Пред некое време баш читав за 19 годишна девојка која се омажила со 62 годишен човек. Изјавила: „Незрелите мажи не знаат да ги третираат своите партнерки, а мојот сопруг ме третира како кралица“ Еве линк. Немам ништо против, ако и двајцата се задоволни од својата врска/брак. Дали се заедно поради материјална корист или некаква друга компатибилност, тоа си е нивна работа. Јас лично не можам да се замислам со некој кој може да ми биде не само татко, туку и дедо можеби. Но нѐ има секакви.
I am my own sugar daddy. Спрема парите си ги исполнувам и желбите. Јас не дозволувам некој млад да ми се лигави и да ми го валка моето сопствено, скапоцено тело, не па стар. Бтв за други било девојки, било момци, не ми смета. Секој својот живот си го гледа од сопствена перспектива и си има свои одредени граници. Се додека тоа не влиае лошо на мене, I don’t have a problem
Ако се залагаме за лгбт, ако се залагаме против зборот лесни, ако се залагаме кој како сака да се носи.. Логично би било и ваквиот тип на девојки да имаат подршка од сите што се залагаат нели Мене воопшто не ми пречи кој со кого живее и зошто. Дали е во ред? Ако на неа и на него им е зошто мене да не ми е
И асексуалните луѓе имаат секс. Можеби немаат сетилни реакции или идентичен психолошки механизам како оние кои се декларираат како сексуални, ама посекако не им е забрането полово да општат. Сите бои на спектарот нели. Што се однесува до темава.. Поддржувам. Ама за мене лично немам интерес да најдам спонзор. Ако веќе најискрено зборувам, мошне сум амбициозна по природа, па затоа барам момци кои бараат suggar mummies. - 24 годишна плавуша, со 65 килограми, 164 висока, луда, и откачена. Ајмо ЛП, фмп.
Она кога не ти се објаснува Вајлд не се лути, само смешно ми дојде дека секогаш поопширни мислења пишуваш ама ова ти е оригинално Инаку се согласувам со истово. Не ми пречи кој како сака да си прави, поточно ниту ги поддржувам ваквите врски ниту пак сум против. Сеедно
Феминизмот е многу популарен на форумот во последно време. Таман и за празников, може од таа гледна точка да се изјасниме? Многу ме интересира што мислите. Ова ми изгледа на очигледна форма на патријархат - мажи со пари ги користат парите да добијат секс од млади жени што не би ги ни погледнале без тие пари. Повеќето од овие мажи се оженети со семејства, и шпартаат со швалерки по луксузни хотели. Жената дома веројатно знае и ќути бидејќи и таа има корист од неговите пари. Дали треба да се поддржи оваа патријархална пракса во која мажи доминираат над жени бидејќи тие се оние со финансиска моќ? Ова значи дека поддржуваме газди стари дртала што вработуваат секретарка само ако секс е во прашање? Со согласност ќе го даде. А жената дома знае и седи бидејќи се чувствува немоќна да преземе нешто. Whatever floats their boats? На индивидуално ниво, секако... секој со своето. Moжеш да правиш што сакаш и како сакаш. На социјално ниво, ова е страшно нездрава работа да се поддржува и е против се' она на кое ги учиме нашите ќерки. Секако дека имам мислење. И да знам дека некоја моја блиска е во ваква врска, би разговарала. Секако дека не можам да ја спречам и нема да и' се мешам во животот. Но како што не би сакала да биде во врска или брак со опресивен маж, и за ова би разговарала за нејзино добро. Е сега, има и друга гледна точка, дека шугар бејбис треба да се поддржат затоа што тие ја имаат контролата. Жените треба да се поддржат да прават што сакаат. Мене не ми изгледа така. Мене ми изгледа дека баш тие се злоупотребени бидејќи се финансиски ранливи, а имаат нешто што на богатиот му прави задоволство. Случајот што @Ketchup го спомна баш така ми изгледа. Каква согласност е таа? Дали ако бејби имал пари би се одлучил на таква врска? Има тука согласност, секако, но предизвикана е од немоќ. Кога би биле овие рамноправни, оваа ситуација не би постоела. Би постоеле само млади жени што имаат фетиш на стари мажи и обратно, без парите во равенството. Само тогаш би било во ред. Ама ако ги тргнеме парите од равенството, овие случаи би биле толку ретки што не би биле тема на разговор. Пак се сведува на пари, и дека е потешко за жени да ги заработат самостојно. Знам дека има и мажи во улога на бејби, но почести се жените па затоа ме интересираат повеќе. Среќен 8 Март, ви посакуваат Роза и Клара.
