Да ве потсетам дека Бред Пит и Џорџ Клуни,Том Круз се 50+ И тие можат да ни бидат татиња Инаку јас ги подржувам овие парови со големи разлики во години Вакви бракови имало и многу одамна кога немало ни цивилизација .... Јас би му седнала во скут на Бред Пит (а постар е од татко ми ) Соо ват?
Кога ќе видиш кај нас некој на тие години што изгледа како Том Круз, да ми пишеш. Овде на 50+ (а и помлади од 50) има саде запуштени зркнати манијаци кои не се со прачка да ги чепнеш, недај Боже нешто друго.
Урлааааммм се согласувам дека поголемиот дел од мажите овде се забагастрени (и ноктот на чулчето што го растат да не го заборавиме)
Идејата за замена на секс со пари никогаш не ми била сфатилива ниту привлечна. Тоа е софистицирана проституција, психолошка потреба за жената да биде доминирана односно зависна, да добива внимание кое порано го нема добивано и кои не можат без машка рака да ги води низ животните хоризонти. Не случајно шугар дедис се богати мажи, кои доминираат со нечиј живот пред се ради финансиите, а и умешноста во манипулирање на општествено послабите стоечки индивидуи, повеќето од нив ги има фатено пубертет по стари години и навираат фетиши неисполнети во младоста. По мене секакво искористување на нечија материјална инфериорност за сопствени цели е најнизок чин кој може да постои. Ги советувам сите млади девојки да се ценат себе си, да се образуваат, надоградуваат, сами да заработуваат за да еден ден уживаат во сите благодети на овој живот, без да се изгубат себе си во патот до таму, држејќи опресор до себе, за рака.
Девојки оваа тема не ја отворам со потсмев или било таква намера , туку сакам да подискутираме на оваа тема (малку посериозно ) Значи поимот Шугар деди вероватно сите го знаете , тоа е повозрасна личност од неговата партнерка и тоа во прашање се многу години и тоа 20+,30+... Вакви врски и бракови од секогаш имало и ќе има ! Кога и да ги видам биографиите на генијалците 60% се во врски и во бракови со голема разлика во годините .. Но поентата ми е зошто тоа во нашето општество се гледа со други очи ? Нели секој си има свое право на свој личен избор ! Ако Тито бил 30 години постар од Јованка , зошто не би бил и некој друг ? Што мислите како се прифатени ваквите врски или бракови тука? Дали ваквите бракови успеваат и функционираат ? Познавате таков пар ? Да не се разбереме погрешно , сакам ваши мислења Модератор: Споена дупла тема
Јусти, јас поимот шугар деди го сфаќам како постар богат маж и не толку богата млада жена. Ништо не мислам за ваков пар кога ќе ги видам од страна. Едино ако е некој постар ( ко Плејбој) со 20 годишна ми дојде смешно. Јас можам само да си кажам за мене лично. Не би била со шугар деди, посебно некој постар да ме " спонзорира", "финансира" како сакате кажете го. Не го сфаќам овој модерен феномен. И се поретко слушам " шугар мама". И почнувам да се прашувам толку ли нема богати, постари, влијателни жени? Не мислам дека Тито и е бил шугар деди на Јованка искрено. На млади жени на кои не и се работи, а парите и се главна окупација си бараат шугар деди. Исто така, знам за некои случаеви во кои е имало шугар мама. И доаѓам до заклучок дека најчесто овие жени емоционално се приврзуваат за младичот кој ги користи. Додека пак, кај шугар деди и самите мажи во најголем случај се свесни дека женската ги користи за пари и публицитет. Ама, шугар деди сака нешто друго за возрат... ЕДИТ: Да ти одговорам на прашањата: 1) Дали знам ваков пар? - Знам, да. 2) Што мислам за нив? - Ништо посебно. Сами си го избрале и тоа си е нивно. 3) Како се прифатени? - Па со потсмев, оговарање, омаловажување итн. И не ретко слушам за некоја УСПЕШНА жена со пример 10,20 години постар од неа муабети дека била со него ради парите. А, жената зема поголема плата и од него... Има исклучоци секаде. Ова го мислам за врски. А, за брак. Па, не знам. Не ми е логично да си во брак со некој/а , а да знаеш дека те користи ради парите.
