Почнаа и црвените да се јадат Се на сѐ, од двата тима може да се одвојат само 3-4 океј ликови, другиве крш.
Од плавите Енеа и Нора. Филип исто делува ок, смирен онака барем во досегашните изданија шо ги имам видено. Од црвените Бојан и Лука (иако за Лука паднаа доста полемики, едноставно знам дека она неговото ранливо го прикрива и само навидум делува агресивен а уствари не е). И Алекса беше карактерно океј. Имам и такви кои ми се во дилема уште-Марко, Давид, Марија. Околу новите немам сѐ уште став. Останатите, кој досаден и неинтересен, кој злобен и подмолен. Да напоменам, ова е мислење формирано од досегашните нивни изданија и не мора да значи дека така до крај ќе биде.
Се гледа дека нема договори пред гласање меѓусебно. Добра на пололигон ама за племето и меѓу нив во комуникација ми е лоша Марина. Сакам Ана да победи да се врати кај црвените и да им покаже каква е
За жал не победи. Највеќе сакам кога се плавите на племенски бидејќи неизвесно е до самиот крај кој за кој ќе гласа. А црвените се гледа дека се договараат меѓусебно.
Мислам дека нешто давале на нова хр па мораа и овие да не даваат, нели паралелно да е во двете држави
Луѓе ако може некој да сподели линк каде може да се гледа, на страните каде што гледав до сега отстранети се епизодите поради авторски права..
Воџата испадна секако и не го биваше, не се сеќавам кога последен пат е победил во некоја игра. Овие плавиве опасни и сурови испаднаа.
Плавиве газад во игриве за имунитет и за награда.Црвениве се изедоја едни со други се ослабнаа до максимум.
Овој Лазар која невидена трачара е. Права комшивка што подбуцнува па си гледа сеир и се смее. Убаво му е на душичката
Одвратен е Лазар тој треба да испадне секако и во игрите не е нешто многу добар. Бев за црвените, ама некако веќе не ги сакам скоро сите се одвратни таму Лазар онаа Наташа па и Марија тие треба аут да одат.
Вечер ќе биде гласање за уште еден на племенски па борба за кој ќе остане така? И јас првично бев за црвените ама излегоа многу полоши од плавите. Би сакала Лазар да е следен номиниран малку да го спуштат
Да така ќе биде вечер. Не знам за кој ќе гласаат вечер, поделени се сега. Онаа група со Лазар можеби пак за Калу ќе гласаат, а другите не знам. Порано не ги сакав плавите ради Амер тој само наредуваше нешто, се правеше главен а никаков поен не донасаше за плавите, а сега појаки ми се гледаат без него.