Спојлер И јас мислам дека е многу веројатно дека Хопер ќе испадне жив и затворен од Русите. А и целата приказна со Русите би требало да ја заокружат, до крај остана неразјаснето што всушност им е целта со Upside down-от, само си стоеја како типични Soviet bad guys. Како и да е, се изнаплакав на сцената кога Ел го читаше говорот од Хопер, мислам дека е најемотивна досега во серијата. Исто и кога се преселија Џојс, Вил и Џонатан со Ел. Мене па ми е мило за Ненси и Џонатан, иако он ме нервираше во првите епизоди што ѝ приговараше за богатото потекло место да ја поддржи против снобовине новинари. Дастин и Сузи ми беа пресмешни и преслатки на телефон со песната, исто и Ерика. Многу убаво ги пораснале ликовите, ептен пријатни беа оние типични тинејџерски сцени со паровите и машките и женските друштва. *******
само што ја изгледав првата епизода од третата сезона. На почетокот помислив дека сум пуштила сосема друга серија . Спојлер Не ми се допаѓаше сцената со глувците како што мразам глувци морав да мижам и да затнам ушите за да не ги слушам како цивкаат. Се на се ми се допадна епизодата, дечките воопшто не се смениле, освен Ел што има сега долга коса. Со Мајкл ми се срцки
Мене пак Мајк воопшто не ми фати око сезонава. Некако беше side-story неговата приказна ставена. Како да немаше што многу да се понуди, па се одеше на стандардни тинејџ клишеа, те сакам-не те сакам. Немаше некоја динамика, акцент и девелопмент на нивната приказна. Ел ми беше симпатична, додека Мајк повеќе ме иритираше. Иако би ја оценил 3тава како послаба од претходните, сеуште го држеше тој носталгичен 80s вајб, со одлична музика и не прави да се вратиме назад во времето, во декадата во која никогаш не сме живееле. П.с Знаете каде во Мк може да се најде маица, или да порачувам од чичко Аљи?
Во Pull and bear имам видено маици, дуксери, блузи... Сигурно има и на други места, актуелно е сега, ама таму имам видено јас.
Не знаев дека актерката што ја игра Робин е ќерка на Ума Турман и Итан Хок, дури потоа прочитав. Навистана е талентирана. Супер се вклопи во тимот, одлична беше. Спојлер И јас мислам дека Хопер е жив, нема шанси да умре, следната сезона околу него ќе се врти.
Edvaj cekam 4ta sezona. Niedna serija ne mi e interesna otkako gi izgledav site sezoni. Osven ovaa "Dark" so e najslicna na Stranger Things. A uste 3 4 epizodi imam i od nea za gledanje. Dali ima nekade najaveno koga odprilika se ocekuva da izleze 4ta sezona od ST?
Епизода пo eпизода дојдов до крајот. На крај на писмово од Хопер не да му се изнаплакав... Уствари и од пред тоа си плачев кога Ел го бараше со поглед и сфати дека го нема. И јас мислам и се надевам дека е жив човеков. Спојлер Мајк ми беше досаден, а Вил и брат му тотално непотребни во цела сезона. Кога сме кај Вил многу ми беше жал кога сакаше да игра, а другарите го игнорираа и трчаат по девојки. Тој уште е заглавен во тоа време кога си играле. Изгуби битен дел од детството и не може да си дојде при себе. Покрај Ел, во сезонава ми се свиде и Ненси. Ја гледаш слабичка, а таа најголеми balls имала. Храбра, решителна, упорна. Стив се повеќе и повеќе ми се свиѓа. Кога и призна што чувствува на Робин, таа нели му кажа дека е геј, а тој одма ја прифати па почна да се шегува. Во тоа време колку табу тема била хомосексуалноста, ама човеков излезе фер и остана другар со неа, а можеше да ја отфрли и да ја исмева. Прв Хопер па Стив ми се на врвот на листата по омилени ликови. Русиве и јас мислев се небитни ама имаа и тие битен дел за приказнава. За вратата, за чудовиштето, за задржување време, за заплети...Инаку се ќе беше лесно и едноставно. п.с. Мили Боби Браун (Ел) многу ме нервира по интервјуа. Мисли Господ за муда го фатила. Читам одбивна им е на многу луѓе. Сите се прават вакви самобендисани кога стануваат познати уште дур биле мали деца. Толку убав лик толкува, а таа... Аман врати се на земја. Се надевам нема заради неа да ми се уништи и Ел.
Дете е. Само зошто е млада и сака да си игра и нема etiquette за интервју, патем ко сите со кои глуми заедно, не ја прат никако лоша и вообразена личност. Сите јаки актери од деца да растеа пред камери исти ќе беа. Интернетот ја неќи оти е во фаза кај шо не е баш дете, не е возрасна и сама не знај како да се однесува. Дур има замолено сите да не ја малтретират за ова. И со право.
Мене ми е срцка, таква каква што е. Природна и своја, не глуми лудило и не е во филм дека мора да му се допадне на секого, свесна е за тоа. Едноставно си ја има ѕвездата и не останува незабележана, а некои други селебритис на пример можат слободно да учат од Мили како да се однесуваат. Јас ја обожавам, ја шипнувам со Ноа, многу сладок пар би биле.
Од збор до збор се согласувам. Кога почна хејтот за неа онака си прам оти ја хејтат бе и разбарав да видам колку е основано. Не е. Туку е баш она менталитет на толпа цел интернет. И од тогаш ја пратам на инстаграм, баш онака ѕвездата ја има и дено ми го прај ко ќе ми излези нешто од неа.
Па затоа и јас пишав дека повеќето што растат пред камери почнуваат да иритираат. Не реков дека ја неќам, далеку од тоа, не можам да неќам некој што не го познавам само пишав дека не ми е баш пријатно нејзиното однесување и замислување дека е многу битна. После прочитав дека не сум единствена. Може за некое време ќе биде ок, кога ќе се пронајде каква е, ама сега не може сите исто да размислуваме и да ни биде интересна. Едноставно не ми е. Како актерка е супер, но за да бидам фан на некој актер многу ми влијае и како се однесува. Пример и од Гејм оф Тронс има многу деца актери кои се пораснати пред камера (Арја, Санса) па покул личности на интервјуа немам видено. Се е до карактер.
Знаев, едноставно знаев. Не ми се свиѓа пресвртов со Русите, ептен клише, но ќе продолжам да ја гледам серијата поради одличната екипа.
Шанси нема да дозволат да им умре волку клучен лик како него. Бар не во првите десетина сезони. Се шалам, ама сепак мислам дека имале план Б за да се спаси, во најпоследниот момент од завршетокот наговестија дека не е умрен, си збореа Русите и зборуваа за „Американецот“, па кадарот го насочија кон една ќелија која веројатно беше негова.