И јас се чудев. Логично е да си идеш чим толку сакаш. Ама кога еднаш го прашаа демек дали ќе се бориш, он кажа јас секогаш во борба давам 200% од себе, така да , да. Оди сфати ги.
Мило ми е што заврши вака, на Ноа му беше време да си оди.. Си реков Сандра ако ми испадне не гледам веќе..
Маченце си е уште, иако луѓе ја искрено приметувам како Срки може комотно да пројде и како сериски убица, за кој комшиите би рекле "Добар беше дечкото, насмен, убав син на мајка апсолвент, поздравувше секогаш", а он лагано пола село може да сокапе, таква психо жичка ми носи во себе.
Ја мислам сакаше као да се казни ко шо рекоа, реално и мене би ми дошло така на негово место. Ептен се изнервира го немаа видено во такво светло и му искочило од уста и после готово, сите се закачиле цело племе гарант а сака да си иде сака и толку. Али он си е по шоу-а човекот, може ни праи интересно.
Се изнервира ко му попаѓаа, опцу до трето колено ама најверојатно му беше кукавички да се откаже па продолжи мислејќи дека ќе испадне ама ете имал среќа Ноа испадна.
И јас мислам така, не дека е он громада од карактер, едноставно увиде дека не може да се повлече, мада се виде колку е уствари трапав, имаше среќа што и Ноа е трапав, на елиминациската борба беа искрено пата пата, многу му се посреќи, се надевам свесен е за тоа. Туку наредна недела како ќе биде кај зелениве? Мора да освојат личен имунитет, мора. Пс. Ако не пишав веќе, еве уште еднаш да пишам, Сандра е многу добра во игри каде игра само и единствено за своја гузица. Многу антипатични луѓе собрале или одлични сценаристи имаат, знаат што е драма
Немогуче да се долови, ќе пробам накратко. Во елиминациска беа Ноа, Горан, Сандра и Ана, пак беше редење коцки игра и поминуваа низ некоја платформа што се ниша и ако не пазиш и не редиш право нагоре коцките, ти паѓаат, ама имаа временско ограничување, не губиш ако ти падне кулата од коцки, туку продолжуваш да редиш. За влакно изгуби Ноа и тоа дека истече времето и имаше една коцка помалце од Горан (јас да си кажам дека он и не беше толку лош, Марко и Лиз се правите за елиминација, ама ај), прва нареди шест коцки Сандра, па Ана, па во задњи час Горан, му беше на Ноа криво и мене ми беше малце жал, искрено. На племенски Сандра ја кажа својата ВИСТИНА (дал да плачам ил да се смеам), дека Вукашин ѝ понудил да прејде кај нив, па Вукашин кажа дека него му текнало да ѝ го каже тоа затоа што она му рекла дека не ги гледа Нина и Срки во соединувањето, па Нина кажа дека така се договориле они тројца да кажат, Сандра се бунеше дека за Срки не кажала (малце ѝ прпа да не ѝ го закрка ножот дур спие по мене ), никој не кажа дека Срки му нудеше на Матија ист договор, ваљда ги мрзеше да се објаснуваат или сценаристите не им даваат. Па се објаснуваа кој гласал за Нина битната, Срки го набедуваше Вуле, Вуле тврдеше дека он не гласал за Нина, Анастасја искочи најпрефригана, уште се збори за неа и нејзиниот глас, а дури Срки и Вуле се кладеа за тоа кој гласал за Нина (ако е Срки, он части, ако е Вуле он части). Урош кажа два збора кои не ги разбрав. Ксенија не знам што сака више, нешто пак ја изруга Ана дека имала стратегија (многу неуспешна пошто нон стоп ја гласаат и е на елиминациски борби), попаметно ќе ѝ биде да си најде некои гаќи поголеми, оние два конци што ги носи веќе стварно немаат смислам, сите имаме дунда и не е од злато, до толку ли и е важно све да ѝ се гледа, па нашла да збори за стратегијата на другите, за нејзината да чуевме малце. Миланка фала богу не се огласи, среќа. Тоа беше главната препирка, траеше подолго, ама не ми текнува што друго кажаа. И на крај светливе гласаа за Срки, темниве за Ана, Вукашин ја гласаше Сандра (грешка, по мене требаше Нина, бидејќи Нина е константно слаба, а Сандра не е слаба кога треба себе да се спасува). И тоа, дадоа две-три хинтчиња за во понеделник што ќе биде.
Да си жива и здрава Абел, Господ здравје среќа и све најубо, тоа што цела вечер се тупаев да го сфатам, ми го објасни во 2 минути.
Не си едини и Боки побара лист и пенкало да запише и него го збунија Инаку ми излезе на фб https://www.facebook.com/share/v/15BAscUU2V/?mibextid=xfxF2i Да се насмееме на рачун на Роко. Инаку да не забегувам од темава Ноа замина заслужено има и послаби карики но некако како Ное да се изгуби во играва наречена сурвивор.И Боки коментираше дека не е истиот Ноа кој дојде тука.Да видиме кој ќе биде следен/а ја типувам за Лиз. Од зелените бев за Вукашин ама и он испадна добар играч така да сњга за сега фавирит ми е Сандра од машките немам фаворит.
Зелениве лом ги прават жолтите, ако добро се сеќавам, последен што излезе од зелениве откако изгуби во дуел беше Алекса, а Алекса од кога е заминат. Анастасја не ја рачунаме, повредена беше. Сега се тројца разлика, во жолтиве уште 8 се останати. Баш вчера завчера се смеев, на фејсбук ми излезе пост вика од жолтове само Владо ќе остане
Еј стварно со колку члена ќе влезат жолтиве во обединувањето? Нели 8 треба да влезат ако не се лажам овие како тргнале стварно само Владо(водителот шо го сакаш ) или Горан . Значи со човеков се смеев со солзи.
Сега проверив, 2022 во обединување влегле 8 црвени и 7 плави, вкупно 15, моментално се 19 што значи обединувањето за еден месец отприлика.
Леле уште цел месец?? Абе јас работа имам, живот имам, не можам истава страст цело време да ја посветувам, ова ќе трае до лето божеее
Еве уште непочната епизодава, ја имате Миланка која си се самопрогласи за "најјача" карика Ќе се најде ли јунак мајкин да ја исфрлиииии
Срки ѝ вика на Ана "Нисмо ја и ти исто", она возвраќа "Да знам, ти си много бољи", овој не реагира, се согласува Каков лик исусе