Леле го имаше тоа мислам дали на јутјуб или некаде го гледав, кога се пружил да земе нечие лонче и сите му викале "нее тоа е мое тоа е мое", и он им рекол абе ако е секаде подеднакво, тогаш зошто е битно чие е јадењето. Мислам дека има право Вукашин, иако МилЉанка се испо***ра со тоа како она толку златна фина посветена старамајка жена краљица со сите се сака и има длабоки муабети, ама ете со него не успеала. Веројатно човекот е зрел и интровертен и нема теми со неа, самиот си кажа, нема за што да зборуваат освен површни мубаети. А и заради количината Миланка веројатно не дава никој друг да готви и да дели храна, и мислам дека е време да се распределат обврските на сите, така секој да има шанса да сработи нешто, зашти вака е апла проѕирно дека МиЉанка не дозволува а после се жали дека никој ништо не работел. Доволен број луѓе се, секој е способен да свари ориз и вода еднаш во неделата за да престане оваа да збори дека ги "храни", невидена срамота. Не знам дали знае дека се снима. Пс. Гласовите не ги разбрав баш, мислам дека едниов клан не се договори баш како што треба врзано за Сандра, можеби ќе ја спасеа Анастасја.
За ова пред ПС, ептен се согласувам со тебе. Ама ептен. А за ова после, мислам дека немаше да ја спасат Анастасја независно од тоа како ќе се договореа. Јер дадоа сцена (мислам во Survivor Plus), како Миљанка сама кажува дека ќе ја номинира или Кача или Анастасја. Ќе одлучела која од нив две. Секако не ја пиша никој на ливче.
Да, во право си, ми помина времето за редактирање. Ме мрзеше да правам математика, ама не беа 6:6 затоа што Сандра му забрани на Милош да гласа, така што не можеа да ја изгласаат неа. Вукашин е лабав зашто има таен имунитет така да безбеден е, Ана не знам што планира, да се бори или да ја пушти Анастасја, со тоа што ако она сериозно се повредила и нема да се враќа назад (не знам што точно се деси, кратко покажаа) значи Ана пак се спаси или наредниот племенски совет пак ќе имаат зелениве за кого да гласаат, па нема да биде толку интересно. И не разбирам како Катарина ја гласаа прошлиот пат пошто ваква онаква (добро памтам, она беше во дуел?) а сега одеднаш Ана. МиЉанка ја гласаше Анастасја затоа што се откри дека Срѓан со неа преговарал, а жениве алфа тоа не можат да си го дозволат, некој да биде побитен од нив за договор, па уште и од противничкиот клан.
Вукашин не е сигурен, треба да знае кога да го искористи, ако се осеќа загрозен може да го искористи, а ако го искористи а не биде номиниран, џабе го фрлил по вода.
Сигурен во смисла дека има таен имунитет, иако не го разбирам начинот на гласање. За мене логично е тајниот имунитет да се искористи после гласање, зашто ако "кланот", било кој од двата, има план А и план Б за гласање, кога би знаеле дека има таен имунитет пред гласањето, тогаш планот би се сменил и толку, вака во првата варијанта би било поинтересно. Иако верувам дека толку се шушбушка во племето што нема шанси да не дознае дека е загрозен доволно да има мнозинство гласови. Се изненадив што Срѓан гласаше за Ана, иако пред три дена кажа дека ќе ѝ даде уште една шанса, така да се виде и тој несвршен студент колку е чист. Тежок карактер, тежок калкулатор.
хахаха, ете јааааа Кога боље ке размислам, можеби и подобро да остане малце подолго, да се посмееме на драмите што ги прави
Каков створ мајко мори мајчичке, леле колку ме тригернува, се расправам со неа/со телевизорот кога ја гледам, моиве мислат сум пореметила не ја можам ич, Марко, Лиз, Ника и она ми се оние што ептен не можам да ги сварам. Сигурно намерно ги бирала продукцијава, да се нервираат луѓе
Епа пред да ги прочита гласовите, Боки прашува дали некој има таен имунитет. А за Срѓан и ја се изненадив, не очекував да ја гласа. Срѓан ми е вистински сурвајвор, и физички и психички го игра сурвајвор како што треба. Мислам дека ќе тера далеку па дури и дека ќе победи.
Срѓан е САМО за у Сурвајвор, од вакви мажи треба да се бегааааа со четири нозе, не со две, што подалеку. Баш читнав нешто денес, вечити студент, ни работа ни стаж ни струка ни професија, на триес години уште се ебава по студентски организации за гага патување до соседството и може понекоја дневница, леле м о р и м а ј к о. И да, Милош колку и да е таков брбљив, сепак има право, Срѓан нема комуникација со никого, нема никаков однос, или се дере или им се понаша, или се издигнува себе, особено жените, гледаат или да ќарат внимание од него и така што подолго да останат во игра или му се плашат. Комуникацијата му се сведува на карање на игри, коментари понекогаш неумесни, повишување тон и нудење заштита у размена за тастање Само за гледање е, и тоа со резерва.
