер е детето, а цело време држи ист ритам со мајка му (Winona Ryder), која е оскаровка и доста искусна во својата работа. Дастин харизматичен и сладок, а Лукас на почеток ми беше арогантен но последниве епизоди малку се подобри. Од поголемите деца, прво ми беше многу жал за Џонатан...Сам, отфрлен, мирен и повлечен, а Стив не го обожавав. Ама после кога Ненси беше пијана и кажуваше глупости, ми се смени мислењето. Не знам дали само мене, ама премногу ме нервираат Ненси и Џонатан Ич не ми се слатки, башка што дознав дека актерот што го толкува Џонатан користел дрога (иако нема врска приватниот живот со серијава, сепак ми влијаеше добродушниот Стив да ми стане омилен). Косата, заштитничкото однесување спрема децата, трпеливоста кон Ненси, скромноста и добрината...како може да го нејќе човек? Барбара никој не ја спомнува, а таа заради разгалената Ненси умре РИП Барбара, не те забораваме. Спојлер: Боб Исто и Боб не го забораваме Го даде животот за останатите да се спасат. Искрено прво мислев е шпион што се прави намерно наивен, ама кога видов дека умира навистина ми падна жал, и сфатив дека таков си бил добар, наивен и заљубен. П. С. Заборавив за Мајк и Ел да кажам дека ми се слатки, наивни, искрени и многу симпатични.
Знам каснам со серијава Ама мајка со дете јбг Сега ја почнав и ја обожавам (по препорака на внук ми )