Again Ана цмиздрење??? Не знам шо кажа зашо сум без звук ама аманннннннннн аманнннннн аманннннн од жалопојкиве нејзини
Моментално гледам од Срвајвр плусов, на крај кога играле за личен имунитет, нели од зелениве останаа Катарина и Срѓан. Епа Миланка кажала: Издржи! - кон Сандра. И подле овој мрсулов Срѓан на Миљанка и кажал као у стилот зашо ја бодриш неа против мене а јас и ти сме во ист тим, она не е со нас, противник ни е. У тој стил. И Миљанка му рекла па добро као човечки и кажав. Леле божеее Срѓанеее...
хахахахаах, леле вчера доцнев малце и кога уклучив баш на тој дел беше, си викам значи нееее е можно, пак лииии, хаххахаха Еј многу ми е криво дечки што изгубија жолтиве пак, значи ги утепаа. Верувам дека некои од племето кај нив не се ни потресуваат толку знаејќи дека се безбедни, ако може така да се рече, ама сериозно ги исцедија. Плус тоа им треба малце промена на другиве, да летне некој така, може и двајца одеднаш
Да да, првиот дел од Сурвајвор емисијата нели кога ги дваат племињата ден после, тоа го дадоа, за Срѓан не знам што да кажам, сакал објаснување аргументирано, него не го бодрела, ја праша зашто се дружи со Катарина ако нема никаква информација да му донесе, оваа му вика, па си правиме обичен муабет, не збориме за племиња и за гласања, овој упорно "Епа зашто тогаш се дружиш со неа", премногу е напорен, не знам со кое право може некому да брани да зборува со некој друг, на тема различна од неговото височество. И траеше таа препирка, се гледа дека никој не сака да му пререче, јас би го претворила во пустинска прашинка така да се понаша со мене. А Миланка му го спопика и му кажа дека и он неа не ѝ рекол дека Вукашин и Ана ќе ја гласаат неа, а знаел пошто Ана му кажала и така се обиде да го заќути (со право) , ама Срки не го интересира муабет за други луѓе, само ако за него се збори. Вака мислам дека нема д може многу да догура, особено не во соединувањето, каде што сите го мразат.
Глеј си пошто ме мрзи да прераскажувам таман вечер да можеш да се приклучиш и да продужиме кај што застанавме
Вчера и јас не гледав сега гледав реприза абе како почнаа да гласаат за Иван како демек друг нема да гласа сигурен е ќе го изгласаа добро што само двајца гласаа. Матеа и Марко во дуел од жолтите.
Пс. Јас сум на Тхоум и во моментов нема Нова, има технички проблеми. Се надевам до вечер ќе си средат.
Дали на другите оператори имате Нова тв? На Телеком, неколку часа веќе, стои известување дека поради технички причини каналот не е достапен.
И јас немам, преѓе реприза не можев да гледам. Нека не ве лажат, не е до техничките проблеми, до власта во Србија е што сака да ги замолчи луѓето што шират вистина. И во Србија ја тргнаа Нова од сите оператори, освен онлајн не постои друг начин да се гледа.
Де бре, една мочана емисија гледам на ова теве-во што го плаќам крвави пари секој месец, и сеа ни тоа не можам пу