Ирл нека си прави што си сака, за survivor е роден, тактичар и добар на полигони, што повеќе. Да не беше Срѓан ни една игра немаше да освојат зелениве, тој им ја прави тактиката. А за комуникација, ако нема Срѓан комуникација кој има? Од почеток си оформи свој круг на луѓе и сега гази, кој ќе му го препречи патот брзопотезно ќе го елиминира.
Не зезај, каква комуникација, или им наредува или се потскарува или им нуди дилови не чув нешто да си зборат друго. Инаку да, пишав, прав Сурвајвор играч е, ама само за таму.
ЕЈЈЈЈЈ!!!!! КРКФЛФКГРЃЕЛЊЧВЃФЛЕЛСЖВЃФЧДЃВЃДЖЦЃЃВФ АБЕ ОВИЕ ЗАЕДНО ЛИ СЕ? МНОГУ ГИ ШИПАВ ЛАНИ. А овој мајмунов завчера беше гостин во Survivor Plus и Даниелчето го праша дали е во врска рече НЕ! Знам дека е стар постот, али пак тоа ќе значи дека раскинале. А пред овој пост, има друг пост со цел реферат и последната реченица и е следнава: P.S. U oceanu malih ribica napokon sam uhvatila onu najvecu. Ја си го сфаќам ко да иделе. Вие како сакате. Еееееееее-бате!
Еве една статистика од минатата недела (ја украдов) Iva (9/14) 64% Lara (9/15)60% Goran (8/14) 57% Luciano (10/1 56% Matea (9/16) 56% Liz (8/1 44% Nika (8/1 44% Marko (7/20) 35% Ivan (6/17) 35% Noa (3/13) 23% Ida (2/9) 22% Значи кога Марко кења за полигони, треба да гласа и за себе можда Никако да дојде сам себи на ред Srdjan(15/21) i Uros (10/14) 71% Vukasin (9/13) 69% Ksenija i Milanka po (9/14) po 64% Anastasija (8/14) i Matija (12/21) po 57% Milos(9/20) 45% Katarina (8/1 44% Ana (6/14) 43% Nina (5/13) i Sandra (3/ po 38%
Ете победија зелените, а како тргнаа жолтите реков пресврт ќе направат. Урош и Матија не знам што мислеа, Матеа поубаво и посилно гаѓаше. Сандра многу, баш многу каснеше ама успеа да стаса и да направи пресврт. Анастасја не знам дали вистина си има мака или фолира, се надевам второво е, а спрема снимчето што го дадоаа убаво се гледаше дека ништо страшно не се деси. За следната епизода во трејлерчето што го дадоа Миланка ме изнасмеа, за Ана викаше нешто
Многу лошо падна Анастасја на колено, и башка стапалото лом и е.. Најверојатно Анастасја ќе си оди поради повреда, а од жолтите очекувам дека ќе ја изгласаат Лиз, додека пак Луцијано ќе ја номинира Ника..
Јас сум опседната со ова ср*** е, како дрога е, што ми требаше. Не можам да ви опишам колку сакам да се телепортираме до крајот, да најдам некој од учесниците да ми прераскаже што било Читав дека луѓе мислат дека Сандра намерно била спора, иако во последниве две-три игри е стварно лоша, тоа што доби некој поен е гзлачка среќа. Не ми се допаѓа ич, ниту како човек, ниту како играч. Исто така на ХР го имаше делот со договорите за гласање, и сепак Срѓан и Урош сакале да гласаат за Катарина, ама жеништава нели Ана ич не ја мирисаат и така по нивно се тера. Анастасја мислам дека не глумеше, се акна од тоа дрвото точно во зглобот и веројатно ептен натекло. Инаку одлична е во игри и мислам дека имаше шанси да победи во играта за опстојување. Не знам Миланка што уште збори за Ана, ја изгласаа и сега она како ќе биде расположена, така ќе игра, секако нема да не се бори само зашто МиЉанка има мислење И ЗА ТАА ОДЛУКА. За Горан ми падна и смешно и жал, само он да готви, стварно не знам зошто не се менуваат секој ден различни луѓе, и зелениве и жолтиве, ама ваљда така нема да имаат некои луѓе прилика да им ја јадат душата на другите зашто сметаат дека не измиле доволно шерпи и слично Кај жолтиве сега кој ќе биде изгласан, Иван вероватно, ако Ноа има право некому да забрани да гласа, а Луцијано нема да го даде имунитетот и овојпат, лошо им се пишува. Пак ќе ги гледаме Лиз и Ника, уште, уф заштоо.