Не ми е јасно зошто повеќето форумџики по поимот Street Fashion подразбираат `циганска` мода, или не-мода, или што ќе ми дојде прво при раце. Самиот поим кажува Улична Мода, -значи сепак е мода.... Според мене уличната мода е контра приказ на високата мода, или модата која некој ја диктира. Оној кој си има сопствен стил и си го развива, наспроти она што во моментот е во тренд. Значи... 1. тука спаѓаат субкултурите Emo/Scene стилот Goa/Psy/ trance стилот Rock/Punk стилот Hippy/Tribal/ Ethno стилот и уште милион други стилови и под-стилови... Некому некои се допаѓаат повеќе од другите, некому се одвратни и гадни но едно е факт... дека се многу по-тешки и специфични за комбинирање отколку меинстрим модата. Бараат доста време (прво за да искомбинираш, второ да ги најдеш автентичните и често уникатни парчиња кои не се продаваат во секоја продавница) И сепак се работи за мода која исто така има строго зацртани правила за комбинирање. Некој повеќе некој помалку успешно успева да направи комбинација...и тоа е до умешноста впрочем како и во било кој стил на облекување. Само затоа што субкултурите пркосат (контрираат) на високата мода, спаѓаат во групата Street Fashion. И факт е дека повеќето не сакаат да им биде диктирано што кога треба да носат, си носаат она што сакаат кога сакаат... 2. Во `street fashion` спаѓаат и оние `casual` кмбинации или парчиња гардероба кои не ги носиме според тоа дали се моментално модерни туку дали убаво ни стојат, прилегаат на телото и.т.н. На пример, јас имам едни шорцеви, окер џинс од мајка ми кога била млада. Така ми се прилепени за тело што делува како за мене да се шиени. Постојано кога ги облекувам ме прашуваат од каде ми се, бојата им стои како да се сношти купени. И сеа си ги носам, без разлика дали шорц со таков дизајн е моментално во мода, или окерот како боја е во тренд. Ми е гајле, што убаво ми стои тоа си го носам. Тоа исто така спаѓа под псевдонимот Street Fashion.
Jас тука гледам повекето слики се многу убаво облечени девојки, сасвим нормално, потоа има полно слики од винтаге стилот и другото припага туга.. изгледа дека полно луге не го ни прочитале насловот на темата туку само слики си постирале
Гледам повеќето изнаставале слики што ми личат на цигански "стил" Според мене, уличната мода не е да го облечеш првото нешто што ќе ти падне под рака, но секако дека не е ни блиску како овие слики...Сметам дека е слична како спортскиот стил, односно casual outfit, а не наставани само триста тракатанци на себе или пак шареници... Впрочем, го носиш она што ти прилега и во кое се чувствуваш удобно. Ова е само мое мислење
Баш ми се допаѓа кога ке видам некоја девојка која не оди по модата, туку си има изградено свој стил.
Може да се каже дека и јас имам ваков стил и скроз се слагам со HeidiDiWalt дека уличниот стил е потежок за комбинирање и негување.. А лично јас ваквиот стил го сваќам како спротиставување на закони и ограничувања.. нешто слично како панкот во музиката. Добра особина на ваквиот стил е неговата неограниченост и живее од креативноста, а исто е и практичен и лежарен (убаво се чувствуваш во него). И ти помага да се пронајдеш себеси. Еве некои мои омилени комбинации:
А да покажеме малку од Скопскиот Стрит Фешн Можам да кажам дека гледајки ги сликиве на новиов блог за нашиот стрит фешн дека сум и повеќе од пријатно изненадена, што сме убави и дотерани може и некоја феминка има тука. Браво за идејава и за блог за нашата улична мода
Препознав една од девојките Битолчанка е и стално е средена, многу добар стил има изградено . Пријатно сум изненадена, сите ми се допаѓаат
Јас сум вери мач изненадена Што убавини имало низ Скопје. Е сега се обложувам дека овие луѓе се двојат од морето исто облечени дечки и девојки, и баш заради тоа се нашле на сликиве. Сигурно нема да сликнат девојка што личи на друга девојка, што личи на другарка и. Тоа е тоа.