Јас сум секогаш за послабите, оваа година малку покасно почнав да гледам, и првата епизода што јас ја гледав изгубија плавите и викам јас за овие ќе бидам.. После тоа мислам победија три пати, и јас си помислив овие не се слаби ич, ама останав да бидам за нив.
Митар испадна вчера, сега се 6:6 плавите во однос на црвените по број на играчи. Мислам дека од плавите ќе испаѓаат по овој редослед: Алекс, Ненси, Матеа, Дорјан, а Лука и Михаела ќе дојдат до сам крај, а од црвените Огнен, Анџела, Катарина, Тијана, а Воја и Стефан ќе одат до крај и мислам дека победникот ќе биде меѓу Михаела, Стефан, Лука и Воја, некој од нив.
Јас стварно се надевам дека Стефан ќе победи, ама без личен имунитет за жал ништо не прави. Мора после секој изгубен племенски имунитет да освои личен имунитет.
Како поминува време, се повеќе ќе им боде очи и ќе сакаат да го тргнат врз основа на тоа што покасно дошол, а реалноста е дека се плашат од него дека ќе победи.. Мене Михаела ми е фаворит, па ќе видиме..
Тој веќе од пред две недели ако не и порано на Митар почна да му боде очи и да ги убедува другите да гласаат за Стефан.
Ја не знам човече се навртеле на Алекс… упорно го гласаат, односите биле важни, па не е задруга ова, Survivor се полигоните. Митар некако ко да попушти ми изгледаше.
Алекс им носи повеќе бодови од Матеа на плавите.. Исто како што Огнен им е сигурен бод на црвените, скоро сите други кај црвените играат во зависност од расположение, освен Огнен и Стефан.. Ај Огнен сам се заеба, ама Алекс е глупо да го гласаат затоа што не се дружел со никого плус бил нов.
Исто како што правеа црвениве со Митар, тој бодови носеше исто колку и Матеа кај плавите и искрено им беше само терет, на полигон не им помагаше, а наградите им ги трошеше на некој начин за џабе. Зошто ја трошиш наградата кога за возврат не носиш поени за да освоиш поен на другата игра. Ама ете ќути црвените се освестија, уште плавите да го направат тоа ама некако не им оди.
Од вечерва па натака нема да има веќе двобојни дуели. Од вечерва тие кои ќе изгубат за племенски, номинираат еден човек, а тој што има личен имунитет ќе го номонира вториот, тие двајца уште веднаш одат на дуел од кој еден се враќа, еден оди во поротата. Со тоа, бројот на исфрлени во една недела ќе се зголеми од еден, на два и така ќе се убрза процесот до финале.