Хелоу Срвајвр пратиоци. Јас не пропуштам епизода. Чесен збор, ќе пукам пуканки за сите нас, само гледајте и не заспивајте.
И најголем булшит да е некоја сезона (бе може да биде затоа што франшизата сурвајвор е masterpiece), ја до крај ја гледам. Сметам дека нема лош сурвајвор, сум гледал и американски и австралиски и српски и бугарски и чехословачки, досега на булшит не сум налетал.
И јас се придружувам на екипава До доцна траат епизодите? Досега не сум пратела редовно, освен една сезона баш со оваа плавава погоре на гифот, ама и тогаш кога како ми текнеше гледав.
Имам големи очекувања од сезонава, се надевам, па и сигурен сум дека нема да ме разочара. Ајдее уште малку
Ајде збор два од мене. Убав почеток, карактеристичен за сите претходни сезони, натпреварувачите дебели, крути, слаби на полигони, ама за некоја епизода ќе се среди и тоа, мешињата ќе им спласнат, ќе се навикнат на полигоните и ќе играат поборбено оти ќе сфатат дека тоа им е единствен начин да освојат храна. Нешто што не е баш карактеристично за претходните сезони е тоа што одма паднаа маските што и ми се свиѓа да бидам искрен. Поарно уште веднаш да си ги отскријат лицата него ли како лани, оломнани и пред оломнани на 15-20 епизода да сфатиме дека не се јагнињата како што се претставуваат туку волците. Кај зелените добар впечаток ми оставија Иван, Срѓан, Матија, Ана и Анастасја, Миланка уште ја немам убаво проценето ама ми личи на проблематична као што беше Сања (мислам така се викаше) од пред две години. Катарина ми е многу ќутлива, брзо ќе ја пуштат по вода. За Милош нема што да коментирам, свему судечи идол му е Митар. Ја вака, ја така, ти вака тој онака, многу е очигледно што пробува да направи, а тоа да си се самокруниса за лидер на племето. Жолтите уште ни по име не ги запамтив сите, многу е грдо што на нова с ги даваат само 5% од целата епизода. Таму имам осеќај дека Јелена брзо ќе лета, ме потсеќа на Марина од 2023 и Варја од лани. Нема ни сила, ни брзина, ни кондиција, ниту па поен им донесе. Кај жолтите мислење успеав да створат само за Луциано, некако пробува самава продукција да го наметне, најверојатно ќе тера доста далеку па тоа ќе да е причината зошто олку го даваат. Од тие 5% што ги спомнав од жолтите, 4% се со Луциано во кадар. Не знам, ајде здравје ќе видиме. Општи први впечатоци, ми се свиѓа сезонава.
Вчера толку ми се спиеше што по име никого не запомнив ама од жолтите некако посебни позитивни вибрации осетив. Убав старт во секој случај ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатака.
И јас гледав ама не догледав. Единствено оној Луциано ми остави така некој впечаток како кул позитивен лик, зборлест доста, ќе видиме понатаму како ќе биде Искрено, не ми беше нешто интересно како за старт, не знам зошто.
Би требало овде да можеш, ги имаш сите 4 канали бирај, нова с и нова м со од 21:30, нова тв од 22:15 и нова бх од 22:30 ама вчера на нова с многу реклами даваа што сите три други ако започнаа после нас завршија може со 15 минути порано https://www.tvbalkanuzivo.com/
Денес во 15:00 на Нова С има реприза од вчера. Мене Ники ми е некако интересен. Миланка не можам да ја поднесам. НИКАКО. Спојлер циганка vibes.