Sugar daddies

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од referentka, 7 март 2019.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    13.721
    Допаѓања:
    135.935
    Кој шо сака, нека си прај.
     
    На dayla, daylight, XstrongerX и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    1.946
    Допаѓања:
    33.231
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години има дедичот, ама воопшто не е нормално тинејџер, дете да е во врска со некој дедо што може да му биде. Мислам, и јас сум либерална ама што е екстремно екстремно е и никаков екстрем не е добар.

    Таквите врски не се базираат на емоционална поврзаност, туку се чист интерес и ништо повеќе. Да ги изгуби сите пари sugar daddy-от ќе видите како и со парите ќе се изгуби "љубовта" од другата страна. :)
     
  3. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    36.566
    Пол:
    Машки
    По мене подобро е и двајцата да се свесни на што се, отколку некој да е со тебе од интерес, а да те лаже како е заљубен и му значиш.
    Затоа не гледам зошто би ми пречела таква одлука на две индивидуи кои немаат никаква поврзаност со мене.
     
    На daylight, Kacikakacika, blackwave и 4 други им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    46.196
    Повторно, никој не рече дека му пречат.
    Пак го утна аргументот.
    Трачариме малку, дискутираме на темата, што би се рекло.
     
  5. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    36.566
    Пол:
    Машки
    Јас не реков дека ти или било кој имате нешто против, дадов пример и свое мислење. Ако со тоа небањати и нешколувани, мислев на некој од погорните мислења, ќе го цитирав. Пишав дека и сѐ е релативно, што пак дава до значење дека верувам како постојат секакви ситуации. Ти одбра да ме цитираш.
     
    На Kacikakacika, blackwave, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Aма во примерот што го даде се работи за малолетник... Ако оправдуваме свесна одлука на малолетник од 16 години да биде со дедо, не е долг патот до оправдување педофилија.
     
    На Harper, Oxymoron, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    46.196
    Па види, мислењето ти почнува со "не значи дека сите". Значи си добил мислење дека општиот впечаток е "сите се такви".
    Проблем со изразување, или нешто друго, не знам. Нема потреба да стануваш агресивен, последен пат кога проверив не беше забрането да се цитира. Или можеби во твоите теми е...
    Кога дадеш мислење и некој те "предизвика" на твоето мислење со цел развивање на дискусија, не можеш да му кажеш "кој те праша нешто".
    Ако никој не ме прашува ништо, еве ти ЛП, не мора воопшто да пишуваш на форумот.
     
  8. Dentina

    Dentina Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    12.452
    Ana Nicole Smith 99% nemashe seks so nejziniot sugar grandpa:)..89 godini i vo kolicka.Prashanje e kolku stariot bil so chist pamet no sepak ete legalno bil kompetenten. Potoa taa se sudea so godini so sin mu za parite. Tragicno zavrshi i taa na kraj. Taa mi e prototip za sugar everything. I na Hju Hefner devojkite ama tie sami kazuvaa dwka imale seks kakov takov so vijagra no i strog rezim vo Playboy mansion. Vo toj slucaj site strani se mentalno kompetentni i sami vlegle vo situacijata.
    Edit ..Mona ne vidov deka si pishala za Ana. Zavrshi seriozno zavisna od lekovi i i taa i sin i pocinaa od predoziranje pod cudni okolnosti.
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.803
    Допаѓања:
    36.566
    Пол:
    Машки
    Во право си, но не верувам некаде да пишав дека го поддржувам таквиот чекор, туку дека не би осудувал ситуација во која не сум се нашол. Можеби и примерот е погрешен, се согласувам.
    Ти откако си на форумов цело време се трудиш да извелечш нешто од моите мислења за да направиш да изгледам лошо. Воопшто не сум агресивен, најнормално дискутирам. Ако некој цело време разговара со дрзок тон, тоа си ти.
     