Шугар деди во поинаков смисол е. Шугар деди е човек кој на финансира девојката на било кој начин, а таа за возврат му дава внимание и секс!
И јас под sugar daddy повеќе гледам како некој постар господин над 55 години со длабок џеб, си бара млади девојки за секс и други лични задоволства а он им враќа со многу пари, луксузни одмори и брендирана облека. Има исто и шугар мама. Тие што се во брак не би ги сместила во оваа категорија, во многу случаи има љубов без разлика на годините.
Брак со повозрасен и sugar daddy ми се две тотално различни работи. Брак со повозрасен, хм максимум до 5 години разлика би рекла, мое мислење секако. Sugar daddy или па sugar mummy е кога личност со пари купува внимание, време или секс од друго лице кое најчесто е и помладо. Не е секогаш секс, и не е секогаш пари, може да се и материјални работи. Е сега врски каде сите претпоставуваат дека девојката или момчето е со многу постар партнер/ка во врска или брак најмногу заради пари, а има огромна разлика во години, како 20+, 30+ секогаш ќе се чудни. Не е нешто што го гледаш секој ден, дали они стварно се сакаат или не неможат да докажат на секој што ќе ги види, а и не постои едно нешто на кое сите во општеството се сложуваат. На крајот на денот, не живеат за другите. Ако си се задоволни, супер за нив. Јас не познавам вакви парови, а и искрено не сум многу заинтересирана во животите на другите.
Зошто да не? Маж ми знаеш како вика? “Се' се плаќа во животот. Само прашање е дали припејд, или постпејд“ Порано му се лутев за ваквата изјава, ама сега сфаќам дека е во право. И не се однесува само на размена на услуги/стока за пари.... туку и за здравје, и за инвестирање време ... итн. итн...
Никогаш не би била со некој ради парите постар а и помлад и плус да не ме привлекува и да му се одолжувам со секс заради тоа што ме носи таму или ваму.. А немам ништо против тие што одат имам таква познаничка нити ја осудувам нити ја оговарам нека праве како е среќна.
Темава нема везе, нит приближно едно со друго што си пишала. Ваков аут оф контекст одамна немам видено на форумов. Боље избриши ја па одлучи се дали сакаш да дискутираш за шугар деди (кое тотално нема врска со брак ниту со староста на партнерот) или за брак со постар партнер (кое не секогаш има врска со голд дигерство). Да тврдиш дека сите жени кои имаат постари мажи се спонзоруши ти е исто како да тврдиш дека сите црвенокоси се к*рви или дека сите што носат кратка фризура се лезбејки, дека сите фризери се гејови, дека сите девојки со долги нозе се глупави или дека сите забари се педофили (ова последново е аут оф контекст како и темава). Второ, правиш сеопшта класификација на луѓе според еден избор од нивниот живот, што е недозволиво или очигледно располагаш со мал број пријатели и не си сретнала пример на функционален брак помеѓу луѓе со разлика во години, без никакви задни намери притоа. Јас сум повозрасна од маж ми, па кога се земавме јас бев без работа периодот, а тој беше далеку поситуиран од мене, што значи, можел да најде помлада од мене и со решен работен статус според твоево. Или само жените ги сврсти во голд дигери, според возраста на мажот, како и секој шовинист? Ако е така е баш тажно, но сепак размисли.
некогаш се склучуваа бракови со лица пред умирање заради наследување на пензијата, ама заради таквите далавери се смена законот да сопружник наследува пензија на покоен брачен другар само ако биле во брак минимум 5 години.
