Страшни сплетки ми изгледа дека се прават кај зеленкиве, Ана сериозно ми остава впечаток на тупа особа, прво имаме цело време плачење, а сега и секој муабет и е фала што ме трпите и слушате ИИИИ ИЗВИНЕТЕЕЕ што ве тормозам и дополнително на тоа како е мнооогу јака личност што не се откажува и граби напред проследено со солзи бла бла бла... Реакциите кога ќе победи и се леле мајко, урла, вришти, што дополнително сум како wtf? И на сето ова кога и го слушнав коментарот за ситуацијата кога се повреди Лара, нешто во стил како "маживе не треба толку силно да влечат", епаааа ај да не те гледам значи
Па кажа дека не го одбрале. Самиот се пожали дека требал да игра. Ама ваљда жолтите командаат, а не помаранџестите, Марко и Лиз матат манџи иако се најслаби. Пс. мислам дека Ана можно е сега да почне да мати со Срки, пошто знае дека он ја свиѓа, и ако за тоа ќе се живцираат Нина, Ксенија и Сандра, а поготово МиЉанка, јас навивам за Ана муаххасаххахахаха
Сега ја гледам репризата. Марко се распадна. Душа. Цел во солзи. Матија и Лиз како го тешеа. Ептен му е криво. Мене поише жал за Марко ми беше место за Лара. Кога ќе видам машко како плаче многу поише може да ме погоди. ОСОБЕНО ако е ваков лепотан како Марче. Ама мене ми е најјако шо мене он ми стана убав тек сеа пред некоја епизода. На почеток не ми беше нишо спец. Прогледав.
Вечерва интересна игра, се надевам Боки ќе тресе глупости ќе се смееме. Гледав инсерти ко играа фудбал 2022, се скинав од смеење, вика "Роко црни сине ќе немаме топка да го завршиме мечов", после вика "сите 6 мажи оперирани од фудбал" Ако има некој линкче каде може да се гледа цела епизода нека ми прати, ќе го частам
Лара се спаси од повреда Играва фала богу конечно малку поразлична, зелениве поединечно се послаби по сѐ се чини, или само не им се погоди ова со балансов.
Леле ја памтам епизодата со Роко и фудбалот беше хит, сега ќе ја барам Со Роко се беше смешки, и на играта лицитација исто лупаше глупости, и легендарното негово ‘Све знам, знам и ским и како ватрено’
Се сеќавам првата сезона Боки в крај ме смеел, па и другиве три. Мислам дека не можат да му најдат замена и дека е најдобар на позицијата.
Ксенија вежба ептен со тежини ја глеав на Инста, се насмеа плус коа ги кажуваше Боки правилата. Нема да ме изненади она да земе. Редакт: еј Срѓан, ама ми е мило. Се праи ку*наз Атанас. А Ксенџа ја фатија уроци. РЕДАКТ 2: АМА ЕПТЕН МИ Е МИЛО ШО ЗЕМА ВУЛЕ
И сега, има шанси да го гласаат Срки или пак ќе ѝ се фрлат на МиЉанка? Пак јас едвај чекам петок да видиме што ќе се дешава на Племенски
Јас Срки мислам. Али реално сакам и двајцата да искочат. МиЉанка се праи све она праи, ќе останеле гладни ако не била она. Ма немој. И Вуле сака да куха ама не дава циганката. Јер како после она да не каже кој колку ќе јаде од оризот. Од неа чоек не може на ред да дојде таму за ништо. Како бе? Ја не приметив.
