Најверојатно нема, лани и оломлани имаше неколку страници ама ги открија и ги банираа зошто продукцијата си ги има задржано сите права. Можда допрва ќе се најде најде некој сајт ама нема да трае долго.
Тајниот имунитет повторно во игра ќе биде интересно. Варја не е никако најслаба алка кај црвените според мене тоа е Митар но ете ја изгласаа но Варја се враќа со таен имунитет. Како за почеток оваа сезона ми остави позитивен впечаток ми го задржува вниманието во секој случај.
Ивана е најслабата алка во црвените, нема донесно ниту еден бод за црвените од почетокот, а кај плавите Меги и таа до сега нема донесено ниту еден поен. За сега фаворити и некако најпозитивни ми се Катарина и Марко, а најмногу ме нервира Ивана. Кај плавите сите ме нервираат и ми изгледаат проклето освен Дамјан, Михаела и македонецон.
Катерина и Воислав ми се фаворити од црвеното племе македоноцеот ми е ок и Матеа бунтовна некако и симпатична ми е но останатите некако досадни и мене ми се сините.
Уште не ги знам по име сите, тук таму по некој. Сега засега првиве две епизоди ми беа ок, ми се допаѓа тоа што долго траат, таман да заседнеш и се изнагледаш. Варја ми два вајб на добра душа, штета што ја потценуваат ради тежината. Се надевам ќе ги игра како прошлата сезона Надја. Плавите ми делуваа појаки на почеток, ама сменив мислење. Боки и неговите коментари, цар!
Сезонава за сега хит, ланската беше разочарување. Сезонава дава вајб на тие пред 2012. Има повеќе предизвици (се надевам повеќе инвидуални ќе има) и тој првиот предизвик што им беше со огнот а и ова со тајниот имунитет стварно потсеќа на стариот оргинален сурвајвор.
Не го разбрав тој дел, зошто му кажа на Митар и зошто толкава доверба во него. Дали Варја знаеше дека Митар ќе прекаже?
Па тоа и јас се прашувам дали намерно му кажа дека знаеше дека ќе прекаже па со тоа ќе избегне да ја гласаат или наивна беше му веруваше.
Ако и е тактика, одлично, ако му кажала во доверба и овој ја раскажа, што знам, наивно. Оваа година морам да признаам дека натпреварувачиве ми се многу послаби во однос на други години. Ни мажи ни жени ми се нешто вау, браво. Лани бре онај Денис и тој другиот беа ко лавови, Невена исто, имаше мн појаки од овие сега. Ајде може само е рано, има дана за мегдана. Или пак оваа година ќе гледаме сплетки на максимум
Мене сезонава ми се чини ко најдобра, и продукцијата е добра, и добро е смислена па и такмичариве ми се свиѓаат (особено црвениве) ланската сезона беше копија на 2022, ништо ново не се случи.
Сега читам по фб групине, најверојатно е тактика. Вака кога сите знаат нема да ја гласаат и ќе си го чува тотемот за кога ќе е баш ризично.
На почетокот преѓе, не знам колку добро разбрав но Митар пробува да направи некоја тактика за црвените да одат на совет и да го исфрлат него поради повредата. Сите изгледаат како со сила да прават. Вчера, завчера и претходно Варја и повеќето беа како куршум, а денес едвај ползаат по стазата. Сега тоа се прашувам, дали всушност ова е тактика на црвените да изгубат и да го изгласаат Митар?
Иако епизодите во четврток се делат на два за да има што да се дава во петок, вечерва изгледа ќе ја дадат и играта за личен имунитет.