Не е работата (на темава)кој какви мажи сака, постари или помлади ако се роди љубов меѓу вас, привлечност или симпатија како сакаш наречи го (јас имам другарки со 10 15 години постари дечковци од нив па супер им е, иако лично не сум била со толку постари) него за жени (или мажи) што единствен мотив за да легнат или да бидат во врска со некој им се парите или материјална корист, шугар бејбс, спонзоруши, препаго, старлети се е тоа иста категорија, не бираат со кој - стар, млад, грд, убав се додека има корист, кога веќе нема ќе го откачи без размислување.
И мене ми е, ама не ме асоцира на sugar daddies. Сеуште може да постои и љубов помеѓу нив ,а и добра физичка кондиција и да биде одржан иако е +20.
Точно.. ама не ја знаеме сечија приказна. Ако види некој пар со голема разлика во години, одма ќе помисли дека се спонзор и спонзоруша... или спонзорка и спонзоруш (???) А не мора да значи.
Немам некое посебно мислење во врска со шугар дедис / бејбис . Ако така им одговара , нека тераат, нивна работа. Па Хју Хефнер имаше неколку шугар бејбис . Очигледно така им одговарало, затоа и ја прифатиле таквата ситуација . А и не верувам дека некој/а момче/девојка ( зборувам за оние кои навистина немаат среќа во животот и се што ќе допрат им се руши пред очи) би одбиле ваков начин на заработка. Впрочем, тоа е најлесниот и најбрзиот начин да си обезбедат одредена сума на пари. Постојат девојки од сиромашни семејства, згора на тоа, имаат болен член кој мора итно да се оперира или лекува а третманот е премногу скап за да си го дозволат, иако работат на две работни места. Што треба да прават тие луѓе? Да ги остават најблиските на милост и немилост на времето? Да сум во таква ситуација и јас би прифатила да сум шугар бејби, секако постои простор за договор во тие работи.
За љубовта не се битни годините.Битно е да е права,вистинска. Ама,одвратно е да се биде со некој поради пари и луксуз.
Таквите личности можеби и никогаш не се заљубиле и едноставно некои други работи им се приоритет, како на пример пари и моќ .
Имам разговарано со таква личност и на некој начин така и одговара така и прави... твое е дали ќе ги трошиш парите и времето на таква личност. Ако ти одговара, да ако не не. Не ни се некои блиски па да им "солиме" памет или да се радуваме на туѓа среќа (демек ние како народ сме ептен емпатични и сакаме да се сите среќни весели ).
Па затоа сум отсекогаш да работиме на себе си и да си гледаме за себе си (се сметам за ептен затворен тип во свој weird свет) и да не продаваме магла, кој како сака нека живее, туку да не навлекуваме на друга тема.
Ама,кога нешто зависи од повеќе луѓе,треба да се реагира. Среќа на еден е несреќа за друг.И тоа го има. Спонзорушата прави што прави,но не мора и не треба да се фали со тоа.Какво е тоа задоволство да се потсмева некој кој малку заработува и има,но искрено сака? Никакво!
"Права љубав". Не е нешто толку ново ова, само што не се нарекувале sugar daddies/babies порано. Е затоа не го поддржувам ова. Во вакви случаеви сигурно не им се работи во животот па гледаат како најбрзо да се збогатат и да стекнат наследство после смртта на стариве богаташи, сигурно не и било дојдено да му прави друштво на старчево во последните години од животот. Колку и да сме "напредни", никогаш материјалното нема да го ставам над љубовта.
Абе шо има врска, па ти.. Тие ќе легнат до старец вечерва... не ти .. п.с. во примерот, никаде нема да легнат.. оти се легнати и двата.. Бог да ги прости.
Абе коа од авион се глеа дека за пари се зеле, сите мрчите. А оти вие се зимате оти некој има куќа и кола, али не е билионер па сите да приметат, ко пи*ки ќутите. Аман, остајте ги луѓето на раат. Шо ве боли вас.