Лично не би имала sugar daddy, поготово не некој дедо. Ама немам ништо против тоа, секој си има право да прави што сака.
Не те прашувам, туку кажувам, дека 16 не е 'ништо посебно' во однос на тоа, што дозволува законот во Македонија. Ако се бориме да не бидат злоставувани деца, законот треба да бараме да се смени.
Ноу ноу, искрено ќе полудам. Нема да ми биде пријатно ќерка ми да ја финансираат чичиња постари од нејзе и да си се шетка со нив. Нека работи подобро било што, нека чисти, нека чува дева било било што.Нема да ми биде пријатно да дознаам такво нешто. Моите мене ме воспитуваат сама да си плаќам во животов, затоа и учам сакам да постигнам нешто. Може нема да сум милијардерка, ќе живеам колку ми е долга чергата ама ќе знам дека сè сама сум си платила, сама сум дошла до тоа.
Па затоа спомнав дека имаме општествена одговорност да бидеме против некои работи. И покрај тоа што има согласност, и покрај тоа што е законски во ред, од човечка и социјална точка мислам дека не е. Некој мисли дека нема право на мислење затоа што е работа на тој што решил така. Јас мислам дека имам право на мислење затоа што не е во ред. И секако дека нема да го осудам 16годишникот, туку дедото.
@LivingGlam Јас вака гледам на работите: Наша феминистичка одговорност не е 100% да поддржиме сѐ што прават некои жени, и да кажеме дека е нивни избор. Така ништо не сме направиле. Ако жената избрала да биде во ваква врска, ама немала друг избор, тогаш таа не го избрала тоа. Таа буквално се предала на единствената опција. Тоа е активна форма на злоупотреба. Баш примерот што се нафрли во темата, дечкото во тој момент немал друг избор. Тоа не е ниту ослободување, ниту либералност. Знам дека ќе звучам контроверзно за "една феминистка", ама деновиве се зачитав статистики за проституцијата. 90% од жените кои се во секс индустријата викаат дека би напуштиле кога би имале друг избор. Значи да, некои од нив избрале да го работат тоа - ама многу од нив избрале затоа што немале друг избор. Со легализација на проституцијата, на пример, ние им викаме на сите тие жени "знаеме дека немаш друг избор, ама барем е легално тоа што го правиш". Пак е активна форма на подржување на опресија на жената. Тука се и "избрав да сум домаќинка затоа што мажот не ме пушта да работам, или затоа што и така не можев да најдам работа". Тоа пак не е по избор. Тоа е пак активна форма на опресија. И додека од една страна кажуваме дека секоја има право да го живее животот како што сака, треба прво да погледнеме дали таа го живее животот затоа што така сака, или не сака така да го живее животот ама баш немала друг избор. Пред 2-3 месеци седиме со една жена, и ми вика "дојдете тука да живеете, еве дечко ти веднаш ќе се вработи". "Знам", реков, "знам дека дечко ми ќе се вработи веднаш, и ќе има 3, 4, 5 работи од кои може да бира, а јас ќе немам избор. Ќе можам да бирам помеѓу 2 работни позиции со никакви права, тешка физичка работа, без право на одмор, со броење на секој слободен ден. Всушност, потполно истата позиција, за иста плата, само кај различен газда". Наместо да кажуваме "whatever floats their boats" треба да се бориме за општество со еднакви можности за сите. И кога збориме за нечиј избор, треба прво да погледнеме дали таа личност навистина избрала, дали имала воопшто избор. П.С. Не беше можеби терк по кој планирав да го терам мислењето, ама така излезе. Среќен 8ми Март
Нели не збoриме зa некoи штo се сексaaт зa 50че oти вo кризa се пa дури зaстaнaт нa нoзе, туку зa oдржaни девoјки штo oдaт сo бoгaти чичкoвци. Кaкo немaaт избoр? И зa присилa не збoриме пa тргнете ги дрaмите сo имaaт или немaaт избoр. Имaaт и гo избрaле oвa. Немa пoтребa жртви oд нив дa прaвиме, пa чичкoтo дoминaнтен бил a кутрите жени вo пoдреденa сoстoјбa и злoстaвувaни. Нaсилствo е веќе другa темa. Oвa е личен избoр, кaкo жени штo oдлучиле дa не рaбoтaт и дa зaвисaт oд сoпругoт. Нa едни им е oк, нa други незaмисливo. Тoлку. Вoзрaсни се, плус, мoжеби се пaлaт нa пoстaри и влијaтелни.
