Добра сезона. Малку репетитивноста и огромно долгите епизоди ги најдов како маана. Секако и неколку детали кои не ми се совпаѓаа логично (хехе, сите одма руски научија), но воглавно уживав додека ја гледав. Мене ме релаксира и не ја доживувам толку сериозно, повеќе како некој врст на опус на популарните серии/филмови во 80-те и не сакам да и барам маани. Плот твистот беше исто одличен, камера, транзиција меѓу сцените, хуморот, се беше на место. Една е меѓу ретките серии што сеуште задржува квалитет и после толку сезони. Препорака за секој кој се мисли дали да ја гледа. Право "уживање" е. Ако може да се нарече уживање.
Значи! Спојлер За мене последната епизода ја украде 001. Актерот предобар, имам мал краш, сакав 11 да отиде со него и среќно да си живеат. Освен нели, дете беше тогаш де. Некако последната епизода не ми беше нешто предобра, непотребно ми беше одењето на Стив и компанија во долниот свет, па нивние шеги кои демек требаше нешто смешни да бидат, ама ми беа излитени и бесмислени во таква ситуација. Подобро ќе беше да ги немаше. И премногу расцепкана сезонава, Вил и дружината не ги ни видовме, нити имаа некаква цел сезонава. Што знам, не ми беше толку страшно фасцинантна колку што очекував. Да, супер беше приказната за настанокот на Векна, тоа ептен ми се допадна, ама ептен. Другото, онака. Ај последните две епизоди може ќе бидат врв.
Спојлер Најдобриот момент во серијата ми беше сцената каде што Макс излезе од депресија. Одлично беше прикажана нејзината борба со "внатрешните" демони, затворањето себе си и дистанцирањето од сите. Чувствувањето на вина, неможноста да продолжи понатаму поради смртта на брат и. Пишувањето на проштални писма, наместо да се изрази со зборови и да се "конфронтира" директно со најблиските. И потоа, секако излезот од таа агонија, себе спасувањето со помош на другите, со песната, и бегањето од депресивниот хорор. Девојчето изглуми фантастично добро. Секоја чест.
Мене единствено нешто што ме изнервира е Спојлер форсирањето на Стив и Ненси, демек одеднаш сите ликови се заинтересирани за нивниот љубовен живот, а Ненси не го ни погледна Стив последните 3 сезони, цело време кон Џонатан се врткаше и одеднаш сега го сака. Претпоставувам Стив ќе умре за Ненси, па да го направат потажно. ИЛИ тераат да мислиме така за да умре некој трет. Сеедно, не ми се допаѓаше. Не можам да ја замислам Робин да ја боли к за Ненси и Стив.
Само мене изгледа не ми се допадна сезонава. Не дека и претходните ми се нешто посебно, ама оваа ми беше особено досадна. Поготово крајот (за сега) ми беше ептен предвидлив и клише. Во принцип ја изгледав зш генерално ми се допаѓа атмосферата на серијата, 80тите години и чувството на филмовите од тоа време што го пренесува. Облеката, музиката, ентериерот, фризурите, итн. Во оваа сезона најмногу ми се допадна Макс, симпатичен лик кој ми отскокнува од групата. Што знам, може ептен сум ја одраснала серијава, премногу е тинејџерска a guess.
