А сите викаме Митар вака Митар така, ама Митар испадна дека им е најпаметен во племето. Од почеток јадеше трици за да си направи име во племето и сега откако више знае дека никој нема да го гласа зошто има почит, си се заќуте и ги остава другите да се караат а тој си ќути. Моментално црвениве се хаос, секој со секого е раскаран.
Жал ми е за Ивана ама барем излезе со чист образ и крената глава без да игра валкани игри. Баш ме интересира кога ќе ја исфлат и Варја а како ќе се покажат на полигон а и како ќе се однесуваат меѓусебно.Веќе им пукна тиквата тешко дека ќе средат меѓусебни односи како тргнала работава ќе се парчат како хиени едни со други.
За Ивана ми е жал ама за Варја више не ми е. Од почетокот ми беше кога им носеше стално поени и единствена беше со 100% успешност ама сега више не. Кога и да игра им е сигурен поен на плавите а само да си ја смилуваат и тоа не може. Сурвајвор е, не треба да е физички спремна ама барем нека прави тактики, а таа ем губи ем после плаче демек таа сакала не можела а сите ја исмејувале.
Се гледаше дека Ивана сака да си оди дома, доста и беше.. Сфати дека дошла во реално шоу каде треба драми да се прават, а не да се преживува..
Урош разочара малку со тезата дека му било сеедно кој ќе остане кој ќе испадне и дека поважна му била играта за награда отколку дуелот. Од сите очекував, ама од Урош вака да е дигнат чудно.
Небитно му е, слаби играчи и Варја и Ивана за што да размислува нема потреба само немораше гласно да го каже тоа глупо е.
Како што кажав, Митар од почеток јадеше трици за да си направи име во племето и сите да го засакаат. Успеа во тоа и сега си ќути ги остава другите да се расправаат, не се замешува и знае дека никој нема да го гласа. Воја, Тијана и Весна особено како да се полудени по него.
Овие тројца што ги наброја не можам да ги гледам Воја посебно на Лука ме потсеќа од претходната сезона.