    На blackwave, Abeja и Animali им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    8.869
    Допаѓања:
    46.196
    Одлично, тотално објективно мислење и целосно поврзано со темата.
    Абе не беше таков фустанот. :D
    Еве ваков беше, само одделени прерамки, у V
    [​IMG]
    Не беше лош фустанот, само полиестер беше, јас во тоа би умрела да ме стават пола саат, а не да летам. И сѐ во ред, ама да не беше цел, ама цел исфлекан со стари, кремасти флеки како мокри блокчиња, како кога се намокри нешто.
    Штиклите беа кафеави римјанки. Мај месец беше, топло.
     
    Последна измена: 7 март 2019
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.266
    Допаѓања:
    267.779
    Се е ,,пазар,,
    Се се сведува на имање потреба-задоволување на истата.
    Девојката има потреба од пари-дедото ја задоволува потребата.
    Дедото има потреба од ,,трофеј,, до себе - девојката го придружува.

    Оваа појава така ја сфаќам
     
    На glosipgirl, oblace1, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.646
    Допаѓања:
    49.481
    Пол:
    Женски
    Некои ситуации имаме општествена одговорност да ги осудиме.
    Дечкото бил искористен во момент на немоќ.

    За други ситуации на обострана согласност и без малолетници... што знам. Не можам да поддржам, се трудам да не осудувам. Сепак ми доаѓа да им шлапнам по еден шамар за да ги освестам.
     
    Последна измена: 7 март 2019
    На Harper, Oxymoron, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    7.615
    Пол:
    Женски
    Отворив прееска да дочитам како се се завршило, она и син и кога умреле ќерката имала 5 месеци, ама е од друг татко, а иначе Ана се догребала до 700 милиони негде, ама ќерка и по нејзината смрт не добива ништо, и тоа што викаш може и ги убиле па наместиле да изгледа како самоубиство...дедево некој опасен тајкун бил.
    Кога ќе видиш ваквите не се глупи штом стигнале до толкаво богатство и моќ само ги залажуваат спонзорушиве со некое крпче колку да не е без ич, не знам за некоја да преземала после таква империја.
     
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    11.969
    Допаѓања:
    159.716
    Пол:
    Женски
    Што знам, според мене доволно финансиско зависење од постари генерации во животот - е она од семејството во детството и раната младост, заедно со чувството на контрола со кое често дури и таму одат рака под рака и многумина мака мачиме со истото. Во мои очи empowering момент е кога сам/а создаваш нешто и напредуваш материјално, а не таа зависност и контрола да ја продолжиш на позрела возраст и во ваква сосема друга форма (без разлика за кој пол се работи).

    Не гледам никаква длабочина и чувства во вакви врски, а само корист од друга страна, така што не можам да речам дека поддржувам и лично никогаш не би се впуштила во вакво нешто.
    Физичката привлечност (најчесто, ете не кај сите) е еднострана, а и посебно кога се работи за оние огромни разлики во години (40-50 и даље) - сигурно уште помалку имаат заеднички интереси, ставови, поврзаност.

    Секако, кога се работи за (исклучиво!) полнолетни личности, сѐ се сведува дека не ни пречи и може кој што сака да прави - но имаме право да искажеме мислење и преференци.
     
    На Ava.84, Purplelilac и Oxymoron им се допаѓа ова.
  15. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.103
    Пол:
    Женски
    Секој сам си го бира начинот на кои што ќе заработува, има девојки кои сакаат луксузен живот, сакаат да бидат во таков круг на луѓе, да бидат познати па тој им најлесниот начин да ја искористат својата младост и убавина за да стигнат до нешто посакувано, во кое што не гледам ништо лошо, бидејќи секој во животот се стреми кон нешто па така доколку ние сакаме сами да заработуваме, они не сакаат така и си го бираат по едноставниот пат.
    Може за некој е грозно, но мене ми е океј, кој што сака нека прави.
     
