Признавам, Срки е многу самобендисан и веројатно дојден е со мисла тука дека се што не е победа не чини, затоа мислам дека и ќе победи. А Ана многу ме нервира, едно две си се куди самата себе изгледа трик и е да ја демантираат и да и речат не, добра си ти.
Шо глумат бе овие, баш ме интересира што им се дешава во главите по 40 дена изолирани од светот, ова ќе да е резултатот.
Ана е во право овојпат дечки, не зезајте. Исто како што Срѓан гласаше за Ана зашто жентурачиве напињаат и не ја сакаат (а он сакаше да гласа за Катарина, ама Миланка се спротистави пошто као се добри они двете сега), исто така и Ана си го приспособи гласот кон својот клан и гласаше за него? Тоа што неговото его не може да го прифати тоа стварно не е проблем на Ана. И сто пати кажа дека нема веќе да ја штити, човече реален ли е, како ја штити кога трет пат е во елиминациска борба. Гадно човече ептен. Он може да праи сплетки, а другите не. Пс. Памтете што рече Сандра, она вака за племенските борби е тута мута, ама за личниот имунитет ќе се потруди прилично. Пс. Муфљуз тежок, едно правило не знае да поштуе, селендра еј како ме нервира. Има право Луци.
Иван му рече на Луци " Као да те гребала женска у кревету" ххахахахахаххаха, Срки и за гребење го бива Леле Луци преееесмешен е "Ја да сам сад мама, ја бих га грлија грлија грлија свакога дана"
Па Ана е сама на себе, не оформи некој свој круг луѓе кога стапи на островот, се ближи со Алекса ама тој втора трета недела си замина домче, сега најверојатно од сите најблиска е со Срѓан, ама таа нивна близина воопшто не би ја нарекол близина, што значи односите со Срѓан ако ги викаме близина, со останатите од племето ни едно здраво би немала. Како и да е, Ана самата си гази по себе, кога и нешто да ја праша Боки мора да спомне "му се извинувам на племето поради моите кукања", а еве и ова ти што го кажа "Да, знам ти си много бољи", па кога ќе речеш така што очекуваш? Сите да ти викаат не не, да те тешат? Епа не е така, сама ако се газиш и ако очекуваш на другите да им падне жал и да ти се смилуваат не тераш далеку.
Гледај, колку и да ме иритира Ана, има право да се предомисли, мислам дека она веќе не спомнува одење дома колку што тоа ѝ го спомнуваат другите. Што повеќе сакаат од неа, сакаат намерно да изгуби и да си оди? Мислам дека никој нема право тоа да го бара од некој друг. Колку и да е блиска со Срѓан, нема право онака да се понаша со неа, а на Вукашин и на Матија, па и на другите што гласаа за него ништо не им кажа, а неа ја напна до пукнувачка. И на сите им е јасно дека Срки не ја штити Ана, ниту па ја штител, никој не ја трпи и мнозинството ја гласа и збори против неа, така да, пак да кажам, тоа што Ана е уште во игра, мислам дека сама си го има избоксувано, нема потреба Срѓан за све да си зима заслуга. Не игра ни он фер, ама нема кој да му каже. И малце ми е криво што сепак не се води статистика, зашто тогаш би укапирале сите дека Срки и Вуле имаат сличен, ако не и ист скор, само Вукашин е почист играч, а Срѓан тоа не е. Ќе ѝ бара он на Ана да му аргументира, пази богати, ко да и е татко па да му се правда. Пс. Многу ме нервира, се надевам на соединување дека жолтиве ќе се спојат со светлозелените (ако остане некој) а и така тргнала работата, освен ако Горан нешто не смати некој договор со Урош, тоа некаде го прочитав
Колку пати имам кажано, Срѓан е најтактичкиот играч, го видовме тоа во многу наврати, што треба да очекуваме од него? Ана си е сама крива за се, сама си го направи тоа лице во племето, сите ја научија дека сака да си оди па удираат по неа што е и сосема фер и коректно, го користат тоа како причина, и до полуфинале да стигне ко ќе треба поротата да гласа, тие ќе гласаат за тој другиот да оди во финале и изговор ќе им биде "сакаше да си оди дома не е вистински сурвајвор играч". Не мораше толку да си искажува емоции на почеток, мислиш само нејзе и било тешко? Не, на сите им беше, ама ќутеа оти сами побарале да дојдат, никој не ги терал, таа кукаше ко со сила да ја киднапирале и довеле ваму. А и ти како го претставуваш Вукашин, некој што не гледа ќе рече овај цвеќе за мирисање е, ништо не е поразличен од Срѓан, само што Срѓан е два три нивоа по сурвајвор играч.
Вукашин се однесува нормално со сите, еве сега на Плус го гледам Срки што ѝ збореше на Миланка, дека се дружи со Катарина заради апартманот и што има она да збори со неа, и какви теми имаат они две, леле дај бе, каква тактика е, фатил ја испрашува, срамотилаци. Колку и да е Ана проблематична, Срѓан е прав токмак.
Леле и јас го фатив тој дел сега во емисијава кај што ја испрашува Миланка ко да е мало дете, што збореле па што имале заедничко па бла бла бла, сериозно? Се праи ненормален или стварно е? И не, не е прав сурвајвoр играч, дебил е значи, класичен
Не бе, нема шанси да сте сериозни. Се гледале воопшто сурвајвор до 2012, или амерички, австралиски, јужноафрички? Не ве сфаќам, што очекувате да се случува во survivor? Целата поента на survivor е да преживееш, а ако си се тргнеш на страна и си ќутиш не можеш тоа да го постигнеш. Не знам дали го знаете мотото на survivor, Outwit, Outplay, Outlast или ти надмудри, надиграј, надживеј.
Може и ти држи вода муабетот, не сум следела некои други, јас малку наивно така, акцентот го ставам на физичкиот дел од играва, заборавајќи на ова што го збориш ти. Али не ми иде бе гаден лик да освои, колку и да е комплетен ко што викаш. Инаку како ја бацна Сандра, нема да ме чуди оваа у наредни епизоди да му бацува нозе