Јас не се откажав, ми олесна кога го видов тизерот. Еве ja пост-кредит сцената, погледни многу е кратко.
Пре пре добра серија,не познавам човек што ја нема гледано,многу е заразна а и интересна 10/10 ја препорачувам.
Излезе трејлерот за новата сезона. Со душа ја чекам серијава, нека ја молзат колку сакаат, гајле ми е.
Многу ме нервира што во серијава направиле епизода да трае малтене ко филм...еден саат и петнаесет минути. А баш беше пријатна кога епизодите беа пократки. Се гледа дека си ја молзат, ама барем молзат со стил. Засега солидно се држи, јас до пола стасав. Одиме јако со all nighter.
Само што изгледав една нова епизода. Превозбудена сум за серијава. Дојдов еден впечаток да прокоментирам а тоа е дека новата сезона ми е... страшна. Никогаш се немам исплашено на Stranger Things, хорори гледам без проблем, ама епизодава ми беше... с т р а ш н а. И ме изненади.
И јас и се токмам, сите редовни ми отидоа на пауза. Баш ми е мило што читам добри впечатоци, се мислев да не разочара.
И мојот коментар за сезонава е страшна и језива. Доста морничави сцени. Не е како првите сезони новава, но и не може да биде, сепак децава пораснаа и не се веќе деца. Ама солидни теми опфаќаат па ептен ме држи и мене возбуда да продолжам да гледам. Се надевам ќе има солидно финале.
Ги изгледав сите 7 епизоди. Децава многу ми се пораснати.А,и се гледа дека направиле серијава да биде баш како за нивна возраст.
Луѓе сезонава. Одма сите да ја изгледате. Убедливо најдобра до сега, уште сум наежена од крајот. Кога читав на интернет колку ќе трае, пишуваше дека креаторите ја имаат осмислено до 5 сезони и морам да кажам дека се гледа дека е добро осмислена и не ја само молзат, затоа што w o w. Очигледно чекале да можат да ја прилагодат за поголема возраст. Навистина 10/10, се надевам и на вас ви се свиѓа ко и на мене, обавезно пишите да читам. @RainBow да те поздравам со уште еден добар впечаток затоа што ме цитираше погоре. Спојлер Како што пишав погоре, првиот впечаток за сезонава ми беше дека ми е многу пострашна од другите и ми се допаѓаше тоа. Веќе после неколку епизоди си реков дека ова е најдобриот негативец до сега и после кога открија што точно се случило, кога поврзаа се. Многу, многу добро. Импресионирана сум. Мислев дека овој момент ќе го остават за преостанатите 2 епизоди, ама срцето ми дојде на место. Имаше многу возбудливи моменти според мене низ целата сезона во кои се внесов ептен. Во некое друго мислење ќе коментирам подетално за ликовите, сега за сега, бравос, топ.
И јас сè yште сумирам впечатоци - се смеев, плачев, цело време бев on the edge of my seat што се вика. Сезонава навистина ми беше уживање и со нетрпение ги чекам последните две епизоди. Не сум способна за нешто подетално, уште ми трае еуфоријата дека најомилената серија се врати во полн сјај.
Јас сум на втора епизода. Престрашна ми е и преморничава значи, не се сеќавам дека првите сезони вака ми беа. Ама, и делува малку репетитивно, пак истото се случува... Децава колку се пораснати, Мајк особено има некоја трансформација доживеано.
Обично влегувам со ниски очекувања кај серии каде првата сезона ми оставила голем впечаток, ама искрено се изненадив од 4тата сезона. Малку се разочарав што ме оставија на недокажано и таман ќе влезам во шема, па пак ќе се чудам во следните епизоди и сезони што се случило. Инаку никој не го спомна Јури. Српскиот глумец. Викам блазе си му, во каква серија успеал да добие улога. Баш го имаше зачувано оној балкански хумор. Супер беа 7те епизоди. Едвај чекам продолжение да гледам.
^И јас го приметив Никола ама не ми се чинеше невозможно и проверував дали навистина има земено улога. За оваа сезона како и сите пред неа само позитивни реакции. Децава ми се при срце ептен. Едвај го чекам 1ви јули за последните 2 епизоди.
Да сумирам импресии и јас. Воглавно добро почна сезоната, нешто слично како претходните сезони, среќен почеток, типично за серијата. Воведот беше бавен но после 3 сезони веќе е очекувано тоа темпо. Најдобри епизоди ми беа 4та и секако 7та, измеѓу баш и не се случуваше нешто премногу напнато и интересно, би рекла дури по иста шема случувањата беа како во останатите сезони, доста едноличност. Ова ми се потврди и со рејтинзите на епизодите, сите се околу 8.6 само 4та и 7та епизода имаат над 9 рејтинг. Делот со Hopper беше доста издолжен а некои сцени беа непотребни, можеше сѐ тоа да биде многу пократко. 7та епизода беше навистина добра, барем уште неколку да беа на исто ниво. На моменти чувствував досада поради бавното темпо, непотребни детали итн. Но, воглавно гледлива сезона, сепак со 7та епизода се искупија за сите останати. Очекувам последните две да се со исто темпо, plot twist и драматичност како 7та епизода, се надевам нема да разочараат.
Спојлер: Векна Јас ко што сфатив од последната епизода овој синот на Виктор после убивањето на мајка му и сестра му 30 години бил цело време во лабораторијата па тек после ко Ел го прати во upside down тогаш почна да ги убива Криси и другите. Само не сфаќам зошто да чека толку долго за да си го спроведе планот