Не знам колку ќе биде паметно Срѓан да се гласа јер он на борба не верувам да изгуби, особено не ако игра против Сандра, жената просто за ништо не е заинтересирана, слабо следи што е околу неа, некако ептен ми личи како "мртво пувало". Јас би сакала сепак на Нина да ѝ се "исече" главата, а со самото тоа и на Срѓан за понатака, бидејќи Нина е таа што влече конци и ствара повеќе поделеност отколку Срки. За Луцијано не верувам да попушти, освен ако можеби немаат план да го гласаат Марко или Ноа, па да ѝ дадат шанса на Лиз. Интересно е како до вчера Лиз и Матеа беа на страната на Марко и Ника, и одеднаш све се смени, не се веќе жолти и помарамџести. Колку се луѓето поткупливи а
Според мене, од кај жолтиве најреални потенцијални за летање ми се Ноа или Матеа, зелени - Сандра или Нина. Ако се случи да биде изгласан Срѓан лично од страна на Вукашин и ако после борба остане во племето, спремете се да гледаме појаки драмиии
Знам дека го свиџате Марко, ко божем да не се приметува (тотално сте beauty bias )ама жениии, Марко има ептен слаб скор, плус све нешто филозофирии тешки, драми лирски. Јас на Матеа би ѝ дала можеби уште една шанса, на Марко и Ноа не би баш.
Му се спремаат да го гласаат Срѓан ама он па нема лесно да се предаде така што мислам ќе го трпат уште некое време заедно со Ана. Мене па вчера досадна ми беше играта и не догледав до крај просто ми се заврти во глава сега читам кој освоил личен имунитет мило ми е за Вукашин.
Мене па тоа шо дрдори дрдрдр ме заинтересира кај него. Туго Софијо!! Пазете сеа дм вчера глеаше горе Лига Шампиони и се симна доле да види играва за имунитет и вика а мора ли така да држат? Пошо сите на ист начин држеа. И викам не знам, еѕе го ми објаснува со една рака како да држат за да им е полесно зема да ми демонстрира, преку еден прст да го умотале па вака па така. Викам ау дечко браво бе, спремен си за ваму ти. Мене ме ми ни текнуваат такви работи. Исто кога беше играта вчера ми вика дали мора тие шо ќе победат во првата рунда да се фрлат у вода или може некако да не се намократ пошо после ќе им се лизгало. Јао куку викам, од кај да знам бре човече. Не кажуваат такви работи.
За држењето прво држеа со две раце, па со една рака, па со една рака на една нога, како Супер Марио кога играш нели нивоата све потешки демек Ти значи го засвиџа дека зборува и ништо не кажува @dejanadejana777 Знаеме за Гоксо, не се секирај, си запишав, да не си крадеме симпатии Мене ми се сите симпа, реално. Како жена у години, не сум толку пребирлива хаххахах.
Спрема најавата Спојлер вечерва зелените губат изгледа, видовме Нина и Миланка ќе се раскараат. Ама и некој друг изгледа ќе се искара оти Боки рече "дур гледавме на една страна, експлозија се случи на сосема друга" Не искоментирав за вчерашната епизода ништо, ај да не останам покус сега ќе кажам збор два. Среќа Лара што се врати, многу ми е мило, единствена не толку наклонета кон било кој од двата клана, за сега е тивка и не прави непријатели од почеток, изгледа си се чува за после обединувањето. За сега тактиката и е супер нека си продолжи така. За личниот имунитет, кај зелените ми беше сосема сеедно кој ќе ја земе, ама Вукашин кој ја зеде малце се разочарав, одамна се надевам дека следен ќе биде на тапета ама никако да дојде до тоа, не ми згрешил ништо ама мислам дека не заслужува да тера далеку, дури пред еден племенски му се сскаа да го изгласаат ама како бидна не се сеќавам се спаси. Кај жолтите личниот имунитет е во многу опасни раце, целава ситуација ме потсеќа на Путин и црвеното копче. Сега Лиз хаос ќе прави и ќе си крои свои планови за племето. Иако од секогаш сум за српскиот тим, до лани за црвените од годинава за зелените, се надевам дека зелените ќе ги изгубат двете игри за имунитет и Лиз ќе остане да си се чади. Нека се порадува и почалами дур може овие два дена зошто огрлицата не е вечна, па од другата недела здравје и нејзината факела да си дочека да биде изгасена. Амин