    На Stressed Out и Lella им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Sugar daddy/sugar baby relationships are nothing personal, it's just good business...:cash:

    Во однос на овие врски, јас сум неутрална, односно се водам по правилото "whatever floats your boat" бидејќи се додека двајца полнолетни лица доброволно се согласуваат на ова, без присилба или закана, и притоа не повредуваат туѓи интереси, тоа е нивно право и нема јас што да ги осудувам или одобрувам нивните постапки.

    Со други зборови, не ми е грижа кој на што и кого ги троши своите пари, како и кој на каков начин се стекнува со пари и материјални добра, се додека тоа не ми влијае на непосреден начин.

    Но што се однесува до мене, секогаш велам: "Be your own sugar daddy"
     
    На calliope, glosipgirl, Madam-A и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    5.167
    Допаѓања:
    90.016
    При драстични разлики јасно им е на двајцата за што се работи и претежно свесно влегуваат во таков однос затоа што им одговара и се прилично искрени. И девојката сигурно не е оставена со дедото да и мине младоста, си има ваљда друга забава. Или после одредено време си оди. Не му раѓа деца и глуми верна и горда сопруга на влијателен човек па да и мине животот во лаги и драми како многу спонзоруши, туку бира пократок и поефективен начин. Која од нив останала со дедото дури сама не остари? Ок, Кетрин Зета Џоунс.
     
    На dunika, oblace1, Harper и 4 други им се допаѓа ова.
  18. David.wp17

    David.wp17 Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2017
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Машки
    neka pravi koj sto saka. Gi zalam maskite denes koi sto veruvaat vo ljubov, iskreno jas ne veruvam tolku i da sakam ke bidam pretpazliv. nema nisto loso da se druzam so nekoja diskretno ili bilo kako a za toa da i nadoknaduvam na bilo koj materijalen nacin. dali so pari ili podaroci. zatoa sto se mislam eden den koga ke bidam postar koj znae so mi nosi toa. Zatoa uzivajte si vo zivotot sekoj na svoj nacin.

    ps. devojkive denes barem da se krijat malce za da ne povredat nekogo za da ostane barem nekoj so ke ima ubavo mislenje za ljubovta ili zenite tuku na sekoj cekor so nekoj gabor setkaat pa i se gordeat koga gi pegla nekoj dedo za pari.
     
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Машки
    Ваквиот тип на луѓе се бесчувствителни за нас можеби делуваат како монструми, за нив можеби е нивното најдобро оружје.


    Познавам личност, искрена е, сака ваков тип на врска, односно личност со пари и на некој начин да ја спонзорира. А за спротивност нуди внимание, беспрекорно, лесно прилагодлива за било кој муабет и веројатно и секс. Се декларира како асексуалка, ама веројатно има големо ниво на толеранција и разбирање кога се во прашање на парите.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    9.373
    Пол:
    Женски
    За мене искрено, основната разликата што ја правам е меѓу добар и лош човек, така да покрај ова, друго и не ме интересира за личноста, т.е не ги осудувам луѓето што го избрале овој начин на живот и целосно се согласувам со мислењето н @Briar Rose.

    Сами избрале, неприсилени, им годи и на двете страни, ако некому штетат, тоа во краен случај би било штета на самите себе, на останатите нас нема како :)

    На прашањето на Референтка "Дали на погрешен начин го одат патот кон успехот или прават паметна инвестиција?" мојот одговор би бил дека нема главна и дефиниција за пат кон успехот, па така ако нашиот пат до успехот се разликува од нечиј друг, не значи погрешен, значи различен пат, бидејќи станува збор за различна личност и различен живот.
    Воедно, паметна инвестиција е секоја наша инвестиција што ќе ја направиме, а од која ќе профитираме и се осигуруваме на многу начини, која исто така за секој е различна, бидејќи на сите целите ни се различни во животот.

    И не секој го може тоа што и другиот го може, па така е подобро секој да си гледа за себе :D Досадна сум ако речам не ми прави разлика што друг прави, ама па и стварно не ми прави :D

    п.с @Bridget Кај ја најде Кетрин за оваа тема? :^):D
     
    На Purplelilac, blackwave, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.