Surviviorship bias e кога носиме одлука врз основа на предходни успеси, игнорирајќи ги предходните неуспеси. Не сум многу по логиката и филозофијата, примерите се од интернет. На пример кога викаме: денешната музика е срање, порано имало вистинска музика, ние имаме surviviorship bias бидејќи се концентрираме на музиката од минатото која ја памтиме, никој не се сеќава на лошите и мех песните од миматото, да отвориме билборд листа од некој ден во 1967, скоро никоја песна нема да знаеме. Друг пример е со грчкиот антички филозоф Диагорас. Пробувале да го убедат дека постојат боговите, покажувајќи му слики од луѓето кои боговите ги спасиле од страшни бури, благодарејќи на нивните молитви. Тој им одговорил ,,Да, но каде се сликите од сите оние кои не преживеале?". Абрахам Валд, кој работел во војската во втората светска војна, има свој пример. Ако сакаме да го подобриме оклопот на воените авиони, најверојатно ќе ги гледаме сите авиони што се вратиле за да заклучиме каде се највеќе погодувани, па таму ќе го засилиме оклопот. Ова е грешно бидејќи не ги зимаме во предвид сите авиони што ги кутнале и што можеби биле удрени на други места. Најчести примери што јас ги имам среќавано се од типот: -Пф како порано децата ги хранеле со се и сешто, јаделе кал, ги лекувале со тревки, живееле со стока, не се вакцинирале, оделе боси цело време па пак живееле долго. (а порано во секоја куќа имало по некое дете што умрело од глад/лечлива болест) - Братучедката на другарка ми се омажи на 16 години и заврши три факултета и си основа успешна фирма покрај тоа што роди четири деца, така да не го абортирај бебето, иако не сакаш да бидеш мајка и сопруга. ( Повеќето што се омажиле мали се или разведени или си имаат најнормален брак.) Колку често го среќавате овој bias? (Не знам соодветен македонски збор, некој што има познавања за ова што не се од интернет може да ме надополни.) Едит: Surviviorship bias во врска со станувањето познат.
@Joi навистина одлична тема Од психолошки аспект, би рекла дека survivorship bias е само вид на селективна пристрасност (што инаку е вообичаена когнитивна карактеристика кај човековата психологија), која претставува когнитивна грешка која негативно влијае врз принципот за реалноста,а со самото тоа, ги нарушува перцепциите и одлуките. Имено, според овој вид на пристрасност, сметам дека поединецот игнорира или на некој начин станува несвесен за статистичката веројатност за настанување на неуспехот, што овозможува да се согледува само делумна или некомплетна слика. Скоро како да се сака да создаде одредена (перфектна) верзија на реалноста каде не постои можност за потфрлување, што секако не е остварливо во пракса, а креира чувство на претерани оптимистички верувања. Меѓутоа, доколку некој поединец со ваква пристрасност се соочи со неуспех, во тој случај, психолошки, кај него ќе настане реалистички шок каде неговите верувања и убедувања се кршат, и се нарушува перфектната илузија која тој ја создал и во која тој живеел целото време - и станува свесен за статистичка не/веројатноста на околности кои секојдневно се случуваат околу него, а притоа некои од нив зависат или не зависат целосно од него, туку од други одделни фактори.
Оној со кој јас најчесто се среќавам е аргументот против еволуција. Како е можно толку перфектни да сме биле ако сме случајно настанати. Во случајов ние сме преживеаните во survivorship bias-от, а сите оние мутирани братучеди што изумреле се наполно игнорирани. Друг пример од ова што ме иритира е кога луѓето ќе кажат нешто од типот ,,ја сонував наставничката од трето одделение и баш денес ја сретнав по пат, нема шанси да е случајно". Не, Бритни, случајно е, само што ги игнорираш сите други пати кога си сонувала бог ти знае што и не си се стретнала после со истото. Или уште една слична конверзација што ја имав со соученички и тоа неколкупати (don't ask). Беа убедени дека ако мајката украла нешто додека била бремена, детето ќе имало белег на задник. И сега, девојчево имало белег на задникот и кога ја прашало мајката, таа се сетила дека влегла во некој двор и скинала слива додека била бремена. Не успеав да ги убедам дека постојат луѓе со белези чии мајки не украле ништо, и луѓе чии мајки украле нешто а немаат белези. Ама тие не се битни нели, тој еден (1) случај кога се погодило да се поклопува е она на што се фокусираме. Јас ова претходно си го викав феномен на добитни ливчиња (не знам зошто, веројатно го имам сретнато така некогаш). Исто е како секое извлекување на лото да губиш со години, а притоа мудро си молчиш и мижеш со очи. Кога ќе се случи еднаш да добиеш одиш наоколу кажувајќи колку е ненормално што си добил на лото при тоооолкава неверојатност, притоа, секако, игнорирајќи ги недобитните ливчиња.