Дм го навлеков да глеа и он и искоментира баш синоќа дур глеавме дека имал добра фризура Иван. За мене, за секогаш и од секогаш, мужи со коса >>>>> мужи без.
А прекрасно, две грешки сум направила. Да се поправам: засекогаш; отсекогаш. Не мислел мозокот ко што треба во 3 саат сабајле очигледно. Денес племенски. Стижу кокицеее!
Мужи без муда ли, ја дека конкретно сакам да си прашам, ова човечево не го разбирам Уф ептен сакам мажи со косишта, ама вака убави, бујни, одма сакам две-три плетенки да им сплетам Пс. Стално спомнувате пуканки, не ми текна да си направам, ајде за вечер ќе биде жустро. Оф дали дали конечноооо ќе испаднеее онааа Никаа, не се поднесува, само во поголеми г***на зацапува, не ја м о ж а м.
Ако, плетете си вие плетенки, убо да си поминете, ја и дечко и на Софија да си се одјавиме од темава.
Ај може истата ви е симпатија. Ќе го прашам вечер. Уште не ги знае по име.... @Abel а ја па со цел памет, на почеток ми се свиѓаше Ника... А иначе сакам да кажам дека мужи со коса (значи не на 0 шишани, мажи со подолга коса, и општо со коса што може да се исчешла), ми се секогаш поубави и попривлечни наместо мажи со 'фризурка Идризово' (ја така си ги викам). Тоа сакав да кажам.
Се јавувам иако неповикана, мене од жениве Ида ми е значиии бомба! Ептен е згодна, мускулче целата, се гледа дека квалитетен вежбач е
Ауу да!! Вчера приметив. Ида од жутите згодница. Катарина од зелените ми е многу згодна исто. Е и поубава е од Ида да. Ама па Ида е позгодна. И тако то. Ме занима колку се високи жениве. Вака не изгледаат на високи. Освен Ника..Не знам која друга ми се издвојуваше за висина.
Е да, во фаца така најлични се можеби Анастасија и Катарина, барем за мене. А додуша и Ана и Сандра се така кјут
Ида ми личи убава и мила девојка, не знам што толку ја кртикуваа, па и онаа Матеа, ко некоја тетка, не диплела ќебиња, не била добра на полигони, ајме мени какви луѓе. Кај зелените таа неубава жичка ми ја има и Нина, кога ќе си врзе во крпче дека некој не ѝ се свиѓа, одма све против него (во случајов Ана), ама Срѓан не ја дава (рече пре би ја гласал неа и Сандра), така да ќе станува сѐ поинтересно
Еве две години ти се чудам како гледаш на хрт 1 кога единствени што го даваат се нова, нова с, нова бх и нова м. Изгледа гледаш на нова с и тука до сега беше милионер.
На Телекабел сум јас, и кога менуваш програми пишува HRT1, а логото на телевизијата е со n, и мене ми е чудно.