Јас не знам како не им е интересно на учеснициве да си направат куќа,кревети,маса,клупи...па да ловат риба итн итн... Толку ли не знаат да "преживуваат" Ова некако нема врска со насловот на ова шоу. Сѐ се сведува на игрите и на интригите на учесниците,некако не е баш...
Мене па поубаво ми е кога се сите сити и имаат каде да спијат, некако ептен ми е грдо да ги гледам гладни и ненаспани да се натпреваруваат.. Им даваат храна така?
Во четврток е скратено емитувањето па продолжува во петок.Така што во петок ќе се игра за личен имунитет и гласање дуел и испаѓање.
Имаат! Ко прво имаат алати,а ко второ имаат природни материјали и ресурси во изобилство. Само изгледа се сите мамини мази и не знаат да "преживеат" сами
Па да,ама името е "преживеан" ,што значи борба со соиграчите но и борба со природата да "преживееш". Кога би биле малку поактивни не би биле гладни и ненаспани.
Не знам можеби имаат ако освоиле во некоја игра, а да сечат не смеат. Стефан од 2022 во едно интервју кажа дека кокосот смеат да го јадат само ако веќе бил паднат, не смеат ништо да расипуваат од природата.
Посекако на наредно гласање ќе ја изгласаат за да си оди, нема да остане уште мн, некако на почетокот ми беше мила и ми се допадна како лик, ама денес кога намерно сакаше Митар да го намести иако знаеше дека нема шанси со повредата да победи во дуел, ми стана антипатична, не знам како се викаше дечкото што ја гласаше Ивана наместо Варја, и рече затоа што знам дека Ивана има повеќе шанси во дуел, ептен беше фер со Варја.. Некако не се тимски настроени црвените, кога знаат дека Варја и Митар се најслаби за дуел, намерно треба да гласаат од појаките сите за да го задржат цел тим.
Добро колкава е повредата на Митар што не учествува во игрите? Според она што го кажува не е сериозна повреда до кога ќе биде толериран. Инаку да годинава доста неспремни кандидати за жал.
Како и секоја година така и оваа се очекува да влезат нови членови кои ќе го освежат и направат посилно своето племе.Претпоставувам ќе ги освежат со нови членови кога двете племиња ќе имаат по 8 членови. Варја го искористи тајниот имунитет дали ќе ја задржат некој период или следна прилика повторно ќе биде гласана.