Отсекогаш сум била фасцинирана од овие актери. Тоа се актерите во втор ред, кои глумат сцени кои ѕвездите не сакаат да ги глумат (пр. еротични или преопасни акциони) и се бираат некои кои наликуваат на нив. Сигурно имате забележено низ филмовите. Во последниве децении ги има најмногу од било кога. Некои велат дека тоа го прават поради адреналин, некои поради плата, а некои поради задоволство. Често дублерите знаат и да загинат на снимањето на одредена сцена. Јас ги почитувам, но се прашувам дали земаат барем задоволителни плати од она што го прават а се анонимни за нас за разлика од ѕвездите.