Малце глупо е што црвениве го поддржуваат потезот од Митар. Убаво рече Боки, доброволно си ги зголемија шансите нивен да испадне.
И Варја разочарување, покажува себичност. Додека го немаше тајниот имунитет се бореше за племето сега мисли дека е неприкосновена. Митар вообичаено слаб. Весна и Катарина без снага, Воја и Тијана немаа среќа. Единствена светла точка Урош, ем се бори ем победува, другите ни едното ни второто.
Расположението во племево ми изгледа исто ко четвртокот, ко со сила, ко сите да си се борат за себе а не за племето и сите чекаат на другите. Ќути сега барем Ивана победи и тргна а Катија и Јакоб ќе си се тешат двајцата.
Вистина е рано да се мисли за победникот во јуни ама победничкиот дух 2022 се гледаше и во Стефан и во Милица уште првата недела. Така годинава ми личи Урош ама и нему како и на Бојан и Марко кој беа одлични на терен им го најдоа крајот и ги исфрлија за на нивно место да победи пет пати послабо спремна жена.
Ептен ќејф ми се напрае ко изгубија црвениве. Ко гласаат ко без глава, онда нека губат сега.. Плавиве искинаа на терен, се надевам и вечерва ќе биде исто. У глобала секогаш сум за црвените, боље ми лежат некако, ама играчиве им се ептен слаби.