Street Fashion, т.е улична мода е термин кој се користи за модата, облеката која не е ни најмалку слична на онаа од модните писти. Кое е вашето мислење во врска со уличната мода? Дали под улична мода се подразбира да го облечеш првото парче на облека кое што ќе го пронајдеш? И колку е застапен овој тренд во нашата држава? Макар што според мене е мал бројот на тие што ја практикуваат оваа мода. Дали вие ја практикувате оваа мода? Примери на луѓе со улична мода:
Искрено, не знам баш да го дефинирам тој стил и според твоиве слики не можам да издвојам некои баш особености за него. Еве што најдов под тоа име на Гугл...
Анушке и јас сум делеку од овој стил. Чисто ме интересираше колку сме запознаени со тој вид на стил. И како го разбирате поимот, улична мода, како мода која што е далеку од таа на модните писти, или облекување на првото пронајдено парче облека.
Мало е сликичево но може да се види Па срцка и двете ама повеќе ме асоцира на она првото парче облека најдено и облечено
Инаку во секоја земја оваа мода е различна , и претежно зависи од музиката која се слуша. отворете lookbook.nu и видете улична мода, затоа што јапонките се многу далеку од тоа што јас го викам street fashion.
Па знам, затоа и ја отворив темава. Затоа што секој на различен начин си ја сфаќа ‘‘модава‘‘. Па сакав да разјасниме некои работи. Доколку можеме, секако.
Па денес си се носи кој,како што сака,некој носи што има,некој следи мода,трендови,немам некое посебно мислење за уличната мода,се е избор на вкус