Сезонава е ВРВ!!! Само што догледав па да споделам импресии. Уште ме држи хајпот па најверојатно ќе биде долго Спојлер Мене баш ми се допадна што епизодите се толку долги бидејќи пружаат можност да има некаков развој на настаните и што е најбитно на ликовите. Мислам дека убаво направија што ја поделија сезоната на два дела и многу ми е мило што првиот дел од сезонава не го завршија на cliff hanger туку се' ни се разјасни на крај и сега ќе процесираме што се дешава и ќе развиваме теории додека не излезе вториот дел. Нешто што не ми се допадна е некорисноста на Вил и се надевам дека во наредниве две епизоди баш Вил ќе биде тој што ќе им помогне на останатите. Актерот на Вил има огромен потенцијал, како што знаеме од претходните сезони, и баш би сакала да го искористат. Исто така, многу ме изнервира однесувањето на Мајк најпрво спрема Вил, а и спрема Ел. Оваа особина ми е некарактеристична за Мајк. За Џонатан немам коментар... направија да ми биде сеедно дали ќе ми се појави на екран или не. Всушност, цела приказна во Калифорнија ми беше најдосадна од главните 4 приказни. Омилено дуо засекогаш Дастин и Стив. Омилен лик Макс. Ова дефинитивно беше сезона на Макс и можност актерката да ги покаже своите неверојатни способности. Искрено се надевам дека ќе си добие едно Еми за изведбата. Омилен момент дефинитивно во епизода 4 кога Макс се бори против Векна. Сега сфаќам зошто цел месец во рекомендед на јутуб нонстоп ми се појавува песната од Кејт Буш Песнава е СОВРШЕНА за моментот, ќе се обидам да објаснам зошто. Обично, омилени песни ни се оние со коишто најмногу можеме да се асоцираме, да ги поврземе нашите дешавки со текстот. Иако после тоа Макс цело време ја слушаше песната, според мое видување песната не е единственото нешто што ѝ помогна. Векна таргетира луѓе кои чувствуваат вина. Во случајот на Макс, таа се чувствува виновно за смртта на Били (текст од песната: and if I only could, I'd make a deal with God and I'd get him to swap our places), Макс посакува таа да е на местото на Били и си ја репризира смртта на Били во глава мислејќи што би било доколку таа направила нешто наместо да стои во место. Макс е заробена во тажни чувства, но кога ја слуша песната и полнуваат да течат спомените што ги има со сите пријатели, таа самата сфаќа дека можеби не сака смрт, дека има уште многу за што да живее и во тој момент одлучува дека вреди да се бори за себеси и се обидува да ја најде светлата точка во темницата. Прекрасна аналогија за депресија. Кога Векна се обидува да и го попречи патот, ја гледаме Макс како се бори за да преживее, ја гледаме сета тешкотија, но на крај успева, стига до светлината и победува (текст од песната: be running up that road, be running up that hill, be running up that building). Какво ежење беше сценавааа ауууу 001 ми беше предвидливо дека ќе е 001 и Векна, но не очекував да е синот на Виктор иако ми беше чудничко што у кома бил, си викам ај ова може е почетокот на Векна па не бил толку силен. Сепак, убав плот твист. Особено ми се допадна како последните 10-20 минути од седма епизода ги поврзаа сите работи една со друга иако имам уште многу прашања (како 001 ги добил моќите, дали Векна ги има контролирано претходниве чудовишта да ја таргетираат Ел, зошто доктор Бренер мислел дека е паметно 001 да го стави на некоја си позиција да ги варди децава кога знае каков е итн итн). Се' на се', бев скептична дали да ја гледам сезонава и многу ми е мило што се одлучив да гледам. Никогаш не сум била повузбудена за стрејнџер тингс отколку сега и со нетрпение чекам да ги изгледам преостанатите 2 епизоди и после да ја чекам петта сезона И да ве поздравам со новиот трејлер
Јас нема да можам во скоро време да се опоравам затоа да прокоментирам за работиве што ќе ги мислам пред спиење. Спојлер Не памтам кога последно олку имам плачено на филм / серија. Еди очекував дека ќе умре бидејќи традиција им е да убиваат нови кул ликови ама имав мала надеж дека тој лик ќе бида Аргајал наместо него ама ете... Кога почнаа на Макс да ѝ се кршат коските лелеее мене срцето ќе ми допреше. Многу ме интригира што поточно Ел ѝ направи на Макс, оти во кома е, а часовникот четири пати чукна и Ел не можеше да ја најде. Се надевам дека Макс ќе се разбуди следна сезона и се надевам дека целиот нејзин сторилајн нема да биде само жалење за тоа што ѝ се случило туку ќе биде badass hero. Претпоставувам дека ќе биде слепа или ќе има некој друг инвадилитет бидејќи не верувам без гребнатина да излезе од ова. Доколку е слепа би било многу интересно ако направат нејзиниот придонес кон тимот да биде тоа што некако е поврзана со Векна како Вил што е. Очекував дека повеќе главни ликови ќе умрат затоа што така и ја промовираа сезонава ама не можам да кажам дека не ми е мило што не умреа бидејќи сите си ги сакам. Ма да би било убаво ако не се плашат во сезона 5 да испоубијат сешто. That being said, манифестирам хероите на сезона 5 да бидат Ел, Вил и Макс. Секој со свои моќи и/или поврзаност со upside down.
