Јас одамна ги имам изгледано,но се ме мрзи да прокоментирам. Спојлер: за оние кои гледале ст4 Еден,одлична беше сезонава.Искрено беше малку пострашна од претходните три,но беше супер. Два,не можам да го напишам бидејќи се расплакувам од самата помисла.Еди. Еди. Три,Макс.Сакам.Да.Се.Разбуди.Не.Можам.Да.Живеам.Без.Неа. Четири,Дастин и Еди ми беа омиленото дуо. Пет,Џојс и Хоупер мислам дека избрзаа со бакнежот иако се разнежив на тој момент. Шест,Вил не е геј.Пречувствителен е.Опседнат е со Мајк.Толку. Седум,Какво е тоа враќање на Хопер,какво реагирање.Мислам,предолго го очекував овој момент,а сега?На местото на Ел,би постапила посреќно,по живље. Како и да е,едвај ја чекам 5та сезона.
Со душа ја чекав новата сезона, all in all задоволен сум иако сметам дека епизодите беа многу долги и имаше моменти и сцени колку да се исполни епизодата, но затоа ПОСЛЕДНИТЕ ДВЕ епизоди ме залепија за екранот до последна секунда. Нема да давам спојлери(за тие шо се уште не ја гледале) и едвај ја чекам последната сезона, додуша ќе се изначекаме до 2024. Патем морам да признаам две работи: 1. Модата и како се носат ликовите од овој период ја обожавам, не само за оваа сезона, туку општо за целата серија. 2. Имам солиден crush на Sadie Sink(Max) ugh!
Ме уништи, ме искрши, ме дотепа финалево. Спојлер Tолку се соживеав, на глас плачев, навистина не можам да се опоравам и сѐ уште ми надоаѓаат солзи кога ми текнува на некои сцени. И ништо, ама баш НИШТО не би сменила. Сѐ беше совршено вклопено, така како што беше, дури и најситните делчиња од сложувалката. Серија ремек-дело, чиста 10ка за четвртава сезона. Мене ми беше убедливо најдобра досега. И јас читав коментари дека ова помеѓу Џојс и Хопер било избрзано и не знам што уште не. Луѓе, не знам за вас, но мене секако ми се смачи од нивното држ-недај изминативе неколку сезони. Колку прилики имаа, никако не им дојде ред зашто секогаш нешто друго имаше поголем приоритет од нивната романса. Хемијата меѓу нив беше преочигледна, а и толку време пројде откако исчезна Хопер, навистина прашање на време беше кога ќе се препуштат еден на друг. И јас да бев на местото на Џојс ќе му скокнев од врата. Ептен се израдував, конечно, значи конечно малку fun and games и за нив, заслужија. Моментот кога Хопер се врати дома кај Ел и оваа му рече дека ја оставила вратата отворена како што ѝ наредуваше тој. За Еди нема потреба да елаборирам и јас, мислам дека тој и Макс беа врвот. Едноставно ја издигнаа сезонава, а јас не умеам да додадам ништо друго околу тоа. Не можам да се опоравам, емоционално сум скршена. Поготово колку беа добри дејствијата околу Макс, колку длабоки теми отвори нејзиниот лик - справување со загуба на близок и сѐ што следи потоа - еден тон болка ко да ти отсекле дел од телото, тага, депресија, суицидални мисли, запаѓањето во тој вртлог од кој не можеш баш така лесно да излезеш сам. Многу ме погоди, навистина многу. Писмата кои ги пишуваше до Били, дијалозите, како полека паѓаше во канџите на Векна, сѐ беше толку опипливо прикажано, толку "raw", имав чувство ко да минувам низ истото заедно со неа. Од срце посакувам да се избори, но и јас мислам дека ќе има длабоки последици и уште од сега ми се плаче, но сепак останува да видиме како ќе се заокружи сево ова. Секоја чест за актеркава. Со душа ја чекам следната сезона и се надевам ќе земат некоја награда од овие годишниве. Навистина на прсти се бројат сериите што не разочараа и Stranger Things ми е убедливо водечки фаворит. Можеби е малку пристрасно, но што друго може да се очекува од серија/филм каде што Винона Рајдер замешала прсти. Секогаш имам високи очекувања од неа зашто никогаш не се вклучила некаде ради реда и секогаш си е на висина на задачата. Кралица.
Само што ја завршив 7 епизода од 4 сезона и иако многу работи се разјаснија јас имам пак милион прашања. Можеби во наредните епизоди ќе ми се разјасни или уште толку ќе се збунам. Инаку иако преголем скептик бев за серијава, многу поразлично мислење имав се додека не почнав да ја гледам и се навлеков 100000%. Предобро глумат дечкиве секоја чест. И како се развиваат работите и почнува се да се разјаснува многу ми се допаѓа. Спојлер: Објаснување? Убаво објаснија во 7 епизода како се создава Векна и целиот развој на настаните , но не ми е јасно како дошло до создавање на неговите моќи? Потоа папа сакал да ги пресоздаде моќите и почнал проект експерименти врз останатите деца? Зошто после еден/Векна останал да работи со него и да му помага а уствари бил затвореник, приморен бил на тоа? И откако се бореа со Ел, она само го испрати во upside down, што значи дека тој свет сепак веќе постоел? Не го има креирано Ел. Незнам овој дел со Векна и upside down ми е малку недоволно објаснет. Како на трчање да објаснија.
Спојлер Вака,Векна е роден со моќите,а тоа со папа не го знам.Мислам дека нашол начин и на другите да им даде моќи. Апсајд Даун постоел и пред Ел. Не сум сигурна,ако знае некој повеќе нека ти помогне.
Спојлер: Спојлер Така е изгледа, само што јас очекував поголемо објаснување за создавањето на upside down како и моќите на Векна.
Спојлер Па мислам дека Векна го создал Апсајд Даун,а тој е роден со моќите.Како дарба му се.И јас толку знам.
На попчеток мислев дека е некоја детска серија која е само премногу форсирана, ама не, серијата е врв! Според моја оцена 10/10 Од глума, до сценографија, музика, туто комплето! Вреди да се изгледа!
Најморбидното е што серијава е снимана по вистински настани. Мислам се вика Montague experiments, во некоја воена база во Америките. Fuck logic. Инаку слична серија е Archive 81.