Чудни се за прости и недоделкани луѓе. Или луѓе без пријатели и доволно познанства. Втора ситуација, можеби едниот партнер растел без родител и има индиции према постари мажи и жени. Тоа е чест пример во психологијата. Трето, може стварно си се нашле бе. Ако ми одговара некој тип и сметам дека е моја друга половина, ќе му речам "ааа нее друже извини, стар си за мене", а може токму таму да ми е среќата. Него, кога не си бил дел од некоја ситуација или си неинформиран и без широк спектар на пријатели, исходот е "погрешен заклучок". Немојте.
Oвој модел на општествено функционирање не е помодарство како што некои денес се обидуваат да го претстават. Постар богат маж со помлада жена е нешто што отсекогаш било присутно во нашите заедници. Во провинцијалските средновековни средини, особено Франција и Италија, (најмногу пред и за време Буржуаската револуција), ако некоја девојка ја надминела својата седумнаесетта година а притоа сеуште не била венчана, семејството било должно да ѝ најде постар богат партнер кој најчесто се соочувал со проблем од секундарен карактер. На пример не можел да има деца, имал некаков порок и слично. Дури мислам дека традицијата до пред некој век и овде на Балканот горе - долу наложуваше вакви непишани правила. Лично овој концепт не го гледам како добар, затоа што секој еден од нас е перфектно способен да стекне материјални добра во огромни количини, (што при вакви договори е actually примарна цел), иако општеството не дозволува да мислиме така сервирајќи ни слика дека е тоа резервирано само за елитните високо образовани класи. Што е крајно парадоксално и нереално нели... Како резултат на ваквиот не еднаков третман, припадници на просекот (среднатата класа), се вечно во потрага по тој "american dream" кој нуди престиж и комфор, иако всушност не е воопшто така бајковит и розов. Тоа е така од причина што ваквите врски функционираат по принцип на трансфер. Секс за пари. Или стриптиз за пари, голотија за пари, во зависност од тоа како е договорот меѓу постариот човек и младата девојка, што е многу тешко за издржување од психолошки и физички аспект. Особено доколку постари мажи не ви се привлечни, a сакате само пари. Инаку, не знам дали и колку сте вистински запознаени, но не сите девојки имаат секс со sugar daddies, бидејќи ако се над 65, тие се често импотентни. Иако сега е оваа граница благо поместена, па импотенцијата започнува порано, на граница меѓу 58 и 65 години. Моето искуство на темава почнува пред два ипол месеци, кога решив на зафрканција да направам социјален експеримент на една страница за dating "SeekingArragment", но обидот од старт пропадна во моментот кога забележав дека прашањата за опис од страна на потенцијалната партнерка беа од типот "аre you latina/caucasian/capoid/mongoloid. Потоа опис на форма на тело и изглед. Што оддава мошне лош впечаток, бидејќи жените се класифицирни според етникум и изглед, како еден вид раса на кучиња што првенствено не е антрополошки коректно, (во најмала рака), а да не правиме муабет колку е дискриминирачки според сите останати параметри. Затоа решив дека ова не ми е атрактивно дури ниту за истражување или шeга. Last but, not least - Оние кои одбираат ваков lifestylе, треба да знаат дека постојат големи разлики меѓу теорија и пракса, и дека не е односот токму онаков каков што се претставува на социјалните мрежи и канали. Така да ако сте веќе решени на ваков чекор најдобро би било претходно да направите искрен разговор со луѓето кои се долги години во овој бизнис и да ги ислушате нивните искуства, па ако ви е тоа прифатливо - go for it.
Погоре пишуваш како да не се прави класификација, а сите што имаат различно мислење од твоето ги сместуваш во категорија прости и недоделкани. На кој му е убаво, нека си тера, мене лично не ми е нормално. Мене ми е чудно и ќе ми биде кога ќе видам девојки од 20-30 години со цел живот пред нив, со некој 60 годишен и нагоре. Од толку многу случаи, сите да биле привлечени - не би рекла.