Фала богу беа врв. Се убив од плачење. Спојлер Еди значи, Еди, каков развој на ликот во само една сезона. Предобар. Мораше ли да умре... Епска сцена, епска. За Макс исто, прежално, срцето и чука, ама умот и е празен. Можеби во 5та сезона ќе се обидат да го вратат некако од Векна/Хенри/Уан. Кога се собраа пак сите исто си плачев, ептен на емоции ме фатија епизодиве. Читам се бунат за ова или за она, ама за мене беа едноставно одлични. Едвај чекам 5та сезона, а којзнае кога ќе биде. Пишете впечатоци да си продискутираме.
Спојлер Само мене ли ми беа убрзани Џојс и Хопер? Можеби не е ни до убрзувањето, мислам дека имаа некои кринџ реченици нетипични за нив... не знам, јас се заљубив во нивната тензија и banter и нивниот прв бакнеж го замислував поинаку, без тие изјави на љубов или не знам што. Исто моментот кога Ел и Хопер се видоа, многу анти-климактички, а едвај го чекав.
Спојлер Изгледа само јас сум благо разочарана од крајот на сезоната. Веќе одамна го изгубив хајпот за серијата со оглед на тоа што секоја сезона е генеричка и по иста шема. Вклучуваат нов интересен лик за на крај да умре, веќе видено, нависитна не знам дали друга идеја немаат или играат на сигурна карта и стара слава. Умирањата постанаа безначајни, очекував нешто повеќе а кога веќе играат на емоционална карта и смрт е врвот на секоја сезона очекував барем оваа сезона да оди во поголема крајност, подобро да ни покажат колку Векна е опасен и какви моќи навистина поседува. Единствен плот твист беше Макс и комата, но секако дека Макс не умре, бидејќи браќата Duffer во ниту една сезона немаа смелост да убијат главен лик па така очекувам да се опорави во следната сезона. Можеби ако неа ја исклучеа повеќе тежина и тензија ќе имаше оваа сезона со самото тоа што еден од главните ликови ќе беше повлечен, ќе видевме нешто позначајно и малку поразлично од другите сезони. Сепак, здосадува фактот дека само смрт користат за да направат wow ефект, борбите од друга страна скоро исти се и секако Ел доаѓа на крај да ја спаси целата ситуација. Седмата епизода беше најдобрата епизода оваа сезона. Исто морам да кажам ликовите како карактери веќе немаат никакво созревање, туку се вртат во круг. Стив имаше доста голем напредок и созревање и сега повторно истите дами со Ненси. Мајк веќе не се грижи исто за своите другари, целиот фокус е Ел, пријателството помеѓу него и Вил воопшто не е како во првата сезона. Донекаде е разбирливо со оглед дека растат и не се мали деца но веќе како да не станува збор за истите ликови. Џонатан испадна добар брат и единствено тој се обиде да разговара со Вил...благо кажано, кога станува збор за карактери лош развој има серијата.
Спојлер Сигурна сум дека Макс ќе остане слепа, можеби ќе има и проблем со рацете и нозете и е баш трагична последица од борбата со Векна, што ни навистина укажува дека сепак има последици кога куп деца се обидуваат да се борат со нешто надприродно и не успеаа да го надмудрат.
Спојлер Има шанса нешто такво да прикажат но сепак тоа останува за следната сезона. Некој момент плус фалеше во последните две епизоди на оваа сезона, како што 7та епизода изненади со добар хајлајт, барем од моја гледна точка.