https://balkanteka.net/survivor-srb...XaD6J1uimMy35O1scw_aem_a0WKlH-XkO1YDC1CQC8c-w Гледајте дур не ги тргнале, имаат навика после два три дена да ги тргнат.
@dejanadejana777 си ме цитирала нешто погоре ама нема текст. Напиши пак, не можам да видам. Иначе денес не гледав, се гледаше фудбал реал и атлетико мадрид во друштво. Утре ќе ја гледам репризата обавезно. Јас кога ги гледам игрите се осеќам ко јас да играм. И викам и се радувам и се нервирам...
Хаха, сум испостискала нешто. Се согласувам скроз за оваа Миланка, скроз ми е антипатична. Ќе видиме понатаму како ќе се покаже
Уште е рано мислам, веројатно ќе се уходаат, сериозно делуваат како да не знаат кој каде тера, а и од старт одма некои сплетки математики чуда. Жолтиве се ептен полабави, кул, засега
Ми се свиѓа новиов формат, конечно нешто се менува. Прво полигоните се далеку потешки од ланските, ако лани ти требаа минута до 2 за поен кај што имаше само трчање и прескокање и на пати пливање, тука сте двајца и ви требаат најмалку 3/4 минути па имаш тегнење дрва... А и ова прво што се игра за личен имунитет ми се свиѓа.
Јас гледам после повеќе години, не знам ни колку време помина, гледав вчера онака дур работев. Игрите што се многу на "снага", не ми се допаѓаат искрено, некако ми е дискриминирачки од старт, онаа плавата сирота од жолтите имаше желба да ги крева даскине, ама кога не иде не иде, треба да биде избалансирано, инаку тотално ми нема поента да се игра во тим, кога 80% од тимската работа треба да ја заврши маж. Разновидни игри треба, да се покаже и снаодливост, и знаење, и брзина, не само мускули. Ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму игрите.
Ќути, пркнаа. Aна мајка на три деца успеала да ги остави и да дојде. Ко што запазив мали и се. Е сеа колку мали не знам. И браво за одлуката. Ја не знам кога би имала деца дали би можела да ги оставам. Вика знам дека навечер плачат и ме бараат. Разбирам дека животот и желбите на една жена не завршуваат со тоа што ќе роди дете и ќе стане мајка ама ако се толку мали децата, некако не би. Повреда во Survivor ми е најлошо нешто. Можеш да си најдобар таму од сите ама ако се повредиш сериозно, се пропаѓа во вода.
Леле мене па од старт ми личи дека опасно игра на таа карта "децата ги оставила". Некако таков вајб осеќам, може грешам. Ама не ме бендисува, малце е силна, самосвесна жена, малце слаба, кревка жена, малце е мајка, малце е борец, ја доживувам како калкулатор. Ќе видиме како ќе се тркалаат работите.
Малку дава вајб на Милица од 2022 "Stefane sine voli te mama" ама за разлика од неа која тоа го кажуваше за да испадне голема пожртвувана мајка, Ана го кажува искрено и гледаме вистински емоции.
Син на мајка бе. Не гледав во 2022. Не знаев ни дека постои уште. Штета. Да знаев ќе гледав сигурно. Лани случајно го фатив коа барав шо да глеам на ТВ и се навлеков. Не го фатив ни од почеток. Ама толку сакав лани Михаела да победи и Стефан... А тоа Тијана и тој (го забораив како се вика). Друго ми беше муабетот. Дали јас би се нафатила на нејзино место? -Не. Кратко и јасно. А вие?
Да, како жена со четири деца која морала многу да патува и да си ги остава децата (иако веројатно далеку поголеми), тоа е дел од животот, нешто што релно се случува од разни причини. Искрен муабет, деца оставени со луѓе од доверба, не е воопшто страшно како што Ана прави да изгледа А да идем у џунгла бубачки и животинки, ноу тенкју.