Дајте кажете каде да се гледа онлајн, втора смена сум на работа ништо немам видено се само кратки видеа гледам по инстаграм
Вчера почнав и јас да гледам и уште не ми е јасно зошто и како Алекса го имаат изберено за во групата? Немам ништо против дечкото дури го бев и заборавила, ама да не се лажеме не е за таму. Физички е далеку од спремен, најбавен е во борбите и реално можеле да најдат друг поспремен дечко за во групата. Лука од друга страна ми е полн погодок. Физички спремен, силна воља, борбен дух, тимски играч, баш ги има сите квалитети кои се потребни за таму. Од синиот тим уште не успеав да ги запамтам сите како се викаат ама засега изгледаат како ептен добра еќипа. Па и така се покажаа. Водителот на моменти ме нервира, на моменти ептен му го сакам сарказмот. Знае малку да биде груб на зборови ама на крај на ден тоа му е работа. Мислам дека си најдов нова опсесија.
Почнав и јас да ја гледам оваа сезона. Прв впечаток уште не ме ептен завлече. Игрите како и во претходната сезона се игри како за деца во градинка, барем некои од нив. Има некои интересни играчи но уште е рано да се направи проценка оти сите изгледаат слично уште. Иако се гледа отприлика кој е физички спремен а кој не е. Искрено се надевам дека ќе бидат малце повеќе креативни игрите во наредните епизоди. И да нема толку повредени кои ќе седат како пасивни гледачи на племенскиот состанок.
Некако ми се чини дека плавиве (со чест на исклучоци) се многу злобни и дека ги гледаат црвените како крвни непријатели, отколку како спортски противници. Едноставно на поединци таква злоба ѝм се гледа во очите. Црвените ми се далеку подобри ликови. Кога би ги споиле заедно се прашувам како би функционирале без очи да ископат.
Мене Ана ми е сосем ок, Наташа повеќе не ја бидува кога има игра ми се чини во секој момент ќе се прекрши на пола. Како може сите за еден да гласаат сигурно претходно се договараат, само плавите мислам не се договараат досега различно гласаа доста.