Тие имаат избор, и многу бираат да одат со 2-3 чичковци истовремено, за пари. Ама, еве, примерот со дечкото, кај што на 16 години го исфрлиле од дома, тешко дека имал многу избор.
Дур бевме студенти, имавме во наша генерација... колешка од друг крај на светот ај да речам. Бевме на по 19, нејзиниот беше у доцни 40ти, женет, бездетен, грд, одвратен. Наводно немаа секс, само си муабетеа. Наводно. Доаѓаше пред наша зграда ќе си постоеја, помуабетеа и ќе си одеше. Добиваше парички на секое гледање колку за козметичар или што год и требаше. И купи кола, ја смести кај шо она посака... беше облечена у марка од глава до пети, се скоцка, се л'сна, се стегна.. изгледаше ко женска од “милион долари“. Не евтино, напротив..ко од високите кругови Онда раскинаа и ја зема колата сосе парталите сосе се'. Па потоа се смирија и и' ги врати парталите и колата. Па повторно се скараа али, тогаш она веќе беше обезбедена со друг и си ги зачува парталите. Стилот и ден денешен го практикува, мислам на облекување.) за друго не знам пошто, сега си е мажена.
Имаме сите примери околу, со македонските т.н. газди. Дали нивните жени дома не се во подредена состојба? Дали не е остаток од патријархално општество? Дали жената што соодветно ќе аплицира за работа но не е згодна и млада и нема да добие работа поради тоа - не е во подредена состојба? Зашто ќе ја добие некоја млада и убава што ќе даде услуга за возврат. Со согласност. За мене и девојката од 20 години што оди со 60 годишен чиче е во подредена состојба, ама ај тоа ќе го оставиме и ќе речеме дека е избор. За УСА, најчести се случаите со девојки кои вака си ги финансираат студиите. Не се тие виновни. Лудост е да мораат да платат илјадници долари за семестар само за да добијат образование што го сакаат. Инаку ќе влезат во студентски долг што ќе го отплаќаат дваесет години откако ќе дипломираат. Практично системот ги турка во ова. Можеби за некого е свесен избор, но не мислам дека е така за сите.
Вo темaтa немa местo зa сoпруги. Дaли имa или немa, oвaa темa е зa пaр, стaрo-млaдo. Зa неверствa другпaт. Кaј ги нaјде oд сите, девoјките oд Америкa дa ги земеш кaкo пример зa жaлење? Пa кoлку штo имa мoжнoсти тaму дa зaрaбoтиш, кaде? Скaпи биле студиите? Системoт ги туркaл вo oвa? Се шaлиш? Секaкви кoлеџи имa, секaкви oпции дa дoјдеш дo пaри зa студии, крaј крaевa пa и не мoрa дa студирaш, мoже ќе плaчеме oд жaл oти некoјa девoјкa oд УСА не успеaлa дa се зaпиши нa фaкултет. И дa oтплaќa 20 гoдини ќе имa oд кaде дa oтплaќa, сериoзнo зa Амери прaвиме муaбет?
Добрите колеџи таму се за богати. Комјунити колеџи не им значат многу. Квалитетното образование не е тука. Што ќе работи за да заработи 60+ илјади годишно без добиена диплома, плус да учи фултајм? Стипендија ни пола нема да покрие. За студентскиот долг таму, еве повеќе. Ако немаат пари, имаат друг избор, секако. Или да не студира, или да отплаќа долг како знае или умее, или шугар деди. Велам дека системот ги турка затоа што станува невозможно за студентот да се финансира. Да било поинаку, многу од нив не би се одлучиле на вакви врски.