Таа па алапачата… и префрла на Ненси зашто гласала за неа. Прво најлоша убедливо е на полигонине Матеа, плус уста не затвара и се она знае, никаква ми е.
Брука, кај се помалку луѓе, уште и им дозволија Михаела да ја исклучат од игра. Многу нечесно победија, тоа не е фер.. Дорјан два или три пати трчаше, Алекс исто, ептен гадинки испаднаа црвените.. И не, ова не е тактика, ова е нечесно.
Ама и плавите можеа да си одберат некој да не игра ама тие одбраа пикник. Таа епизода кај што бираа беше средата и никој не гледаше сурвајвор, нормално сите следевме изборите и затоа не ни е јасно што се случувало.
Зашто гадинки, зашто победиле? Глупости. Па тоа беше предност што ја освоија кога добија писма, плавите избраа пикник. Ако плавиве избраа да можат да изберат еден да не игра, ќе беа гадинки? Фер и заслужено победија. Нормално дека ќе ја искористат наградата која им трае уште неделава. И нормално дека Михаела ќе изберат да на игра, сметаат дека е најака.
https://www.instagram.com/reel/C6YvOhLouou/?igsh=MTNyOGRybTB3MTF0MQ== Пак нешто ќе е со писма или јавување од дома.
Многу се ослабени плавите, само Михаела и Алекс носат поени, другите како да спијат на полигони.. Како да немаат мотивација за да играат.
А Нинке ти за плавите си, ја мислам Огњен пак.. иако е добар на полигон, ама после она некако се накај него се навртени. Али се надевам дека ќе изненадат и Митар ќе го изгласаат, пошо е никаков.
Тоа му беше игра, да го сожалат. Демек јас сум жртва, не барам многу, скромен сум и не сакам да одам до крајот. Ама црвените изгледа го сетија и фино лепо ако сакаш дома и ќе си одиш дома.
Понеделник изгледа ќе биде обидинувањето. Не очекував дека Митар ќе го гласаат но изгледа го прочитаа а Весна изгледа поради повреда ќе го напушти survivor.Така што 7 наспрема 7 ќе влезат во обединување. Синиве без Матеа победуваат
Лани и оломнани беа 7+6, а пак лани обединувањето беше на 8 мај значи можно е вечерва и Мартина и Весна да испаднат. Плавите сигурно толку не би се потресе дека Весна ќе си оди.
Уште не е почнато кај нас ама на Хрватите им почна. Во една група кажаа дека Мартина и Весна си одат дома поради повредата вчера.